Ефикасност на моето училиште засновано на човекови права
Living Democracy » Principals » УЧИЛИШТЕ ЗАСНОВАНО НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА » Ефикасност на моето училиште засновано на човекови праваСвесност
Секое дете има право на образование. Овој основен принцип беше развиен во Цел 4 од Агендата на ООН 2030. Она што секој наставник треба да го знае и разбира е дека образованието само по себе не е доволно: Учениците од сите возрасти имаат право на квалитетно образование и ефикасни пристапи на учење.
Така, главната цел за вашето училиште е да го гарантира токму ова: сите ученици мора да имаат можност да станат успешни ученици – на свое ниво на можни достигнувања, без оглед на родот. Образованието за сите како човеково право не може да се постигне без вас, како раководител на училиште, да се запрашате колку е ефикасно вашето училиште во својата систематска поддршка и колку се успешни вашите наставници во поддршката на индивидуалните ученици во нивната секојдневна практика во училницата.
Создавањето средина за учење што демонстрира и промовира широка дефиниција за квалитетот, мора да биде од централно значење за темата 2 – Ефикасноста на вашето училиште засновано на човекови права. Постојат многу можни критериуми за ефикасно учење. Во следните четири рубрики, предлагаме да се разгледаат четири важни аспекти на квалитетот: Квалитет во средината за учење, расположението и подготвеноста на учениците за учење, процесите и содржината на предавање-учење и резултатите.
Квалитетни средини за учење се:
- политики и практики кои забрануваат експлицитна или имплицитна дискриминација, малтретирање, понижување, насилство, телесно казнување и злоупотреба на супстанци,
- простории со адекватни училници, пристап до чиста вода и санитарни простории,
- услуги кои ја унапредуваат безбедноста, физичкото и психосоцијалното здравје.
Квалитетни ученици се:
- Здрави
- добро нахранети
- подготвени за учење
- поддржани од нивното семејство
- поддржани од нивната заедница
квалитетните процеси и содржини на предавање-учење:
- со компетенции засновани на животни вештини и ориентирани кон ученикот
- со пристапи кон образованието и примена на технологија направени да ги намалат разликите и да промовираат квалитетно учење,
- со релевантни наставни програми и адекватни материјали за писменост и бројчана писменост, и
- суштинското знаење како и вештини и компетенции за живот.
резултати за квалитет:
- дефинирани резултати од учење (знаење, ставови и вештини),
- соодветни начини за да тие да се оценат во училницата, училиштето и на национално ниво.
Подготовка
Кои чекори да се преземат?
- Направете тим за работа во текот на целиот процес. Со вашиот тим, почнете со заедничко дискутирање на целокупниот пристап и ревидирајте ја листата на 28 индикатори.
а. Одберете ги оние кои се важни за вашето училиште.
б. Додајте индикатори кои сметате дека недостасуваат.
в. Пополнете го формуларот со околу десет индикатори кои сметате дека се важни. Бидете сигурни да одберете некои каде што сте добри, а некои каде што ви требеа дополнителна работа. - Подгответе тимски план за дејствување и временска рамка за прво оценување, кое ќе биде стартна точка за понатамошен развој. Во оценувањето вклучете:
а. Ученици
б. наставници
в. други вработени
г. родители
д. училишен одбор
ѓ. членови на заедницата со кои можеби соработувате
е… - Развијте го планот за дејствување и временската рамка. Внимавајте тие да вклучуваат
а. училишниот профил по првото оценување.
б. чекори кои ќе ги преземете (во следните 6-12 месеци).
в. второ оценување за да се увиди напредувањето.
28 можни индикатори за вашето училиште да ја оцени вашата ефикасност
- Училиштето има јасна изјава за мисија и/или визија која е истакната и е соодветно објаснета на сите вработени, учениците, родителите и членовите на заедницата.
- Училиштето има, следи и спроведува политики против каква било форма на дискриминација што се однесува на запишувањето и наставата.
- Училиштето има, следи и спроведува политики против физичко казнување и каква било друга форма на насилство.
- Училиштето има, следи и спроведува политики за правилна санитација и хигиена за наставниците, вработените и учениците.
- Директорот на училиштето обезбедува стратешка насока и ефективно лидерство водено од пишан план за надзор.
- Училиштето се координира со локалните предучилишни центри за да обезбеди непречено продолжување на раниот детски развој.
