2. Задача и клучни прашања за условите на поучување и учење
Living Democracy » Textbooks » Образование за демократија » Дел 2 – Предавање на демократија и човекови права » Наставна тема 1 – Појаснување на условите за предавање и учење » 2. Задача и клучни прашања за условите на поучување и учењеСледните опширни клучни прашања служат за самоконтрола и нудат пристап до различни аспекти на условите на учење. Вклучените работни досиеја се од помош помош при продлабоченото занимавање со поединечните аспекти.
Предлог за работа со долунаведената листа („задача“): Одговорете сами или во мала група некои од овие прашања во врска со актуелна тема во Вашата настава. Анализирајте на крајот што донесе занимавањето со овие прашања од аспект на Вашата конкретна наставна ситуација и наставно планирање.
- Кое знаење и кои вештини веќе ги поседуваат учениците?
- Кое знаење и кои вештини ги поседувам јас?
- На кои надворешни услови морам да внимавам?
- Што знам јас за учениците како индивидуи – за нивните основи, интереси, посебни компетенции итн.?
- Кое знаење и кои информации мора учениците да ги имаат за да можат да ги совладаат поставените задачи?
- Кои информации, вештини и искуства во врска со новата тема веќе ги стекнале учениците? Што е за нив ново, што е повторување, што е есенцијално (основен материјал), а што е дополнително?
- Кои работни техники и техники на учење можам да ги очекувам од учениците, со кои искуства со различни методи и форми на поучување веќе располагаат?
- Кои позитивни или негативни ставови, навики, предрасуди или убедувања можам или морам да ги очекувам?
- Како можам да ги отстранам потешкотиите во учењето, пречките во учењето и отпорот кон учењето ?
- Дали посветив доволно внимание на подготвеноста за учење на учениците, на нивната душевна состојба, на нивната приодливост, на нивните когнитивни квалификации, на нивните потреби од учење, очекувања, интереси, активности во слободното време и животни околности?
- Кои социокултурни услови и влијанија и кои системи за поддршка сѐ од значење за работа во училницата? Која улога ја играат родителите, браќата и сестрите, врсниците или другите важни односни лица?
- 2 - Работно досие 1: Вклучување на вештините и знаењата на учениците
Што јас знам за одделението? Колку е големо одделението, како е тоа структурирано (полова поделба, културен и јазичен состав итн.) Кои особини...
- 2 - Работно досие 2: Вклучување на моите вештини на предавање и моето знаење
Со кои педагошки, дидактички, методски искуства, вештини, силни страни јас располагам; кои се моите слабости во однос на ова? (неколку точки да...
- 2 - Работно досие 3: Земање во предвид на општите услови за предавање и учење
Како го земам во предвид расположливото време на настава при моето дневно и годишно планирање? Како е организирана училиницата; како може оптимално...
- 2 - Работно досие 4: Кои основни ставови кон учениците ги имам?
Во поглед на тоа кај кои од долу наведените основни ставови, вредности и ставови се чувствувате сигурни (силни страни); во поглед на...
- 2 - Работно досие 5: Размислување за дисциплината и редот од демократски аспект
Тези и начела за рефлексија и дискусија: Редот е неопходен во секоја ситуација. Една група без ред и основни правила не може...
- 2 - Работно досие 6: Размислување за улогата на наставникот од демократски аспект
Наставникот треба да го води и придружува одделението, тоа е неговата задача. Тој мора да носи решенија и да го сочува целосниот...
- 2 - Работно досие 7: Да се создаде демократска атмосфера во одделението
Одлуката за демократска организација на одделението е висока цел. Следната табела покажува чекори до нејзиното постигнување во различни временски димензии (од краткорочно...
- 2 - Работно досие 8: Како училиштето може да се претвори во демократска заедница
Наставата по ОДГ/ОЧП и патот до демократска атмосфера не можат да се ограничат на училницата, туку мора да се поттикнуваат внатре во...