КОНЦЕПТУАЛНА РАМКА НА ПРИРАЧНИКОТ

Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » Вовед » КОНЦЕПТУАЛНА РАМКА НА ПРИРАЧНИКОТ

1. Основни принципи на ОДГ/ОЧП

Активното учество во општеството најдобро се учи со учествување во истото, не само слушање за истото – на поединците треба да им се дадат можности самите да го истражуваат демократското општество и човековите права тие самите, а не само да им се кажува како да се однесуваат и како да мислат. Образованието за активното учество во општеството не се состои само од апсорбирање на факти, туку се состои од практично разбирање, вештини и склоности, вредности и лични карактеристики. Медиум во сето ова е пораката – учениците можат најмногу да научат за демократското општество од примерите дадени од наставниците и начинот на кој училишниот живот е организиран, како и со помош на формални методи на инструкција.

Овие принципи имаат неколку важни импликации во однос на процесот на учење во ОДГ/ОЧП:

а) Активно учење

Учењето во ОДГ/ОЧП  треба да го истакнува активно учење. Активното учење е учење со работа/активно учествување. Тоа е учење преку учество во одредени ситуации и решавање на проблемите од страна на самите учесници, наместо некој друг да го каже решението. Активното учење по некогаш се нарекува и искуствено учење.

Активното учење е важно во ОДГ/ОЧП бидејќи да се биде граѓанин е практична активност. Луѓето учат за демократијата и човековите права искусувајќи ги, а не сампреку слушање за истите. Во формалното образование ова искуство започнува во училницата, но продолжува низ етосот и културата на училиштето или на факултетот. Тоа понекогаш се нарекува поучување низ демократија или низ човекови права.

Активното учење исто така може да биде постимулативна и помотивирачка форма на учење за разлика од формалната инструкција и може да резултира во потрајно учење – како за возрасните така и за младите – бидејќи учениците се лично инволвирани. Тоа исто така го помага учењето бидејки се фокусира на конкретни примери отколку на апстрактни принципи. Во активното учење, учениците се охрабруваат да извлечат најопшти принципи од конкретни случаеви, а не обратно: на пр. разгледување на различни видови на права врз основа на специфичен случај на права во едно училиште – како на пр.: училишни правила или код на однесување – отколку учење низ апстрактна дискусија за концептот на права.

б) Активности со задавање задачи

Учењето во ОДГ/ОЧП треба да се базира на задачите што самите наставници треба да ги извршат во текот на поучување на ОДГ/ОЧП. Токму поради тоа овој прирачник ги следи принципите на учење со помош на задавање задачи.

Учењето со помош на задавање задачи е важно од неколку причини:

  • Тоа е многу добра форма за активно учење – односно учење со учество.
  • Создава структура за разни видови средини за учење.
  • Го зголемува потребното време за учење бидејќи учениците работат на задачи кои во секој случај ќе мора да ги направат.
  • Содржи проблеми со вистински димензии кои треба да се решат и автентични материјали кои треба да се анализираат.
  • Го прави учењето по значенско и со самото тоа и постимулирачко.
  • Им дава на учениците чувство на сопственост и постигнување

в) Тимска работа

ОДГ/ОЧП става акцент врз колаборативната форма на учење како што се работа во парови, во мали групи или поголеми групи и\или работа во групи со соученици. Работата во тимови е важна бидејќи:

  • Им дава на учениците модел на колаборативна групна работа кој тие можат да го применат во училницата.
  • Ги охрабрува учениците да ги разменат искуствата и мислењата на своите искуства и мислења и, со делење на своите проблеми, помагаат да се зголемат шансите за нивно решавање.
  • Дејствува како спроти тежиште на искуството да се биде сам во училницата

г) Интерактивни методи

ОДГ/ОЧП би требало да се заснова врз интерактивни методи, како дискусии и дебати. Интерактивните методи се важни бидејки:

  • Им помагаат на наставниците да научат како да ги користат интерактивните методи во своето поучување.
  • Тоа претставува начин на охрабрување на наставниците да станат активни учесници во сопствениот професионален развој.

д) Критичко размислување

Правилното ОДГ/ОЧП ги охрабрува учениците сами да размислуваат по одредени прашања за ОДГ/ОЧП, отколку само да добиваат готови одговори од наставниците. Ова е важно бидејќи:

  • Им помага на учениците сами да размислуваат – основен атрибут на демократското општество.
  • Им дава чувство на сопственост и моќ: тие се чувствуваат способни да преземаат одговорност за сите ученици.