- Постојат соодветни работни маси, столови и простории во училницата за да ги задоволат потребите и способностите на сите ученици.
- Училишните терени обезбедуваат доволно простор за учениците да играат безбедно и – ако е можно – креативно.
- Училишните згради и објекти се чисти, безбедни и редовно се одржуваат.
- Училниците се уредни и имаат соодветно осветлување, вентилација, греење и ладење.
- Достапни се соодветен број чисти и засебни женски и машки тоалети за употреба од девојчиња и момчиња, како и од женски и машки вработени во училиштето.
- Сите ученици имаат лесен пристап до чиста вода за пиење.
- Обезбеден е и одржуван соодветен систем за отстранување на отпад.
- Наставната програма и работата во училница ги поддржуваат потребите за учење на секој ученик на значаен и практичен начин. Ако не, се препорачуваат соодветни адаптации на наставната програма што е можно повеќе.
- Наставниците се подготвени и способни да се справат со контроверзни прашања (кои можат да произлезат од содржината на едукативни материјали, учебници и ресурси за учење) и подготвени да го поттикнат критичкото размислување и разбирање.
- Наставниците редовно подготвуваат планови за часови и соодветно ги ревидираат.
- Кога е потребно, наставниците ги поддржуваат учениците во изучувањето на службениот јазик (јазици) на настава, притоа почитувајќи го и поддржувајќи го учењето на мајчиниот јазик на децата – колку што е тоа можно.
- Наставниците добиваат соодветна обука за пристапите на учење насочени кон учениците за да се овозможи учениците да учествуваат активно во нивното учење, да се почитуваат индивидуалните разлики и се унапреди благосостојбата на учениците. Наставниците користат наставни методи кои одговараат на возраста, способностите и начинот на учење на секој ученик.
- Наставниците редовно ги оценуваат постигањата на своите ученици, користејќи различни видови оценување, со цел да обезбедат повратни информации и насоки за да им помогнат на учениците да се подобрат.
- Сите ученици се охрабруваат да работат заедно во флексибилни и хетерогени групи за да решаваат проблеми, да прават проекти и да ги постигнат своите цели за учење.
- Сите ученици се охрабруваат да ги изразат своите ставови и чувства преку уметноста (музика, цртање, драма, фотографија, итн.)
- Учењето во училница е флексибилно, динамично и активно и се случува во контекст на ред и стабилност.
- Секоја училница има „ученичко ќоше“ со материјали за дополнително учење и рекреација, како и изложена работа на учениците.
- Училиштето презема позитивни чекори за вреднување на наставникот, како што се овозможување на унапредувања – каде тоа е можно – и споделување на достигнувањата.
- Наставниците ги поддржуваат своите колеги споделувајќи ефикасни техники на настава и разменувајќи искуства.
- На наставниците им се дадени можности за професионален развој, како и иновации (на пр. преку учење засновано врз проекти или техники на само-рефлексија или рефлексија од врсниците).
- Наставниците имаат сопствена сала и/или просторија за работа.
- Заедницата е мобилизирана да ги поддржува наставниците и нивната настава.
Дејствување
Во вашиот тим, одберете 10 индикатори од списокот.
Одбрани индикатори за ефикасност | Статус на овој индикатор во моето училиште од 1 до 10 | Чекори кои треба да се преземат (собрани од страна на тимовите за дискусија) |
1. | ||
2. | ||
3. | ||
4. | ||
5. | ||
6. | ||
7. | ||
8. | ||
9. | ||
10. |
- Врз основа на списокот погоре, подгответе хендаут или флипчартови кои ќе се даваат на сите засегнати страни вклучени во процесот на оценување.
- Организирајте состаноци со различни засегнати страни (ученици, наставници, вработени, родители, членови на одбор, итн.) Последните можат да се сретнат во прилика на некој голем школски настан или закажани состаноци, според нивната достапност.
- Замолете ги да дискутираат за нивното оценување и нивните коментари.
- Дајте им задача да осмислат предлози за подобрување.
- Соберете ги сите коментари и предлози во вашиот тим.
- Направете јасен и остварлив главен план за следните 6 до 12 месеци.
- Пренесете го главниот план на сите вклучени главни играчи.
- Испланирајте го следниот период на оценување (Транспарентноста е на прво место!).