Размислете за засегнатите страни

Living Democracy » Principals » УЧЕСТВО » Свесност » Размислете за засегнатите страни

Доколку имате намера да ја практикувате партиципативната демократија, неопходно е да се предвиди вклучувањето на потенцијални групи на луѓе и нивните специфични улоги. Покрај тоа, ако во вашата земја постојат закони кои даваат специфични права на засегнатите страни во донесувањето одлуки во училиште, или институциите како ученички совет или заедничка училишна конференција (со наставници, родители и ученици) се правно одредени, нив мора да ги земете предвид и најдобро да ги искористите

Учениците…

… се основната целна група чија работа е да учат и да дејствуваат демократски на училиште. Тие можат да бидат вклучени во процесот на предавање и учење за време на часовите, во работите што се однесуваат на целиот клас (правила, екскурзии, социјален живот итн.), како и во проблеми на целото училиште, како што се инфраструктура, училишни настани или училишни правила.Исто така, учениците се вреден ресурс за сите обиди за реформа и подобрување на наставата во училницата, или училиштето како целина. Покрај тоа, нив може да ги подучувате демократија на различни часови засновани на наставните материјали од оваа веб-страница, Living and learning Democracy (Живеење и учење на демократијата).

Родителите…

… се одговорни за своите деца. Како такви, тие имаат главна улога во образованието на своите деца. Нема успешно образование во училиште без поддршка и соработка од родителите. Затоа вклученоста на родителите е од суштинско значење. Родителите можат да бидат вклучени на многу различни начини. Епштајн сугерира форми на родителско вклучување, како што се покажување на родителите што можат да прават дома за да го помогнат напредокот на нивните ученици во училиште, или редовно информирање на родителите за нивните деца и за училишната програма. Родителите исто така може да волонтираат во училиштето, на пр. на училишни настани или преку давање друга помош. Накрај, родителите можат да учествуваат во процесите за донесување одлуки во училиште.

Наставниците…

… Се главните едукатор за учениците во училиштето. Нивното предавање силно влијае на тоа како и што учениците (може) да научат. Наставниците многу добро ги познаваат предностите, проблемите и личните карактеристики на своите ученици. Наставниците се најважните партнери на директорите. Добрата и тесна соработка помеѓу директорот наставниците е неопходна за обезбедување на добри услови за предавање и учење. Редовните состаноци помеѓу директорите и наставниците (совети) се стандардни во повеќето училишта. Овде, можете отворено да разговарате за новите регулативи од страна на јавните власти и да ги идентификувате нивните последици за вашето училиште, да ги разберете ставовите и искуствата на наставниците, да поттикнувате иницијативи, делегирате одговорност, како и да го вклучите вашиот наставен кадар во скоро секоја одлука што треба да се донесе во училиште.

Заедницата…

… Е социјалниот контекст во кој е вградено вашето училиште. Составена е од обични граѓани, јавни и приватни здруженија, претпријатија и компании, други јавни образовни институции, јавни здравствени и безбедносни институции (болници, полиција итн.), како и креатори на политики. Тесната соработка со овие актери им овозможува на училиштата да понудат проширени услуги кои им служат на потребите на учениците и родителите. Со вклучување на засегнатите страни од заедницата во донесувањето одлуки во училиштата, исто така е можно да се прилагодат програмите на училиштето на потребите на заедницата. На пример, ако полицијата пријави зголемен вандализам, или лекарите се загрижени за зголемување на зависноста од видео игри во заедницата, училиштата може да ја интегрираат дискусијата за ваквите проблеми во нивната програма или наставна програма.

Јавните власти…

… го надгледуваат спроведување на законите, правилата и регулативите што се задолжителни за училиштата. Тие ги следат училиштата преку инспекции, евалуација и набудување на работата на училиштето. Општо, неопходно е да се увериме дека сите одлуки донесени од едно училиште се во согласност со тековните закони и регулативи. Информирајте ги претставниците на јавните власти за вашите планови и, доколку е можно, обидете се да ги вклучите во вашиот процес на одлучување во рана фаза. Градењето доверба ќе ја зголеми веројатноста тие да ги поддржат вашите идеи, визии и проекти.