2 – Работно досие 8: Како училиштето може да се претвори во демократска заедница
Living Democracy » Textbooks » Образование за демократија » Дел 2 – Предавање на демократија и човекови права » Наставна тема 1 – Појаснување на условите за предавање и учење » 2. Задача и клучни прашања за условите на поучување и учење » 2 – Работно досие 8: Како училиштето може да се претвори во демократска заедницаНаставата по ОДГ/ОЧП и патот до демократска атмосфера не можат да се ограничат на училницата, туку мора да се поттикнуваат внатре во училиштето како целина. Клучните фигури во овој поглед се раководителот или раководителката на училиштето.
Во серијалот од наставни средства за наставата по ОДГ/ОЧП од Европскиот Совет содржаната алатка “Democratic governance of schools” од Елизабет Бекман и Бернард Трафорд (http://book.coe.int/ftp/2903.pdf) предлага четири централни работни области и мерки кои се погодни за да ги претворат училиштата во демократски заедници (види исто така наставна тема 5 во дел 2 од оваа книга, работни досиеја 15-18).
Во овие четири клучни области се работи за
- Водење/Governance: Училишно раководство, работно раководство и должност за полагање сметка кон јавноста
- Образование ориентирано кон вредности
- Соработка, комуникација и интеграција: Способност за натпреварување и самоодредување
- Дисциплина
Следните прашања служат како импулси за продлабочено да се расправа со поединечни области и по потреба да се дојде до соодветни мерки и решенија.
Ракодење /Управување(Governance): Училишно раководство, работно раководство и должност за полагање сметка кон јавноста
Различни надлежни лица како законодавци, управа, училишни служби, синдикати, ученици и нивните родители како и локалните заедници поставуваат барања кај училишното раководство. Како може училишното раководство да ги совлада сите овие предизвици? Која форма на раководење ќе ја употреби тој или таа во училиштето? Дали раководењето се заснива на консензус и на доверба или се карактеризира со недоверба и ривалство? Како одговорностите се распределени внатре во училиштето? Како училишниот раководител или училишната раководителка се справуваат со хетерогенитетот во неговите различни фасетки? И како училиштето ја согледува должноста за одговорност кон различните надлежни лица?
Образование ориентирано кон вредности
Како се појавуваат вредностите како демократија, човекови права и почитување на разноликоста во формални и неформални контексти во училиштето? Како се поттикнуваат вредностите и социјалните компетенции како основен предуслов за слободен соживот во модерните глобализирани општества? Како овие вредности се тематизираат во училиштата?
Соработка, комуникација и интеграција: Способност за натпреварување и самоодредување
Училиштето не е изолирано од останатото општество или од реалниот свет. Како училиштето комуницира кон внатре и кон надвор? Како тоа комуницира внатре и надвор? Дали училиштето во однос на неговата комуникација и неговата интеграција повеќе се поистоветува со изолирано претпријатие или со порта кон околното општество? Што во однос на ова стои во начелото на училиштето? Колку училиштето е решено неговите поставени цели во однос на комуникацијата кон надвор и отворањето кон општеството да ги спроведе на дело?
Дисциплина
Во едно училиште работат заедно многу луѓе. Кои сили за одржување на дисциплината и редот во едно демократски раководено училиште треба да бидат применети? Што води до тоа учениците да ги следат пропишаните правила, а што води до тоа да ги одбиваат? Какви санкции се предвидени, кој нив ги дефинира, кој ги спроведува?