3. Правење интервјуа и анкети

Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » РАБОТНИ МАТЕРИЈАЛИ » II. Активности за ученици » 3. Правење интервјуа и анкети

Еден начин за да дојдете до информации за една тема е да разговарате со други луѓе и да ги прашате за нивното познавање на темата за која сакате да истражувате или да ги прашате за нивно мислење.

Може да прашате:

  • Специјалисти – ако сакате да дојдете до некоја специфична информација за темата

или

  • Луѓе кои немаат посебна експертиза за темата но сепак сакате да знаете што размислуваат за темата.

Интервјуата или анкетите најдобро се прават во помали групи. Така можете да си помогнете еден на друг со прашањата и со запишувањето на одговорите.

На листата на проверка, разгледајте ги следните точки:

  • Запишете краток одговор за секое прашање;
  • Обележете на кое прашање немате одговор;
  • Разговарајте за прашања кои бараат отворен одговор во класот.

Чекори:

1. Цел

  • Која е нашата цел? Што сакаме да знаеме?
  • Како треба да изгледа крајниот производ?

2. Подготовка

  • Кој треба да се интервјуира? Колку луѓе? Дали возраста и полот играат улога?
  • Како да ги одбереме вистинските луѓе?
  • Кога треба да се спроведе интервјуто/анкетата?
  • Како треба да се спроведе?
  • Кој треба да го информираме или од кој треба да побараме дозвола?
  • Како ќе бидат забележани одговорите (снимени, забележани, со помош на прашалник)?

3. Прашања

  • Кои прашања треба да ги поставиме?
  • Колку прашања треба да поставиме? Колку време имаме?
  • Составете ги прашањата за да направите анкета.

4. Спроведување на интервјуто/анкетата.

  • Како да започнеме со прашањата?
  • Кој ја има која улога во групата (поставување на прашања, запишување на одговорите, раководење со направата за снимање)?
  • Како да го завршиме интервјуто?

5. Евалуација

  • Ако сте интервјуирале специјалист, размислете за најважната работа која ви ја кажале и запишете ја.
  • Ако сте прашале неколку луѓе за истата тема и сакате да знаете колку од нив го дале истиот одговор, подредете ги одговорите.

6. Презентација

Одлучете дали презентацијата треба да биде за:

  • Споделување во класот; или
  • Пишување на натпис за во весник; или
  • Правење на постер; или
  • Нешто друго.