Клучни области на партиципативна демократија во училиштето

Living Democracy » Principals » УЧЕСТВО » Свесност » Клучни области на партиципативна демократија во училиштето

Начинот на кој делувате како директор е од суштинско значење за претворање на вашето училиште во (по)демократска заедница. Ако имате намера да го поттикнете учеството во вашето училиште, вклучете ги следниве клучни области во вашето планирање и активности.

Комуникација

Слушајте активно (Што всушност сака некој да каже? Како мисли тој/таа? Кои се неговите потреби? Каква е неговата перцепција?) Убедете ги другите преку логични и разбирливи аргументи. Поставувајте и одговарајте на прашања отворено. Откријте и објаснете ги вашите ставови, претпоставки, чувства кон прашањето кое треба да се реши чесно и автентично. Соберете повратни информации. Направете синтеза на сите различни гледишта (Кое заедничко решение може да се најде со оглед на сите ставови во врска со прашањето?) Стремете се кон консензус.

Соработка

Идентификувајте ги и разговарајте за вредностите и визиите што треба да ги водат вашето училиште. Ако е можно, обидете се да донесете едногласна одлука во врска со нив. Придонесете во градењето атмосфера на доверба и создавање на можности и рамка за размена на идеи и практики, како и кооперативно размислување, планирање и спроведување.

Транспарентност

Бидете транспарентни во однос на предусловите, границите и опфатот при донесување на одлуки. На пример, земете ги предвид законските, буџетските или локалните услови. Артикулирајте ги ваквите проблеми јасно и експлицитно. Бидете сигурни дека постојано ќе ги информирате сите вклучени за сите важни проблеми и/или обезбедете пристап до релевантните информации.

Толеранција

Можеби се чувствуваме спротиставено кон некоја личност или група на луѓе од различни причини. Оние со ниско ниво на толеранција, едноставно се однесуваат рамнодушно кон другите. Повисокото ниво на толеранција ни овозможува да ги прошириме нашите граници на искуство преку темелен дијалог и искрени обиди да ги разбереме другите. Обидете се да го подигнете нивото на толеранција кога се соочувате со луѓе или групи на луѓе кон кои се чувствувате спротиставено.

Училишна атмосфера

Обезбедете позитивна, мирна атмосфера каде сите се чувствуваат безбедни, почитувани и припаѓаат на автентична заедница. Воспоставете атмосфера на почит и емпатија едни за други. Воспоставете институционализирани начини на решавање на конфликти.

Делење на овластеноста

Бидете подготвени да поделите дел од вашите овластувања и да ја пренесете одговорноста на другите. Уверете се дека засегнатите страни имаат збор во она што го прават и како го прават тоа. Прифатете ја критиката и бидете подготвени да преминете од контрола во доверба. Уверете се дека потенцијалните ризици од одлуки се делат и дека сите вклучени се свесни за нив.

Донесување одлуки

Анализирајте ги правните предуслови (можности и ограничувања) за демократска пракса во вашето училиште. Воведете рамка за правила за инклузивно одлучување (воспоставување демократски структури и процеси). Вклучете форми на разгледување и/или дискусија, гласање, застапување.

Почитувајте ги демократските одлуки како обврзувачки и проверете дали ги практикувате резултатите од заедничкото одлучување. Осигурете се дека одлуките се правно и морално легитимни.

Секој треба да има иста можност да учествува во процесот. Поддржете ги и поткрепете ги ранливите, загрозените и маргинализираните групи.

Кога треба да се поделат задачи и улоги, земете ги предвид преференциите и компетенциите на луѓето.

Иницијатива

Овозможете и поддржете иницијативи и направете одредена флексибилност за преземањето активности. Колку што е оправдано, дозволете можност за отстапување од утврдените правила и овозможете креативен простор за обиди и грешки.

Ресурси

Обезбедете и одржувајте ги ресурсите за демократска пракса (време, информации, институционална поддршка).