2. Резултати на ОДГ/ОЧП – проектите
Living Democracy » Textbooks » Образование за демократија » Дел 1 – Разбирање на демократијата и човековите права » Наставна тема 4 – Образованието за демократско граѓанство и човекови права: кратка историја на концептот на Советот на Европа27 » 2. Резултати на ОДГ/ОЧП – проектитеПрвите години од проектот беа посветени на дефинирањето на концептите. Беа издадени повеќе основни публикации за потребните стратегии и вештини за демократско граѓанство. Во 2002 год. Комитетот на Министри на Советот на Европа донесе препорака за демократското образование (Препорака Rec,2002/12). Оваа препорака беше првиот политички текст на оваа тема на европско рамниште (вториот важен документ беше Повелбата на Советот на Европа за Образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права28, види долу). Таа специфицира дека образованието за демократско граѓанство треба да биде приоритетна цел при образовно-политичките решенија и реформи.29
Во 2002 год. беше иницирана координативна мрежа за ОДГ/ОЧП со по едно лице од земјите членки со цел во оваа област да се олесни размената и соработката помеѓу земјите членки. Оваа мрежа се докажа како неопходна помош во развојот и поттикнувањето на ОДГ/ОЧП. Во регионите како Југоисточна Европа беа остварени специфични проекти. 2005 беше прогласена за Европска година на демократијата под мотото „учење и живеење на демократијата“ од Советот на Европа. Оваа тематска година беше важен момент за сензибилизирањето на земјите членки наспроти значењето на ОДГ/ОЧП. Практично сите земји членки се вклучија во некаква форма во тематсктата година, а повратните информации од различни партнери беа насекаде позитивни.
Сепак, уште на почетокот беше јасно дека нема да биде лесен потфатот да се помогне образованието за демократско граѓанство да има повисок рејтинг во образовната политика на земјите членки, пред сè овие предуслови се разликуваа од држава до држава. За ОДГ/ОЧП да може да стане клучна цел во образовните системи, беше потребна нова филозофија во однос на методологијата и начинот на работа. Изведените студии во рамките на проектот меѓу кои и All-European Study on EDC Policies30 укажуваа на поголема потреба од практични инструменти кои треба да помогнат да се издигне мост помеѓу образовната политика и праксата. Од оваа причина во годините 2006-2009 беа ставени на располагање инструменти и алати кои ја покренаа размената на потврдени практики и проширена соработка помеѓу и во земјите членки за приоритетите на проектот. Трите најважни работни области се занимаваа со развојот на политичките мерки, на образованието на образовни специјалисти и на демократското дизајнирање на образовните институции. Советот на Европа разви во сите овие области серијал од практични инструменти меѓу кои се вбројува и актуелниот серијал од наставен материјал.
Во мај 2010 оваа долгогодишна работа беше крунисана со прифаќањето на Повелбата на Советот на Европа за образованието за демократско граѓанство и човекови права, која беше донесена во рамките на препораката CM/Rec (2010) 7 на Комитетот на Министри од сите 47 земји членки на Советот на Европа. Овој стратешко позициски документ е важна референтна рамка за цела Европа и ќе му служи на Советот на Европа во следните години како основа за натамошни проекти од оваа област.
28. Повелба на Советот на Европа за образование за демократско граѓанство и човекови права, донесена во рамките на препораката CM/Rec (2010) од Советот на министри.
29. Спореди препорака CM/Rec(2002)12 за образование за демократско граѓанство на Советот на министри на Советот на Европа до земјите членки.
30. Bîrzea et al. (2004): All-Europian Study on EDC Policies. Публикација на Советот на Европа, Стразбур. Линк: http://www.coe.int/t/dg4/education/edc/Source/Resources/Pack/AllEuropeanStudyEDCPolicies_En.pdf.