2 – Работно досие 9: Работа со журнали за учење, дневници, портфолија
Living Democracy » Textbooks » Образование за демократија » Дел 2 – Предавање на демократија и човекови права » Наставна тема 5 – Оценување на учениците, наставниците и училиштата » 2. Задача и клучни прашања за оценување на учениците, наставниците и училиштата » 2 – Работно досие 9: Работа со журнали за учење, дневници, портфолијаПримената на журнали за учење, дневници или портфолија од и преку наставниците со цел рефлексија на сопствената настава е идеален метод за самооценување и добра стартна позиција за дидактичка и педагошка дискусија и евалвација на сопствената дејност.37
Журнал за учење (дневник на учење)
По правило еден журнал за учење е така структуриран што овозможува еден вид на дијалог (на пр. со колешка или колега од сопственото или од друго училиште). Ова е возможно како на хартија, така и во различни електронски форми. Во журналот за учење се регистрираат сопствените искуства, но и личните интерпретации и чувства за одредени лекции, ситуации, начини на однесување или форми на интеракција во форма на дневник. Еден журнал за учење нуди место за сопствени забелешки, но и за забелешки на надворешно лице. Кога се стапува во дијалог со колега и се добива пристап до неговите забелешки, интерпретации и мисли, тоа може да води до многу стимулативна и интензивна размена на мислења за процесот на учење и наставниот процес. За рефлексија на лекциите по ОДГ/ОЧП би требало се разбира исто така колегата или колешката да бидат запознаени со адекватните содржини.
Дневник
Дневникот е протоколарно опишување на процесот без натамошни коментари или лични забелешки. Во дневникот се регистрираат факти кои на наставникот при повторното читање можат да му послужат како импулси за рефлексија. Во оваа смисла, дневникот може да се спореди со дневник или журнал, сепак без елементот на личната интерпретација и на дијалогот. Примената на дневникот има само тогаш смисла, доколку наставникот уште еднаш вистински ги прочита запишувањата и тоа релативно скоро. Доколку предолго се чека може да биде тешко да се сетиме на одредени аспекти од една лекција бидејќи недостигаат забелешки или интерпретации.
Документација/Комуникација во рамките на социјалните медиуми, блогови, четови
Новите технологии и медиуми (компјутери, интернет, E-Mail, социјални медиуми како фејсбук, твитер итн., блогови, четови) се најкомпатибилни со горе опишаните форми и создаваат дополнителни можности (интеграција на слики, аудио и видео фајлови итн.) Особено благодарение на нив возможни се заеднички рефлексии и заедничка размена на мисли на поголеми простори; како помеѓу наставници во слични социо-демографски училишни односи и со слични проблеми на сосема различни места или дури и во различни земји. Видот и обемот на користењето на односните медиуми и можности индивидуално се уредува; палетата се протега од размена на едноставен E- Mail или СМС до елаборирани форми во рамките на форуми на тема и чет-соби.
Портфолио
Портфолиото за наставниците е збирка т.е. документација на материјали кои засегнатиот наставник на пр. во текот на минатата година го создал и составил. Со него можат да се прикажат кулминациите и силните страни на сопствената настава и да бидат видливи областите кои треба да се поправат. Портфолиото е инструмент за документација на компетенциите на наставникот во одредена област. Во модерната едукација и натамошното образование на наставниците портфолијата во меѓувреме се употребуваат како инструменти за квалификација и доказ за постигнувањата. Но портфолијата исто така се и корисни инструменти за рефлексија кои нудат простор и повод за (само)критика и помагаат во евалвацијата на дејството на лекциите, методите, интеракциите со учениците итн. Во портфолиото можат на пр. да се запишат следните елементи:
- кратка биографија на наставникот;
- опис на одделението;
- планирања, протоколи или рефлексии за избраните лекции (заедно со работните листови и работата на учениците);
- резултати од испитувањето;
- лични ставови за сопственото разбирање на наставата по ОДГ/ОЧП;
- производи како видеа или фотографии од одредени наставни секвенци, на пр. во ОДГ/ОЧП;
- пир-повратна информација од колеги и колешки по повод посета на наставата;
- документации од проекти, кои се изведени во рамките на ОДГ/ОЧП или во други контексти.
37. Овде предложените методи може да се применат исто и кај и од учениците и спаѓаат во вообичаените дидактички инструменти во многу европскиземји.