За карактеризирање на околината на учење за интеракција помеѓу наставниците и учениците долу наведениот модел се покажува корисен. Тој опфаќа пет основни наставни форми, т.е. методско-дидактички пристапи.

Секој од нив овозможува или бара наставниците и учениците на различен начин взаемно да дејствуваат, да реагираат еден на друг и еден со друг да соработуваат.

Пристапите се ставени на скала која започнува со класична форма на настава центрирана на наставникот (настава преку предавање), а потоа сѐ повеќе се движи кон форми на настава центрирани на учениците. Со тоа не се комбинира никаква оценка и во никој случај не предлагаме формите центрирани на наставникот потполно да се заменат со настава центрирана кон учениците. Уште повеќе сме на мислење дека изборот на наставни форми и наставни методи треба постојано да се случува во зависност од целите и содржините (при што во карактеристиките  на современото училиште без прашање генерално се вбројува трансферот кон повеќе наставни форми центрирани кон учениците).

Кај површното набљудување се јавува впечаток дека наставата центрирана кон ученикот се поистоветува со зголемена удобност на наставникот. Тоа не е така. Наставникот во адекватните ситуации како што подолу е покажано има навистина една изменета помалку „централна“ улога, меѓутоа неговиот напор преку грижливите подготовки, поддржувањето и придружувањето на индивидуалните процеси на учење во никој случај не е помал.

Основните наставни форми се:

  • настава низ предавање
  • учење водено со откривање (дискусија во одделението)
  • отворено учење, „проширени форми на учење“
  • индивидуална и индивидуализирана настава
  • учење во проекти
наставни форми и форми на учење

активности

типични својства

настава низ предавање опишувања, предавања, читање нешто на глас, известување, образложување, посочување, покажување, прикажување, настава со илустрации/примери, докажување нешто

– Наставникот го посредува материјалот во одделението директно и инструктивно, реакциите на учениците се веднаш препознатливи.

– Сите ученици мора да ја постигнат истата цел – во ист временски интервал во истата просторија и околина на учење, со истиот метод и истите средства.

– На учениците им се посредува зададен материјал во чиј избор тие не учествувале.

учење водено со откривање (дискусија во одделението) дијалог, прашања, импулси, стимул, воведување, поддржување – Променлива игра од а) излагања и стимулации од наставникот и б) прилози од учениците.
отворено учење, „проширени форми на учење “ (неделен план, настава-работилница итн.) наставник: советување, посредување, поддршка ученик: избирање, планирање, поставување прашања, откривање, истражување, дизајнирање, обликување, анализирање, мислење, проверување, контролирање

– Учениците можат да учествуваат во одлучувањето.

– Интересите, потребите и иницијативите на учениците имаат висок приоритет.

– Околината на учење поттикнува активности на учење (флексибилно распоредување на училницата, многу распространет  наставен материјал, ќоше за експерименти, за боење итн.)

-Отворено обликувана околина за учење.

– Учениците можат сами да си изберат од различни теми и материјали.

-Вклучени се надворешни околини на учење.

– Слободен избор на активности за учење.

– Поединечна работа, работа по двајца или во групи.

– Отвореното учење опфаќа и поттикнува автономија, само-одговорност, самоиницијатива, спонтаност и орентирање на контекстот.

индивидуална и индивидуализирана настава

наставникот: дијагноза, воведување, усмерување, поддршка, совет, информации, контрола, надгледување, мотивација

учениците: избор, модификација и развој на работната програма, на материјалот за читање, смисла за постигнувањето, проверка и евалвација

– Наставната околина и околината на учење е проширена на специфичните потреби на учениците (кои од нивна страна се засниваат на предзнаењето, способностите, вештините и талентот, интересите, социјалната и семејната заднина итн.).

– Оптимално усогласување на сите елементи на процесот на учење на индивидуалните потреби и способности на учениците – во однос на побарувањата, целите, постапките, методите, времето, медиумите и помош во учењето (повеќедимензионална спецификација).

– Поддршка преку дидактички материјали и медиуми, компјутер, софтвер за учење, видео клипови, работни листови, модели, слики за учениците, учебници итн.).

– Индивидуализираната настава т.е. индивидуалното учење ја зголемува ефикасноста, ги редуцира времето и работата и бара систематски приод, интелектуална независност и самоодговорност (напротив во односните секвенци не се поттикнати  целите во контекст на социјалната компетенција).

Учење во проекти наставникот: посредување, набљудување, совет, стимулација, поддршка, организација, координација учениците: поставување на цели, соработка, планирање, дискусии, заеднички одлуки, собирање на податоци и информации, поставување на прашања, употреба, испитувања, експерименти, тестови, прилагодување, обликување, креативност, продукција, контрола, евалвација

– При изборот на темата, на пристапот и на задачите одлучувачки се заедничките интереси, желби и цели на учениците.

– Како појдовна точка служи (комплексен)вистински проблем од реалниот свет на искуствата на учениците.

– Продукцијата на резултати и интердисциплинарниот пристап имаат предност.

– Учениците се стимулираат да се навратат на нивните лични искуства, учењето има директна врска со реалноста.

– Долгорочен план кој поминува типичен редослед на етапи и фази (иницијатива – разјаснување на интересите и потребите –усвојување на целите – дефинирање на границите т.е. исклучување на нереалните цели – нацрт на проекти; планирање – дефинитивен план; изведба; преработување и поглед на останатите активности по завршувањето на проектот, контрола и последно дообликување, евалвација).

– Поделба и распоредување на задачи: самостојна работа, работа во парови, во мали и големи групи; соработка.

– Учениците бараат места надвор од училиштето и се консултираат со нивните родители, стручни лица итн.

– Проектната работа ја поттикнува самостојноста и умствената независност, личното и практичното искуство, учењето по пат на откривање и социјалната интеракција со другите.

– Наставните методи и методите на учење во врска со проекти ги охрабруваат учениците да делуваат.