Во секој процес на учење се разликуваат три меѓусебно тесно поврзани фази кои взаемно се поддржуваат.

V1_P85_MACED

Стекнување со информации

Стекнување

набљудување, гледање, читање, мирисање, допирање, вкусување, слушање, чувствување, воочување, сеќавање, сретнување, приближување, искусување, земање во предвид

Прашања за стекнување со информации на учениците

Предзнаење

Како учениците можат да го (ре)активираат нивното предзнаење?

Поставување на прашања

Може ли учениците толку да ѝ се посветат на темата, што ќе им текнуваат исто и прашања за тоа?

Како јас можам да ги поддржам во тоа?

Сетила

Можат ли учениците да се стекнат со нови информации преку што е можно повеќе сетила доколку е тоа возможно и има смисла?

Дали учениците не учат само когнитивно, туку исто така преку тоа што го гледаат, го загледуваат, слушаат, слушаат насочено, чувствуваат, осеќаат, опипуваат, допираат, вкусуваат, мирисаат итн.?

Илустрирање, визуелизација (темата поатрактивно и пошаренолико да се обликува)

Дали се применуваат наставни излети, илустрации, модели, симулации или други можности на визуелизација?

Преработување и запомнување на информации

Преработување и запомнување

истражување, решавање на проблеми, разбирање, сфаќање, писмено доработување и преработување, цртање, усвојување, забележување, запомнување, повторување, навикнување

 

Прашања за преработување и запомнување на информации

Структура

Дали содржините се така структурирани и поделени во последователно структурирани секвенци што веќе направените чекори на учење ги олеснуваат следните чекори на учење?

Допирни точки

Можат ли учениците новите информации да ги поврзат со нивното предзнаење?

Сосотојба на знаење

Дали задачите за поединечни ученици се поттикнувачки, интересни и претенциозни без притоа да преоптоваруваат?

Дали барем одредени задачи се поставени на различни нивоа (внатрешна диференцијација) ?

Дали формулирањата се такви што исто и учениците со послаби познавања на училишниот јазик ќе најдат приод (т.е.: Како јас да ги поддржам овие ученици во тоа)?

Продлабочување

Дали задачите и околината на учење се соодветни за зајакнување и продлабочување на наученото?

Протокол

Го забележуваат ли учениците постигнатото? Во која форма се случува тоа (извештај, постер, белешки, цртежи, дијаграми, скици итн.)?

Вежбање

Дали учениците имаат можност нивните новостекнати способности и вештини да ги вежбаат во што е можно повеќе различни контексти?

Интензитет

Дали учениците имаат доволно време и можности темелно да ги изработат и обработат новите информации и искуства?

Дали ѝ посветив доволно време на темата за да им овозможам со тоа на учениците продлабочена и одржлива расправа?

Трансфер на информации

Трансфер

примена, флексибилен приод, тестирање, совладување на нови задачи, доверба, пристап, дејство

 

Секој процес на учење мора на учениците да им понуди можност наученото да го пренесат и на други ситуации (трансфер). Со тоа се избегнуваат процените како „учено, но веќе заборавено“„познато, но неразбрано или непроценето“, „вчера стекнато, денес веќе повторно изгубено“ или „учено, но неприменето“.

Прашања за трансфер на информации на учениците

Корисност

Можат ли учениците да ја доживеат и проценат корисноста и животнопрактичната значајност на ученото?

Доживување на ефикасноста (мотивација)

Дали учениците директно ја доживеале врската помеѓу напорот за учење и напредокот во учењето? Дали тие сфаќаат дека тие самите се одговорни за проширувањето на нивното знаење, нивното разбирање и нивните вештини и дека преку нивниот напор за учење и нивните активности за учење можат нешто да постигнат?

Контрола на учењето

Дали заклучоците се проверуваат и уште еднаш се размислува за нив?

Дали контролата на учење или евалвацијата вклучува и аспекти и поставување на задачи ориентирани кон трансферот?

Останата и продлабочена расправа

Дали завршената секвенца на учење го буди интересот на учениците за натамошна и/или продлабочена расправа со материјалот и во други контексти? (трансфер)?

Дали на располагање стојат соодветни поттикнувања и поставувања на задачи?

Дали учениците остануваат емоционално вклучени?

Примена

Дали учениците имаат можност наученото да го применат на разновидни начини и нивните познавања да ги применат и на други поставени задачи и ситуации на учење?

Знаат ли учениците како и каде можат да ги употребат нивните новостекнати способности и знаења?