1. Целта на овој прирачник
Овој прирачник има за цел да ги поддржи наставниците и практикантите во областа на ОДГ/ОЧП(обучувачите на наставници, директорите на училишта,училишните инспектори, авторите на наставни средства и издавачите). Се заснива на суштинските прашања на ОДГ/ОЧП меѓу кои се вбројуваат и следните:
- Кои компетенции им се потребни на граѓаните за учество во општеството?
- Кои цели ги следи ОДГ/ОЧП?
- Кои се основите на ОДГ/ОЧП?
- Кои основни концепти се примарни за актуелниот прирачник за ОДГ/ОЧП и останатите книги од овој серијал?
- Зошто ОДГ/ОЧП става толку голем акцент на целокупниот училиштен концепт?
- Како можат наставниците да ги испланираат, поддржат и оценат процесите на учење на нивните ученици во ОДГ/ОЧП?
Основниот материјал и алатките во овој прирачник и во останатите книги од овој серијал нудат одговори на таквите прашања. Бидејќи кај актуелната книга I не се работи за во себе, затворена статија за ОДГ/ОЧП, можат поединечни делови и материјали исто така и селективно да бидат читани и применети. Цената на оваа независност на поединечните делови доведе до извесна обилност и преклопување на некои поглавја, кои свесно беа прифатени.
Актуелниот прирачник се разликува од останатите пет книги од серијалот на ОДГ/ОЧП, чија структура овде е накратко спомената: Книгите II-IV содржат по девет степено-специфични целини т.е. наставни проекти од по четири секвенци (најчесто во опсег од една лекција по секвенца). Притоа се формира начело од девет основни концепти во рамките на една спирална наставна програма која што се протега од најнискиот степен на основното образование преку повисоките одделенија од основното образование до пониските класови од средното образование. Книгата V содржи опишување на модели на девет кратки наставни проекти за 1 – 9 одделение на тема детски права. Книгата VI содржи различни модели за интерактивно учење и учење ориентирано кон делување.
А додека, од друга страна, во актуелниот прирачник кој го сочинува книгата I од серијалот за образование за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП) најпрво се објаснуваат оние аспекти на основите на ОДГ/ОЧП кои се полезни за сите корисници (= дел 1). Делот 2 содржи опширни директиви и алатки за обликување, поддршка и оценување на конструктивистичките процеси на учење. Делот 3 нуди по еден методски пакет за наставниците и учениците. Корисниците на овие упатства и алатки ќе утврдат дека овие не се корисни само за ОДГ/ОЧП туку исто така се соодветни и за добра и современа настава во поширока смисла.
2. ОДГ/ОЧП: Преглед
Како што веќе и самиот наслов на овој прирачник открива – Образование за демократија – целта на образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП) се состои од тоа, учениците да се оспособат и да се охрабрат да земат активно учество во нивната улога како млади граѓани во социјалниот и политичкиот живот во нивната заедница. За да можат да ја исполнат оваа цел, младите секако најпрво мораат да стекнат низа компетенции. Кон нив припаѓаат на пример компетенциите да се стекне знаење, да се користат извори на информации и да се воспостави контекст, понатаму технички и методски способности , но и стекнување со вредности и ставови како на пр. толеранција и свест за одговорност.
„Образованието за демократско граѓанство и Образованието за човекови права се тесно поврзани едно со друго и меѓусебно се зајакнуваат. Повеќе се разликуваат во однос на целите и областа на влијание отколку во поглед на целите и начинот на дејствување. Додека образованието за демократско граѓанство воглавно е концетрирано на демократските права и должности и на активното учество во политичката, социјалната, економската, правната и културната област на граѓанското општество,образованието за човекови права се занимава со широк спектар на човекови права и елементарните слободи кои се однесуваат на секој аспект од човековиот живот“2. Понатаму во центарот на образованието за демократско граѓанство е улогата на младиот граѓанин во заедницата, додека образованието за човековите права ги набљудува поединечните лица и нивниот идентитет, желби и потреби, слободи и должности низ призмата на човековите права.
