Скалата на учество: Обидете се да бидете искрени!
Living Democracy » Principals » УЧЕСТВО » Свесност » Скалата на учество: Обидете се да бидете искрени!Социологот Роџер Харт напиша книга наречена Учество на децата: Теорија и практика на вклучување на младите граѓани во развојот на заедницата и грижа за животната средина (Children’s Participation: The Theory And Practice Of Involving Young Citizens In Community Development And Environmental Care) за УНИЦЕФ во 1997 година. Овој пристап ја става работата на младите луѓе и возрасните помошници ширум светот во контекст на глобалното движење за учество. Тоа ви нуди неверојатна можност вам, на вашите наставници и родители: да бидеме искрени за тоа како ги интегрираме децата и младите во процесите на донесување одлуки. Премногу често, дали на сцена, за време на состанок на некој настан, па дури и во театарска претстава децата се третираат како обична декорација, или пак малцинствата се интегрираат само како гест кој нè прави да се чувствуваме подобро. (http://www.freechild.org/ladder.htm)