Важни полиња на дејствување
Living Democracy » Principals » УЧЕСТВО » Подготовка » Важни полиња на дејствувањеДелот „Подготовка“ ви дава четири копчиња кои ве водат до различни прашалници за размислување за важни полиња на дејствување во врска со демократските практики во училиштата.
- Вклучување на ученици, родители и заедницата
- Наставници и директори (пракса и соработка)
- Донесување одлуки, комуникација и моќ
- Училишна атмосфера, транспарентност и иницијатива
Овие прашалници можат да се користат на различни начини за се добиејасен преглед за потенцијалната почетна точка за дејствување во вашето училиште.
Можности за работа со следниве материјали
а) Пополнете ги сите прашалници како директор и откријте кои полиња на дејствување се добро воспоставени во вашето училиште и кои бараат дополнителна помош и развој.
б) Нека училишниот кадар ги пополни прашалниците и заедно ги анализира. Потоа, започнете дискусија врз основа на резултатите. Обидете се да разберете подобро што ве изненадува или ве погодува. Притоа, давајте им приоритет на полињата на дејствување кои се за практикување на демократија во вашето училиште.
в) Забелешка: Во делот „списоци со проверки, акциони планови и методи“ има опис на бесплатна алатка за онлајн анкета (управувана од Google). Можете да ги копирате прашањата во оваа алатка и да започнете анкета преку интернет со вашите наставници. Системот веднаш ги покажува резултатите, за кои може дополнително да се дискутира со вашите наставници.
г) Користете го прашалникот или некои прашања од него како основа за набљудување. Запознајте се детално со тековните практики во вашето училиште и во училниците. Можете да правите редовни набљудувања во текот на еден временски период за да соберете повеќе информации. Проверете вкрстено со вашиот персонал доколку е потребно.
д) Можете да изберете специфични полиња на дејствување или прашања од прашалниците. Користете ги како почетна точка за дискусии со наставниот кадар и за подигање на свеста за одредено прашање.
Забелешка 1: Наместо да изберете само една варијанта, можете да комбинирате и неколку варијанти. На пример, можете сами да ги пополните прашалниците, потоа да спроведете анкета со наставниците, проследено со дискусија за резултатите. Накрај, набљудувате и собирате информации за специфични аспекти во вашето училиште.
Забелешка 2: За помош при работа во области на дејствување кои сте ги идентификувале во вашето училиште, консултирајте се со делот „дејствување“.