1.3 Демократско дизајнирање на училиштето
Living Democracy » Textbooks » Образование за демократија » Дел 1 – Разбирање на демократијата и човековите права » Наставна тема 1 – Што значат концептите » 1. Политика, демократија и демократско дизајнирање на училиштето » 1.3 Демократско дизајнирање на училиштето1.3.1 Училиштето – една микро-демократија?
Образованието за демократско граѓанство и човекови права (ОДГ/ОЧП) се заснива на централниот принцип на поучувањето за, низ и преку демократијата и човековите права во училиштата (види вовед, поглавје 2). Училиштето се сфаќа7 како микро-заедница, како „општество во мал формат“, кое е идентификувано од формалните уредби и постапки, процеси на одлучување и мрежа на односи и влијае на квалитетот на секојдневието. Сепак може ли училиштето навистина да се разбере како демократија in nuce „во минијатура“? Еден поглед во листата горе во поглавје 1.2.2 покажува дека училиштата не се мали држави каде се одржуваат избори, каде наставниците би можеле како владите да пропишуваат закони, каде училишното раководство би можело да се спореди со шефот на државата итн. Значи што би можеле училиштата да направат, во која смисла би можеле да бидат пример за демократско општество?
1.3.2 Демократско дизајнирање на училиштето: четири клучни области и три критериуми за мерење на напредокот
Елизабет Бекман и Бернард Трафорд, раководителка на училиште во Шведска т.е. раководител на училиште во Голема Британија и автори на прирачникот „Демократското дизајнирање на училиштата во теоријата и практиката“8 издаден од Советот на Европа истражуваа задлабочени по ова прашање. Тие аргументираат дека на училиштата не им е потребен ниту „учлиштен менаџмент“ ниту „дизајнирање на училиштата“. Под училиштен менаџмент се подразбира училишната управа – имплементација на законски, финансиски и содржински барања. Односот помеѓу училишното раководство и учениците е хиерархиски и се заснива на наредби и заповеди. При дизајнирањето на училиштето, напротив, се зема предвид динамиката на социјалната промена на модерните општества. Училиштата мора да соработуваат со различни надворешни партнери и лоби групи и да одговорат на неочекувани проблеми и предизвици. Притоа на членовите на училишната заедница, пред сѐ на учениците им припаѓа важна улога. Членовите комуницираат, заеднички дејствуваат, преговараат, убедуваат, практикуваат притисок и носат заеднички решенија. Никој од партнерите нема потполна контрола над другиот.9
Бекман и Трафорд предлагаат четири клучни области на демократското дизајнирање на училиштата:
- Дизајнирање на училиштата, стил на раководење и отчет кон јавноста;
- Образование базирано на вредности;
- Соработка, комуникација и вклучување: способност за натпревар и самоодредување;
- Дисциплина на учениците.
За оценување на постигнатиот напредок во овие клучни области Бекман и Трафорд употребуваат три критериуми, кои се засниваат на трите основи на Советот на Европа во ОДГ/ОЧП:
- права и должности;
- активно учество;
- вреднување на разновидноста.
1.3.3 Поучување за демократијата и човековите права преку демократско дизајнирање на училиштата
Во нивното дело Бекман и Трафорд ставаат на располагање редица детални алатки кои се ориентирани кон тоа да се поучува и да се живее демократијата и човековите права и да се обезбеди демократско училишно опкружување. (линк види Anm. 8) Учениците преку тоа доживуваат во училиштето што е тоа учество, сепак училиштето е и останува образовна институција и нема да стане псевдо-мини држава иако е мини-општество.
7. Види Dewey, J. (2007): The School and Society.New York, Cosimo, стр. 32.
8. Bäckman, E. und Trafford B. (2008): Demokratische Gestaltung in Theorie und Praxis. Стразбур: Совет на Европа. Линк: http://www.edchreturkey-eu.coe.int/Source/Resources/Pack/BookDemgovernchoolspublic_de.pdf
9. Ibid., стр.9