II. Активности за ученици
Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » РАБОТНИ МАТЕРИЈАЛИ » II. Активности за ученициПочитувани ученици,
Она што следува се активности кои се наменети за Вас. На страниците кои следуваат има активности кои ќе Ви помогнат и дома и на училиште. Што се тоа активности? Сигурно знаете дека како што можете со алатка да направите нешто, истото можете да го направите и со одредена активност. Во учењето, правење на некоја активност е метод кој ќе ви помогне полесно да научите нешто. Така, кога знаете како да барате информации и како истите да ги презентирате или да подготвите презентација, тогаш сте спремни нешто повеќе.
Вашиот наставник ќе Ви објасни како и кога да ги користите овие активности. Но исто така можете и самите да ги разгледувате активностите кога сметате дека е потребно.
Активностите можат да Ви помогнат при разни ситуации, како на пример:
- Како да барате и прибирате информации;
- Како да ги организирате информациите;
- Како да направите креативно дело;
- Како да ја презентирате својата работа;
- Како да работите со другите ученици.
Секоја активност започнува на засебна страна. Можете да ја читате секоја активност посебно или заедно со некој соученик.
Некои од активностите може веќе и да Ви се познати. Некои од активностите ќе се нови за Вас и ќе ви бидат од помош.
Се надеваме дека ќе уживате во работата и дека ќе Ви биде доста интересно кога ќе ги употребувате овие активности.
- 1. Пребарување во библиотека
Во библиотеките ќе најдете голем број на инфорамции кои ви се потребни кога правите истражување. За да можете да ги користите тие...
- 2. Пребарување на Интернет
За било која тема која ќе ја замислите, можете да најдете информации на Интернет. Треба да размислите како да ја пронајдете најкорисната...
- 3. Правење интервјуа и анкети
Еден начин за да дојдете до информации за една тема е да разговарате со други луѓе и да ги прашате за нивното...
- 4. Интерпретирање на слики
Исто како текстовите, сликите содржат многу информации. Следните насоки ќе ви помогнат да ги интерпретирате и разберете сликите. Дознајте ги информациите за...
- 5. Правење мисловни мапи
Зборовната мапа може да ви помогне да си ги организирате мислите. Ваквите мапи кои се формираат во мозокот може да бидат корисни...
- 6. Правење на постери
Постерот ви дозволува да ја забележите својата работа и да ја презентирате пред своите соученици. Многу е важно постерот да е организиран...
- 7. Одржување на изложби
Изложбите им овозможуваат на група ученици да ја презентираат својата работа со цел другите (соучениците или гостите кои ќе бидат поканети) да...
- 8. Планирање на презентација и презентирање
Можете да презентирате пред вашите соученици, пред родителите или пред другите деца во училиштето. Без разлика пред кој, треба добро да си...
- 9. Подготовка на фолии за графоскоп или Power Point презентација
Power Point презентациите или фолиите за проектор презентација најчесто се користат за време на презентациите и истите правила важат и за двата...
- 10. Пишување на написи за весник
За да можете да ги известите другите за вашата тема, можете да се обидете и да ја играте улогата на новинар и...
- 11. Драматизација
Изведувањето на приказни е добар начин за прикажување и за размислување за животот. Можете и да креирате сцени со помош на слики,...
- 12. Учество во дебати
Дебатата може да ви помогне да осознаете разни аспекти за една тема и да ги разберите предностите и слабостите на контроверзни теми....