ѓ) Учество

ОДГ/ОЧП им дава можност на учениците да придонесат кон сопствениот процес на учење. Колку што е возможно, тие треба да бидат охрабрувани да бидат активни во своето учење, а не да бидат пасивни приматели на знаење – на пр: со одбирање на задачите на кои сакаат да работат, проценување на нивните можности и слаби страни и поставување цели за нивно подобрување.

Учеството е важно бидејќи:

  • Им помага на учениците да научат како да земат поактивно учество во нивниот живот надвор од училиштето.
  • Им дава моќ и чувство на споственост.
На кратко кажано ОДГ/ОЧП е:

  • Активно – се фокусира на учење со земање учество;
  • Задава задачи – структурирано врз вистински ОДГ/ОЧП поучувачки задачи;
  • Колаборативно – вклучува работа во група и кооперативно учење;
  • Интерактивно – се употребува со дискусии и дебати;
  • Критичко – ги охрабрува учениците сами да размислуваат; и
  • Учесничко – им дозволува на учениците сами да придонесат во нивното учење.

 

2. Трите димензии на компетенцијата

Целта на образованието за демократско општество и образованието за човекови права е да се поддржи развојот на компетенциите на три полиња: политичка анализа и суд, употребата на методи, и донесување на политички одлуки и дејствување, кои сите се меѓусебно поврзани и токму поради тоа не смеат да бидат разгледувани посебно.

Во секоја средина на учење – дали свесно или несвесно – секогаш ќе има елементи од сите три компетенции, но не секогаш тие ќе бидат изучувани со иста длабочина. Тоа не е потребно. Некогаш може акцентот да е ставен повеќе на методи, понекогаш повеќе на дејствија и понекогаш повеќе на анализа. Во секоја лекција, ние даваме груба проценка до кој степен сите три компетенции можат да бидат развиени, со користење на табела слична како примерот подолу. Три ѕвезди укажуваат на високо ниво, две ѕвезди на просечно ниво, и една ѕвезда на ниско ниво. Сепак дали некои од компетенциите ќе бидат поважни од предвиденото или не ќе зависи од поучувачките методи и селекцијата на ситуации на учење.

Компетенции во…
… Политичка анализа и суд … Употреба на методи … Донесување на политички одлуки и дејствување
** * ***

Подолу следи краток преглед на трите компетенции во ОДГ и ОЧП. Овој концепт на трите компетенции е доста дискутиран во политичките науки и сеуште нема конкретен одговор на оваа дискусија.2

А.

Компетенција во политичка анализа и суд

Способноста да се анализираат и дискутираат политички настани, проблеми и контроверзни прашања, како и прашања поврзани со економски и општествен развој, со земање предвид аспекти и вредности од предметот за кој се разговара.

Б.

Компетенција во употреба на методи

 

Учење на способности и вештини да се најдат и приберат информации, да се користат средства и медиуми за комуникација, и да се учествува во јавни дебати и донесување на одлуки.

В.

Компетенција во донесување на демократски одлуки и дејствување

Способноста соодветно да се изразат мислења, вредности и интереси во јавноста. Способноста да се преговара и да се прави компромис.

Способноста да се проценат сопствените можности (и слабости) во политичкото учество и да се направи соодветен избор на начин на дејствување.

 V2_P11_MACED

 

 

А. Компетенција во политичка анализа и суд

Целта е да се развие компетенција за анализа на политички настани, проблеми и контроверзни прашања и да се оспособат учениците да ги објаснат причините за нивниот личен суд. Училиштето може да придонесе кон овој процес така што ќе ги подржи учениците преку користење на структурирани приоди кои се базирани на основни концепти за да се постигне повисоко ниво на критичко размислување.

За да им се овозможи на учениците да развијат ваков вид на суд, кој што ќе биде добро осмислен, потребни се следните компетенции:

