Вклучување на засегнати страни во управувањето со училиштата
Living Democracy » Principals » ЛИДЕРСТВО » Демократски стил на училишно раководство » Вклучување на засегнати страни во управувањето со училиштатаСледните предлози од Прирачникот Демократско управување на училиштата (цитирани тука како ДУУ) од Елизабет Бекман (Elisabeth Bäckman) и Бернард Трафорд (Bernard Trafford), издаден од Совет на Европа 2007, стр. 51 – 59.
Во демократската училишна заедница, важно е сите засегнати страни да имаат можност за учествуваат. Тие треба да бидат вклучени во комуникацијата, вмрежувањето и одлучувањето. Со вклучување на локалната заедница, вашето училиште покажува дека не сака да се затскрие туку напротив да игра активна улога во општеството. Членовите на училишната заедница се играчи, не гледачи, дали во училишните простории или во одбраната на демократското општество ако е потребно. (види ДУУ, стр. 51).
Како директор на училиштето и засегната страна, вие сте клучен/клучна за иницирање, врамување и охрабрување на сите други групи на засегнати страни да ја играат својата улога. Оваа улога е предизвикувачка, бидејќи бројот на наставници, ученици и вработени често е еднаков со работната сила на средните компании. Директорите на училиштата тесно комуницираат со внатрешните засегнати страни, наставници, ученици и вработени. Од друга страна, има надворешни засегнати страни, како што се родители, училишни власти, локални креатори на политики и донатори. Како директор на училиштето, Вие не можете да го контролирате однесувањето на која било од овие групи, но може да апелирате на нивниот заеднички интерес за училишниот успех. Затоа Вашиот личен и професионален став е пресуден кога се обидувате да ги вклучите засегнатите страни во училишниот живот.
Размислете за вашиот став како директор на училиштето
Вие сте клучен чинител. Во голема мерка, зависи од вас до кој степен другите членови и групи активно преземаат одговорност во училишната заедница. Затоа, треба да го евалуирате вашиот личен и професионален став, бидејќи тој има одлучувачко влијание врз вашите одлуки и постапки (видете Прирачник за свесност 1.1 и ДУУ, стр. 52, 56).
Во интеракцијата со внатрешните и надворешните чинители, вие дејствувате како поврзувач. Постојано комуницирате со наставниците, учениците, родителите и вработените во училиштата, во формален и неформален контекст. Редовно контактирате со локалните креатори на политики, претставници на училишните власти и донатори кои го очекуваат вашето внимание. Обидете се да ги идентификувате нивните заеднички интереси со кои може да ги придобиете.
Запрашајте се: Зошто сакав да станам лидер на училиште? Какво училиште и какво општество сакам? Со вакви прашања, можете да формирате појасна идеја за визиите што ги водат вашите постапки како лидер на училиштето (види ДУУ, стр. 47).
Внатрешни чинители
Училишниот живот вклучува формални и неформални контексти што бараат директорот, наставниците и учениците да настапат во специфични улоги, но исто така нудат различни можности. Конференциите за вработените, состаноците на родителите и часовите се формален контекст, разговорите за време на паузите во ходникот или училишниот двор се неформални контексти.
Ако следниве предлози ви изгледаат убедливи, може да започнете да ги спроведувате веднаш.
Први чекори за вклучување на наставниците и учениците
- Снабдете ги наставниците со релевантни информации пред состанокот на наставници, давајќи им можност да го формираат своето мислење (види ДУУ, стр. 36).
- Охрабрете ги наставниците да ги искажат своите ставови на состаноците. Слушајте ја нивната дискусија и назначете заменик-директор на училиштето или наставник назначен како претседавач.
- Поддржете ги наставниците кои сакаат да воспостават контакти со општеството и надворешните експерти (видете ДУУ, стр. 54).
- Напуштете ја канцеларијата за време на паузите и часовите за ручек за да се сретнете со наставниците и учениците. Не го потценувајте тоа што ви е кажано во неформален контекст, бидејќи наставниците обично имаат на ум некоја цел кога ви приоѓаат (видете ДУУ, стр. 57).
- Обидете се да знаете што е можно повеќе ученици по име. На пример, директор на училиште во Украина го постигна ова со мали чекори, поканувајќи ги сите ученици во групи на попладневен чај во нејзината канцеларија.
Вклучување на засегнатите страни: понапредни мерки
- Идентификувајте ги рутинските задачи и делегирајте ги на персоналот, можеби првично за ограничен временски период. Давајќи им на наставниците поголем увид во училишната администрација ви овозможува да се фокусирате на важни теми. Со преземање на поголема одговорност, вашиот персонал ќе се идентификува посилно со своето училиште (види. ДУУ, стр. 58). Верувајте им на вашите наставници, наместо да ги контролирате.
- Зголемете ги или подобрете ги можностите вашите наставници и ученици да се среќаваат надвор од училницата, како што се заеднички кафетерии, објекти за ручек и области за рекреација (видете ДУУ, стр. 48). За повеќе идеи, видете ги деловите за исхрана и физичка активност на оваа веб-страница за директорите на училиштата.
- Формирајте тим наставници и ученици за да креирате привлечна почетна страница на вашето училиште. Вашата веб-страница може да ѝ служи на демократската училишна заедница со давање информации за тековните теми и проблеми. Поканете ги сите засегнати страни да придонесат за оваа веб-страница.
- Поканете ги родителите, управителите на училиштата, локалните креатори на политики, донатори и/или медиумите во вашето училиште. Договорете состаноци со вашиот персонал и ученици. Дискусија: Кое е најдоброто училиште за оваа заедница? Какво образование ги подготвува нашите ученици најдобро за својата иднина? Зошто е важно училиштето да даде пример за демократска култура?
За повеќе идеи за тоа како да ги вклучите заинтересираните страни од вашето училиште, погледнете во Темите 2 – 4.