Метод 4: Истражување (барање на информации) во библиотеките
Living Democracy » Textbooks » Образование за демократија » Дел 3 – Методи на образованието за демократско граѓанство(ОДГ) и човекови права (ОЧП) » Наставна тема 2 – Методски пакет за ученици » Метод 4: Истражување (барање на информации) во библиотекитеВо библиотеките ќе најдеш многу корисни информации за твоите истражувања на одредена тема. За да можеш да ги користиш овие информации мора да бидеш во состојба да ги селектираш оние кои што навистина се важни за тебе. Следната чек-листа може да ти помогне во тоа:
1. Што е мојата цел?
- Што треба на крајот од мојата работа да произлезе, како треба да изгледа крајниот производ? Се работи ли за предавање, презентација, извештај или постер?
- Според тоа која цел и производ го планираш мора да побараш и други видови на информации. Доколку сакаш да дизајнираш постер,мораш да побараш слики кои можеш да ги залепиш, за извештај ти требаат точни податоци за одредена тема.
2. Кои информации ми се потребни?
- Запиши сѐ што веќе знаеш за темата (во тоа може да ти помогне ментална мапа, види метод 8).
- Запиши сѐ што би сакал да знаеш за темата (забележи ги овие точки во твојата ментална мапа). Размисли добро за кои аспекти од темата сакаш нешто да дознаеш. Според тоа кој краен производ си го имаш замислено, ќе треба да избереш многу или само неколку аспекти.
3. Како да најдам информации во библиотеките и како да ги сортирам?
- Прашај доколку е потребно една библиотекарка како треба да постапуваш во барањето. Разгледај ги книгите, списанијата, филмовите итн. кои ги најде во библиотеката и потоа одлучи дали во нив ќе најдеш одговор на твоите прашања.
- Кај книгите, од помош е да се погледне во содржината. Во некои книги позади има и алфабетски индекс кој може натаму да ти помогне.
- Забележи си го на посебен лист насловот на книгата или тетратката како и бројот на страниците на кои ги најде информациите. Се разбира дека овие места можеш да ги обележиш и со знак за читање или самолепливо ливче за обележување.
- Често има смисла кога страниците со важни информации или со добри слики се фотокопираат. Но не заборавај да го запишеш насловот на книгата на копијата, инаку потоа повеќе нема да знаеш од која книга потекнуваат информациите.
- Доколку гледаш филм застани го секој пат кога се прикажува нешто интересно.
- Собери ги сите документи и чувај ги во проѕирна папка.
- Маркирај ги најважните информации со маркер.
- Резимирај ги најважните информации за темата на лист хартија со твои зборови.
4. Како да презентирам информации?
Можности: Ти можеш на пример
- да држиш предавање (види за ова метод 11: подготвување и држење на предавање);
- да направиш постер;
- да направиш презентација со компјутер и видео-бим (со PowerPoint или слична програма) (види за ова исто и метод 12: подготвување на PowerPoint-презентации или презентации со фолии за графоскоп);
- дизајнирање на една или повеќе фолии за графоскоп за визуелизација (види за ова исто и метод 12: подготвување на Power Point-презентации или презентации со фолии за графоскоп);
- организирање на изложба;
- дизајнирање на прирачник за твојата презентација (лист со опфаќање на најважните точки);
- подготвување на контрола на учење за твојата презентација на пр. квиз. Така ќе утврдиш дека другите слушаат и нешто учат;
- составување на статија во весник;
- прикажување на видео клипови или филмови на You-Tube
5. Како можам да ги оценам моите истражувања и мојата презентација?
Одговори на следниве прашања:
- дали научи нешто ново?
- дали најде доволно корисни информации?
- кои работни чекори поминаа добро? Што беше тешко?
- што ќе направиш поинаку следниот пат?