3.1 „Би сакал/а со задоволство моите ученици да го умеат следното …“
Living Democracy » Textbooks » Образование за демократија » Дел 1 – Разбирање на демократијата и човековите права » Наставна тема 3 – Предавање за демократијата и човековите права » 3. Компетенции во ОДГ/ОЧП » 3.1 „Би сакал/а со задоволство моите ученици да го умеат следното …“„Откако ги извежбавме техниките на презентација, јас сакам моите ученици да се во состојба да предаваат нешто во оделението, без да читаат.“
„Откако ние за време на шесте лекции разговаравме за основите на нашиот Устав, очекувам од моите ученици да можат да објаснат како функционира нашиот изборен систем и кои партии моментално се вклучени во владата .“
„Пред неколку месеци во одделението го имавме проблемот што некои ученици не сакаа при дискусијата да ги ислушаат другите и им упаѓаа во збор на оние, кои не се согласуваа со нивното мислење. Ние потоа интензивно се позанимававме со правото за слободно изразување на мислењето и разговаравме дека тоа функционира за сите, само тогаш кога ние внимаваме едни на други. Јас се надевам дека повеќето ученици до крајот на годината го сфатија тоа и знаат како да се однесуваат во дискусии.“
Овие примери покажуваат со кои прашања се справуваат наставниците во ОДГ/ОЧП при планирањето на лекциите: Врз основа на содржини и причини како што се горе опишаните, тие ги дефинираат нивните цели. Истовремено при нивното планирање ги имаат предвид и условите и потребите за учење на учениците, соодветните процеси на учење и компетенциите со кои учениците треба на крајот да располагаат.
На наставниците овој начин на размислување најчесто им е многу добро познат, тој одговара на моменталната практика на планирање на наставата. Повеќето наставници не размислуваат само за тоа која тема и кој материјал сакаат да го разработат, туку исто така и кои вештини се очекуваат од нивните ученици и од кои предуслови може т.е. мора да се тргне.
Целите кои ставаат фокус на учениците и на тоа, за што тие би требало да се способни, се ориентирани кон компетенциите. Како возрасни, учениците ќе мора да бидат способни сами да се справуваат, без наставник кој ќе ги води или надгледува. Традиционалниот модел на настава – формалното посредување на знаење, претоварен наставен план – придонесува малку за тоа, учениците во однос на вештините и на вредностите и ставовите да станат независни, да бидат самите сигурни и компетентни. Еден пристап ориентиран кон компетенциите подобро се справува со оваа перспектива.
Трите примери посочуваат на различни димензии на развојот на компетенциите:
- Првиот пример – воспоставување на контакт со очите со публиката и слободно зборување – се однесува на вештини кои не се врзани за специфични содржини, но на учениците им даваат инструменти во раката, кои се неизбежни за користење на знаењето и информациите. Ова увежбување на вештини – или учење „за“ демократското граѓанство и за човековите права – ги оспособува учениците да ги употребат нивните човекови права и да учествуваат во демократијата.
- Во вториот пример – знаење и разбирање на основите на избирачкиот систем, кој победил на последните избори и сега ја сочинува актуелната влада – се работи за учење „низ“ демократијата и човековите права. Младите граѓани мора да знаат кои човекови права – на пр. Правото да се учествува на изборите – се втемелени како граѓански права во Уставот на нивната земја и која тежина ја има т.е. ќе ја има нивниот сопствен глас во избирачкиот систем на нивната земја.
- Последниот пример го покажува значењето на вредностите и ставовите. Демократијата мора да може да се потпре на политичка култура, која се заснива на заеднички ставови и вредности на граѓаните – во горе наведниот случај тоа се обостраното внимание и толеранција кон останатите мислења. Учениците мора да можат да прифатат дека при практикувањето на нивните лични права и слободи, мора да ги почитуваат и правата на другите. Една култура на човекови права го условува од една страна зајакнувањето на правото на автономија на учениците и наставниците, но од друга страна исто така и спознавањето дека ние сносиме одговорност за почитувањето на човековите права на другите. Замислите за вредностите се развиваат низ искуство и врз основа на уверливи модели на пример – доколку демократијата и човековите права служат како принципи на учењето (образование „преку“ демократијата и човековите права).