Оценувањето на учениците опфаќа три димензии и три нивоа. Нивното вмрежување и меѓусебна зависност нагледно се објаснува со помош на долунаведниот модел на коцка.

Димензија 1, перспективи: Учениците можат сами да се оценуваат (самооценување) или да бидат оценети од други (туѓо оценување).

Димензија 2, форми на оценување: Ние разликуваме три форми т.е.референтни точки на оценувањето: Оценување на процесот на учење, оценување на успехот на учење и прогностичко оценување. Секоја форма има предности и негативни страни.

Димензија 3, референтни норми: Наставникот при оценувањето може да се ориентира на индивидуална референтна норма (личен пораст на учењето), на објективна референтна норма (ориентирано кон целта на учење) или на социјална референтна норма (споредба со останатите од одделението). Како оценувањето ќе се одрази на натамошниот однос кон учењето на ученикот многу зависи од референтната норма.

Educating_democracy_EN.pdf

Пред да дискутираме за различните димензии, мора да размислиме кои компетенции сакаме да ги оценуваме. Во наставата по образование за демократско граѓанство и човекови права ова прашање ќе се одговори со трите веќе разјаснети компетенции: компетенцијата за анализирање, политичката компетенција за расудување и компетенцијата за дејствување.

Од помош се покажаа следните прашања кои се однесуваат на нормите на јасни и објективни критериуми на вреднување и оценување:

  • Дали при оценувањето на постигнувањата на учениците, го проверуваме навистина суштинското (трајно запомнати информации, факти од примерно значење и преку чистото знаење на факти исто и „Алатите  на мислење и дејствување“, вештините и способностите?
  • Дали нашите оценувања се засниваат на транспарентни критериуми претходно декларирани на учениците (и евентуално разговарани со нив)?
  • Дали барањата за постигнување на контрола на учењето се совпаѓа со нормите од наставниот план?
  • Дали контролата на учење е така структурирана што учениците разбираат кој дел од целите на учење го постигнале?
  • Дали за учениците со различна појдовна позиција се развиени различни типови на контрола на учењето?
  • Дали за учениците со различна појдовна позиција се дефинирани различни степени на постигнати постигнувања (на пр. три нивоа на постигнување, минимален стандард, докази за компетенциите на три степени)?
  • Дали сите барања и критериуми кои мора да бидат исполнети за постигнување на одредени оценки, стандарди или нивоа на компетенции претходно се дефинирани и декларирани?
  • Можат ли учениците во дадениот случај индивидуално да ги прават контролите на учење, доколку тоа се понуди (можат ли на пример сами да го изберат времето на тестот)?