  • Способноста да се разбере важноста на политичките одлуки за животот на индивидуата.
  • Способноста да се разбере и измери исходот од политичките одлуки – намерни и ненамерни – кои што ги засегаат и оние кои не учествуваат.
  • Способноста да се разбере и објасни идивидуалната гледна точка и онаа на другите.
  • Способноста да се разбере и примени тридимензионалниот модел на политика: а) институционалната, б) содржинската и в) процес – ориентираната димензија.
  • Способноста да се анализираат и проценат различните фази на политичките процеси на микро – ниво (училишен живот), мезо – ниво (средината) и макро – ниво (национална и интернационална политика), со применување и на принципот со демократско управување и принципот на човекови права.
  • Способноста да се презентираат факти, проблеми и одлуки со помош на аналитичките категории, идентификација на главните аспекти и нивно поврзување со фундаменталните вредности на човековите права и демократските системи.
  • Способноста да се идентификуваат социјалните, правните, економските, општествените  и интернационалните состојби, како и интересите и развивањата во дискусиите по однос на постојни контроверзни прашања.
  • Способноста да се разбере и оцени начинот на кој политичките прашања се презентирани во медиумите

Б. Компетенција во употребата на методи

За да се биде способен да се учествува во различни политички процеси, не е потребно само да се има основни познавања за политичките прашања, конституционалните и правните рамки и процесите на донесување одлуки, туку да се има основни компетенции кои се здобиени по други основи (како комуникација, кооперација, работа со информации, податоци, статистика). Специфичните способности и вештини, како што е можноста да се расправа за и против некое прашање, кои што се особено важни за учество во политички настани, мора да бидат научени и промовирани во образованието за демократско општество и образованието за човекови права. Тоа става акцент на учењето со задавање задачи, бидејќи задавањето задачи е најважно за развивање на компетенции. Во ОДГ/ОЧП, соодветните методи за стимулирање или поддршка на контроверзии во јавност се широко распростанети (т.е. дискусии и дебати). За да се биде способен за тоа, потребни се следните вештини:

  • Способноста за независна работа во изнаоѓање, селектирање, употреба и презентирање на информации дадени во медуимите за масовна комуникација и/или новите медиуми на критички и фокусиран начин (со употреба на статистика, мапи, дијаграми, табели, цртежи итн.).
  • Способноста критички да се користат медиумите и да се развијат сопствените медиумски продукти на индивидуата.
  • Способноста за истражување, т.е. да се приберат информации од оригинални извори со помош на анкети и интервјуа.

В. Компетенција во донесување на демократски одлуки и дејствување

Целта на оваа компетенција е да се развие способноста за соодветна и самоуверена интеракција во политичка средина и во јавност. За да биде ова возможно, потребни се следните способности и ставови:

  • Способноста да се искаже сопствениот политички став на адекватен и самоуверен начин и да се усовршат разни форми на дијалог, дебата и дискусија.
  • Способноста да се земе учество во јавниот живот и да се дејствува политички (расправање, дискутирање, дебатирање, водење на дискусија; или подготвување на пишана презентација и визуелни техники за постери, ѕидни весници, распоред за состаноци, писма до уредувачот, пишување на петиции, итн.).
  • Способноста да се препознаат сопствените можности за да се наметне политичко влијание и да се развие способност за коалицирање.
  • Способност за убедување, но и за компромис.
  • Подготвеноста и способноста да се препознаат антидемократски идеи, како и промотерите на истите и соодветно да се одговори на нив.
  • Подготвеноста и способноста за соодветно однесување во духот на разбирањето во интеркултурен контекст.

3. Најважни концепти како основа на деветте лекции

Мислењето и учењето имаат многу заеднички работи со поврзувањето на конкретното со апстрактното. Најважните концепти во овој прирачник, како и оние во прирачниците на ОДГ/ОЧП за основно образование I (том три: Растење/Живеење во демократија) и втор степен на образование – петто до осмо одделение II (том четири: Учествување во демократија), се разработени со користење на конкретни примери и се фокусираат на интерактивните ситуации на учење.

Уметникот којшто ја дизајнираше насловната страна има направено девет делови од сложувалка, по една за секоја глава. Заедно тие ја сочинуваат целата сложувалка. Ова покажува дека деветте концепти се поврзани на многу начини и формираат една значајна целина. Подеднакво е важно да се знае дека секоја глава може да се користи во изолација па така секое делче од сложувалката има суштествена вредност. Сите девет глави заедно имаат потенцијал да создадат поучување за една школска година за ОДГ/ОЧП.

Поговорката вели дека сликата е вредна повеќе од илјада зборови. Оваа сложувалка може многу да му каже на читателот за најважните концепти во овој прирачник, за импликациите при одбирање на дидактички средства и за конструктивното учење.

2. За понатамошни информации, видете го изданието Како сите наставници можат да го помогнат образованието за граѓанство и човекови права: Рамка за развивање на компетенции (2009). Прирачникот може да се спушти или нарача на страната www.coe.int/edc.