Контроверзни прашања и училишна култура – Безбедно е да се разговара?
Living Democracy » Principals » КОНТРОВЕРЗНИ ПРАШАЊА » Контроверзни прашања и училишна култура » Контроверзни прашања и училишна култура – Безбедно е да се разговара?Како директор на училиштето, ќе бидете свесни дека квалитетот на секојдневниот живот и културата на едно училиште може да направат разлика во тоа колку добро учат и постигнуваат учениците. Потполно е исто и со контроверзните прашања. Зборувањето за тешки проблеми може да биде непријатно и загрижувачки и за наставниците, учениците и родителите. Затоа е важно да се создаде училишна култура во која луѓето се чувствуваат слободни да зборуваат отворено за чувствителни прашања без страв од критика.
Поддржувачка училишна култура
Кои се елементите на таквата култура? Културата која веројатно ќе ја поддржи дискусијата за тешки теми е онаа која е:
- безбедна – сите се ослободени од малтретирање, навредливи прекари и заплашување
- прифатлива – секој е запознаен како индивидуа и се чувствува дел од заедничката училишна заедница
- отворена – секој е слободен да формира, експериментира и да искажува свои идеи
- инклузивна – секој може да учествува во која било училишна активност на еднаква основа
- ги почитува правата – се почитуваат човековите права на сите, особено слободата на изразување, верување и религија, приватноста и слободата од деградирачки третман
- демократска – секој има удел во донесувањето одлуки во училиштето.
Правила на училиштето и политики на однесување
Да се имаат правилни училишни правила или политика на однесување и нивното соодветно применување на нив, значи многу за воспоставувањето на типот на култура што ви треба. Ова важи колку за правилата што го водат секојдневното однесување во и околу училиштето – толку и за правилата што наставниците ги користат за да водат дискусии во училницата.
Дали има области на контроверзиите за кои преовладувачката култура во вашето училиште ги спречува наставниците да разговараат со своите ученици? Ако е така, кои се овие и зошто?