РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА

Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА

Наставни планови за демократско граѓанство и човекови права за основно образование…

Read More…

Растење во демократија е книга која е наменета за наставници кои сакаат да го вклучат образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и образованието за човекови права во нивните секојдневни предавања. Секоја од четирите лекции од деветте наставни теми содржи упатства „чекор по чекор“ и вклучува материјали за ученици и основни материјали за наставници. Целосниот прирачник сочинува една годишна наставна програма за ученици од основното образование (одделенија 4-то до 6-то). Бидејќи секоја тема е целина сама по себе, користењето на прирачникот е многу флексибилно. Затоа, погодно е за користење и од страна на уредници на учебници, развивачи на наставна програма, обучувачи на наставници и наставници кои се почетници.

Целта на ОДГ/ОЧП е да ги научи децата да станат активни граѓани кои сакаат да учествуваат во демократското општество. Оттаму, ОДГ/ОЧП дава особено внимание на акцијата и учењето базирано на задачи. Училишната заедница се сфаќа како сфера на автентично искуство, во кое младите луѓе учат како да учествуваат во демократското одлучување и преземање одговорност на рана возраст. Клучните концепти на ОДГ/ОЧП се учат како алатки за учење во текот на целиот живот.

$vol_num
Уредници

Ролф Голоб, Питер Крапф, Вилтруд Вајдингер

Автори

Ролф Голоб и Вилтруд Вајдингер

Книга (2)

Дел 1-6 Образование за демократско општество и човекови права во училишната практика Наставнички концепти, методи, модели и планови

Лектура

проф. д-р Златко Жоглев, проф. д-р Добри Петровски, м-р Пеце Трифуновски

Преведувач

Превод од англиски јазик: м-р Бисера Костадиновска