ОДГ/ОЧП ја нагласува активната улога на учениците како млади граѓани и му дава важност на тоа тие да ги познаваат, разбираат и уважуваат нивните човекови права. Воедно тие треба преку наставата и практичните искуства во училишното опкружување да ја научат очигледната примена на овие права. Споредено со традиционалните примарни научно-базирани концепти на науката за државите или на политичкото образование, овде ОДГ/ОЧП успева да направи еден голем чекор нанапред. ОДГ/ОЧП ги набљудува учениците како експерти и ги почитува нивните интереси и секојдневни искуства.
ОДГ/ОЧП следи еден целосен концепт на предавање и учење. Задачите и областите на трансфер на наставниците во образованието за демократско граѓанство и човекови права се опфатени од следните три принципи:
- Познавање и разбирање на човековите права („за“ предавањето за демократија и човекови права види долу поглавје 2.1)
- Сфаќање на демократијата и човековите права како право на учество („за“ предавањето на демократија и човековите права види долу поглавје 2.2)
- Имплементирање и живеење на демократијата и човековите права како начело на предавањето и учењето („преку“ предавањето за демократија и човекови права види долу поглавје 2.3).
2.1 „За“ предавањето за демократија и човекови права
Во смисла на интегрирано и одржливо образование важно е учениците детално да разберат што значи демократија, кои човекови права тие самите ги уживаат, во кои извори и документи се втемелени овие права и како тие можат да бидат заштитени и остварени. Како млади граѓани тие исто така мора да знаат како Уставот на нивната земја функционира како политички систем.
2.2 „Низ“ предавањето за демократија и човекови права
Младите граѓани мора да научат како да учествуваат во политичкиот процес на одлучување и како можат да ги користат нивните човекови права: „Демократските вредности и начинот на дејствување мора секогаш одново да бидат изучувани за да можат да им излезат во пресрет на барањата на новите генерации. Граѓаните ќе станат зрели и активни членови на општеството тогаш, кога ќе добијат можност да се залагаат заеднички во интерес на општото добро; понатаму кога тие ќе ги почитуваат сите мислења – исто и оние кои отстапуваат од нивното, ќе учествуваат во институционализираниот политички процес и ќе ги земат во предвид демократските навики и вредности како и човековите права во нивното секојдневие и во секојдневните извршувања. Тогаш граѓаните ќе можат да се чувствуваат како корисни и признати членови на заедницата, кои учествуваат и можат да делуваат на заедницата“3.
2.3 „Преку“ предавањето за демократија и човекови права
На учениците им е потребно опкружување кое ќе ги поддржува во учењето. Потребни им се наставни методи, методи на поучување кои ќе им овозможат да ги користат нивните човекови права – како слободата на мислење и слободно изразување на мислењето. Тие треба да имаат можност да соделуваат во дизајнирањето на нивното училишно секојдневие и да ги практикуваат нивните човекови права и да ги исполнат нивните обврски. Затоа им се потребни наставници кои ќе дејствуваат како пример, толеранција и ненасилно решавање на конфликти. Демократијата и човековите права служат покрај сите овие аспекти како педагошко начело и тоа, како во ОДГ/ОЧП како наставен предмет така и во училиштето како еден пример на микро-општество.
Образованието за демократско граѓанство и човекови права е предизвик за учениците, за наставниците и за училиштата. Актуелниот прирачник за наставници и практиканти служи како помош за ориентација и ги поддржува во нивната задача.
2. Повелба на Советот на Европа за образованието за демократско граѓанство и човекови права, донесена во рамките на препораките на CM/Rec (2010) на Комитетот на министри (www.coe.int.edc).
3. Hartley, M. and Huddelston (2009): School-Community-University Partnership for a Sustainable Democracy: Education for Democratic Citizenship in Europe and the United States. ОДГ/ОЧП-пакет, алатка 5. Стразбур: Совет на Европа стр. 8 (www.coe.int/edc)