За оценување на актуелната состојбата – на едно училиште од аспект на ОДГ/ОЧП и во поглед на односот помеѓу теоријата и практиката т.е. помеѓу училишната политика и живеаната демократија, Ви го препорачуваме долунаведениот растер.

Предзабелешка:

Секое училиште во однос на ОДГ/ОЧП би требало да се придржува на следните три принципа:

  • права и должности;
  • активно учество;
  • почитување на различноста.

Во секое училиште има и суштински области во кои следните принципи мора да се ефикасни:

  • стил на раководење/Governance: Менаџмент, одговорност кон јавноста;
  • образование ориентирано на вредности;
  • соработка, комуникација и учество: способност за натпреварување и самоопределување на училиштето;
  • дисциплина на учениците.

Како што покажува следниот растер, во сите суштински области од аспект на трите принципи може да се најдат различни стадиуми на училиштето на патот кон демократијата.

права и должности активно учество почитување на различноста
Стил на раководење/Governance: Менаџмент, одговорност кон јавноста arrows
Образование ориентирано на вредности
Соработка, комуникација и учество
Дисциплина на учениците

Натамошни податоци за разбирање и примена на инструментот „Демократско дизајнирање на училиштата“ ќе најдете под www.coe.int/edc, спореди го исто така и линкот во работно досие 12.