2 – Работно досие 12: Квалитативни индикатори во образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП) во училиштето
Living Democracy » Textbooks » Образование за демократија » Дел 2 – Предавање на демократија и човекови права » Наставна тема 5 – Оценување на учениците, наставниците и училиштата » 2. Задача и клучни прашања за оценување на учениците, наставниците и училиштата » 2 – Работно досие 12: Квалитативни индикатори во образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП) во училиштетоАлатката на Советот на Европа „Сигурност на квалитетот во демократско-политичкото образование“(www.coe.int/edc) содржи редица од индикатори како што се опишани во работното досие 11. Тие се поделени во поттеми и дескриптори кои го опфаќаат т.е. опишуваат квалитетот на ОДГ/ОЧП во едно училиште. Овие критериуми можат да се применат во оценувањето и евалвацијата. Употребата на овие критериуми овозможува споредба помеѓу актуелната состојба – на едно училиште во однос на ОДГ/ОЧП и целите кон кои се стреми.
Следната табела – составен дел на горе наведената алатка – може да се примени за оценување на актуелната состојбата – на ОДГ/ОЧП во едно училиште врз основа на индикаторите за квалитет.44
Области | Индикатори за квалитет | Поттеми, парцијални аспекти |
---|---|---|
Наставен план, предавање и учење |
Индикатор 1 Има ли доказ за соодветно место на ОДГ/ОЧП во целите, политиката и наставните планови или моделот на училиштето? |
|
Индикатор 2 Има ли доказ за тоа дека учениците и наставниците развиваат разбирање за ОДГ/ОЧП и овие принципи ги имплементираат во училишното секојдневие? |
|
|
Индикатор 3 Дали обликувањето и изведувањето на оценувањето внатре во училиштето е во склад со ОДГ/ОЧП? |
|
|
Училишна етика и училишна клима |
Индикатор 4 Ги одразува ли училишната етика ОДГ/ОЧП-принципите адекватно? |
|
Училиштен менаџмент и училиштен развој |
Индикатор 5 Има ли доказ за тоа дека училиштето се раководи според ОДГ/ОЧП-принципите? |
|
Индикатор 6 Располага ли училиштето со осмислен план за развој на училиштето кој се заснива на ОДГ/ОЧП-принципите? |
|
Совет на Европа (2005): Демократско обликување на училиштата во теорија и пракса, Стразбур. линк: http://www.politischebildung.ch/fileadmin/redaktion/Demokratische_Schulgestaltung_in_Theorie_und_Praxis_2_Aufl_20080306.pdf
44. При развивањето на оваа алатка во 2005 година (превод на германски: 2008) индикаторите наведени во табелата се наведени единствено како индикатори на ОДГ. Проширувањето на ОДГ/ОЧП е направено за табелата во актуелната книга. Линк до германскиот превод: http://www.politischebildung.ch/fileadmin/redaktion/Demokratische_Schulgestaltung_in_Theorie_und_Praxis_2_Aufl_20080306.pdf