Туѓото оценување и самооценувањето им дозволуваат на учениците да заземат став и да преземат натамошни чекори на учење. И двете форми на оценување можат притоа да помогнат при договарањето на нови цели.

Туѓото оценување на сите нам најдобро ни е познато. При туѓото оценување се добива повратна информација од наставниците, родителите или соучениците.

Кај самооценувањето напротив, се работи за способноста самите да се процениме и да извлечеме заклучок од стекнатото знаење. Самопроценувањето е централен инструмент кој на учениците им дава поголема автономија и ја минимализира нивната зависност од повратна инфомација од наставникот. Учениците кои се способни за реална самопроценка, развиваат подобра слика за самите себе и не дозволуваат толку брзо де бидат расколебани. Помалку се зависни од повратна информација и пофалба и можат подобро да ги класифицираат реакциите на наставниците.

Самооценувањето и туѓото оценување не мора неминовно еквивалентно да отпаднат. И двете форми треба да се тематизираат, споредат и рефлектираат. Еден ученик или една ученичка автоматски не се гледаат така како што наставникот ги забележува. Затоа мора да се образложат и дискутираат различни ставови. Со тоа се корегираат слепи точки, стеснати перспективи или фиксни замисли. Учениците мора постепено да учат како се проценуваат сопствените компетенции и способности, но исто така и како им се дава повратна информација на соучениците, како се прима повратната информација и како таа се дискутира. Низ оваа постепена постапка се зголемува воедно и усогласеноста помеѓу самооценувањето и туѓото оценување.

Educating_democracy_EN.pdf