3.4 Модел на компетенции на учениците во ОДГ/ОЧП
Living Democracy » Textbooks » Образование за демократија » Дел 1 – Разбирање на демократијата и човековите права » Наставна тема 3 – Предавање за демократијата и човековите права » 3. Компетенции во ОДГ/ОЧП » 3.4 Модел на компетенции на учениците во ОДГ/ОЧПНие го оценуваме развивањето на компетенциите на учениците врз основа на нашата перцепција за нивното постигнување. Компетенциите како такви се невидливи и ние можеме да ги опфатиме само преку модели кои нѐ поддржуваат во дефинирањето на целите на учење и ни даваат инструкции при оценувањето на успехот на учениците.
Актуелната збирка на основи и материјали за ОДГ/ОЧП е основа на моделот на компетенции кој е во согласност со основните принципи на ОДГ/ОЧП: „за“, „низ“ и „преку“ поучувањето на демократијата и човековите права.
Во ОДГ/ОЧП се вклучуваат компетенциите на учениците за следните аспекти:
- политичка компетенција за анализирање и расудување;
- способности (тука види дел 3 од оваа книга);
- компетенција за дејствување и политичко учество;
- самокомпетенција и социјална компетенција.
3.4.1 Политичка компетенција за анализирање и расудување
Демократското граѓанство бара граѓани кои ќе можат да ги разберат темите во јавниот дијалог. Притоа тие мора да бидат соодветно информирани и да бидат способни за анализирање на проблемите, начините на аргументирање и конфликтите. Ова е когнитивната димензија на развивањето на компетенции (учење „преку“ политички прашања).
Без ова ниво на разбирање граѓаните се лесен плен за демагозите, лобистите и популистите и тие исто така не се во состојба да ги препознаат нивните сопствени или групни интереси и да преговараат за нив. Ние сме зависни од медиумите како извори на информации и затоа мора да бидеме во состојба критички да ги користиме.
Луѓето можат да делуваат политички само доколку знаат што сакаат да постигнат. Тие мора да умеат да ги дефинираат нивните интереси и цели и притоа да ги одмерат едни со други желбите и потребите, вредностите и одговорностите. Политиката е процес на изнаоѓање решенија, кој за цел го има решавањето на проблеми и смирувањето на конфликти. Да не се донесе решение не е можно, но без формирано мислење не можат да се носат решенија.
Растечката комплексност во нашето со голема брзина зголемено модернизирано и променето општество ја преоптоварува тенденцијално компетенцијата за анализирање и расудување со „просечни граѓани“. Образованието – а не само образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права – игра при совладувањето на овие предизвици и барања, клучна улога и ги оспособува граѓаните да се информираат за решенијата кои ги засегаат и компетентно да учествуваат во соодветните процеси.
3.4.2 Вештини
Учениците мора да стекнат низа од ментални инструменти – вештини и техники – да користат информации и да можат да изградат сопствено и независно мислење. Овие инструменти ги оспособуваат
- да се здобијат со информации, како врз основа на сопствени искуства, така и преку медиумите. Притоа се работи за техники во поглед на односот со печатените и електронските медиуми, за интервјуа, истражување, критички рефлексии и дискусии итн.;
- информации за студирање и избирање (конструктивистичко учење). Притоа се работи за техники во поглед на планирање, менаџмент на време, читање, мислење, избирање, придржување;
- изградување на мислење, презентирање на истото, образложување со аргументирање и комуницирање. Притоа се работи најпосле за техники во поглед на конкретното обликување на документи, плакати, написи, презентации со Пауер Поинт или слични програми за предавања, дискусии, дебати итн. (заедничко конструктивистичко учење и деконструкција);
- да се рефлектира придобивката од учењето, како и процесите на учење и употреба.
Овие способности се потребни во голема мера, не само во ОДГ/ОЧП, туку и во сите училишни предмети. Тие ги подготвуваат учениците за нивното подоцнежно образование и за квалификувани работни места. Интердисциплинарното увежбување на соодветните формални способности врзани на неспецифични содржини е исто така возможно, како што е и потребно.
3.4.3 Дејствување
Во ОДГ/ОЧП формалното изучување на вештини го поддржува учењето „за“ демократијата и човековите права и воедно ги остварува егземпларно овие процеси. ОДГ/ОЧП го разбира училиштето како микро-општество во кое учениците учат за учеството во општеството и политиката врз основа на практични искуства. Во училиштето ги увежбуваат следните компетенции:
- тие учат да ги изразуваат нивните желби и потреби, да ги објаснат и да ги следат нивните интереси;
- избори: тие учествуваат во изборите како избирачи и како кандидати (на пр. кога се работи за претставници на одделението или за други служби);
- тие ги вежбаат нивните способности во водење на преговори и во поглед на изнаоѓање на решенија;
- тие искусуваат како преку мерки за сензибилизирање, лобирање и заеднички мерки или акции може да влијаат на процесите на изнаоѓање на решенија;
- тие развиваат разбирање и прифаќање кон неопходноста од правила и санкции
ОДГ/ОЧП и просторот за дејствување, училиштето како целина, им нудат на учениците важни шанси за учење, бидејќи тие можат ним да им покажат, што тие можат да направат за општеството. При оценувањето на нивните постигнувања и нивниот развој на компетенции, на училиштата им се поставени слободни граници. Одлучувачкиот трансфер следува надвор од училиштето, во општеството како целина и се протега до нивната зрела возраст. Од оваа причина е тешко, или воопшто не е можно, да се воспостави доверлива релација помеѓу влезните фактори (input) за учење на училиштето и фактичката придобивка од учењето.
3.4.4 Самокомпетенција и социјална компетенција
Кога се работи за димензијата на вредностите и ставовите, поимот компетенции со задоволство се увеличува. Од друга страна се постигнувањата и начините на однесување на учениците и така доброто однесување може да се разбере како компетенција. Оваа димензија на развивањето на компетенции одговара на учењето „преку“ демократијата и човековите права. Во тоа припаѓаат следните аспекти:
- самоспознание и самоуважување;
- емпатија;
- обострана почит;
- сознанието дека треба и мора да се прават компромиси;
- одговорност;
- признавањето на човековите права како колективни референтни рамки на заедничките вредности за зачувување на мирот, на правдата и на социјалната слога.