ГЛАВА 1: ИДЕНТИТЕТ – Јас во мојата средина

Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » ГЛАВА 1: ИДЕНТИТЕТ – Јас во мојата средина

V2_P15

Глава 1: Основен концепт „Идентитет“ (основно ниво)

Основни информации за наставниците: Како самоперцепцијата на учениците влијае на нивниот идентитет, нивното учеството во групи и нивниот поглед на општеството?

„Идентитетот” во психолошки контекст е поврзан со самоперцепцијата (ментален модел на една личност за самиот себе), самодовербата и индивидуалноста. Половиот идентитет е важен дел од концептот на идентитет. Тоа до одредена мера диктира како една индивидуа ќе гледа на себе, и како поединец и во односите со другите, и поради тоа го диктира и потенцијалот кој тој или таа може да го дадат во една група.

“Идентитетот” во социолошки контекст се фокусира на концептот за модел-однесување – пристојно однесување. Во однос на тоа, индивидуата го открива својот идентитет со учење на социјалните улоги и со неговата или нејзиното лично искуство во овие улоги.

Сепак “Идентитетот” најчесто се користи за да се опише личен идентитет – сите нешта кои една личност ја прават уникатна. Во меѓувреме, социолозите најчесто го користат овој термин за да опишат социјален идентитет, или збирот на учествувања во групи кои ја дефинираат индивидуата.

Од ова се гледа дека идентитетот е многу важен на повеќе полиња. Ако идентитетот овде се разгледува во рамките на ОДГ/ОЧП тогаш тој има специфичен карактер: ако луѓето точно ја знаат својата позиција тогаш тие можат да се поддржат еден со друг индивидуално и во група. Тоа е долгорочен процес во кој еден човек постојано се менува. Поради ова, дефинирањето на идентитетот на еден човек или изнаоѓање на истиот мора да биде поддржан од најрана воздраст. Тоа не треба да се прави со дидактички постапки туку со давање можност на индивидуата да се пронајде самата себе, со сите предности и недостатоци кои доаѓаат со тоа. Отворена и демократска држава може да функционира само ако индивидуите можат да бранат други индивидуи, без притоа да се загубат самите себеси во процесот.

Целта на образованието на демократско општество е да се поддржи развојот на компетенциите на овие полиња. Оваа лекција е со следниот компетентски профил:

Компетенции во …
… Политичка анализа и суд … Употреба на методи … Донесување на политички одлуки и дејствување
** *** *
Активности
Во оваа лекција можат да се користат различни активности за поддршка на учениците. Наставникот мора да одлучи дали сите или само неколку ученици имаат потребна дополнителна подготовка за да можат да работат со овие Активности.
0 Пребарување во библиотека
0 Пребарување на Интернет
0 Правење интервјуа и анкети
X Интерпретирање на слики
0 Мисловни мапи
0 Правење на постери
X Одржување на изложби
X Планирање и правање презентации
0 Подготвување фолии за графоскоп или Power Point презентации
0 Пишување написи за во весник
0 Драматизација
0 Учество во дебати

 

Глава  1: Идентитет

Јас во мојата околина

Како самоперцепцијата на учениците влијае врз нивниот идентитет, нивното учество во групи и нивниот поглед на општеството?

Наслов на лекција Цели на учењето Задачи на ученикот Ресурси Методи

Лекција 1:

Што сакам

Учениците ги откриваат своите и способностите и знаењата на другите. Стануваат свесни за ефектите од половите стереотипи. Учениците ги запишуваат своите карактеристики и однесување во четири категории. Ги разменуваат одговорите со своите ученици и ги дискутираат истите. Хартија и моливи, копии од материјалите (табела “сакам и не сакам”) Индивидуална и групна работа, пленарна дискусија

Лекција 2:

Мои персонални симболи (грб I)

Учениците си ја зголемуваат самодовербата со препознавање и вреднување на нивните позитивни страни Учениците создаваат свои лични симболи кои ке бидат дел од грбот на целата група. Тие си поставуваат прашања самите на себе за својата самоперцепција и ги користат јаките страни идентификувани во лекција 1. Учениците формираат групи како предуслов за час 3. Табели од претходната лекција, копии од грбот (две на еден ученик), пенкала во боја, ножици Индивидуална работа, формирање на групи

Лекција 3:

Ова е нашиот грб (грб II)

Учениците стануваат свесни за потенцијалот на своите индивидуални јаки страни кои ги придонесуваат на групата. Изнаоѓаат име и мото за групата. Во групи од по четири ученици, учениците (ова учениците да го нема) ги објаснуваат нивните лични симболи на другите членови на групата. Креираат заеднички грб и се договараат за име, мото и заеднички симбол за групата. Учениците го презентираат својот грб пред класот. Копии од грбот од претходниот час, пенкала во боја, лепило Групна работа (четири ученици во група) и групна презентација

Лекција 4:

Поединци и групи

Низ дискусија, учениците осознаваат дека индивидуалните јаки страни на секој ученик имаат потенцијал во самата група. Ги разбираат концептите на групна работа и поделба на задачите. Можат да идентификуваат групи во општеството каде различни карактеристики треба да се комбинираат за да се биде успешен. Учениците разговараат за своите јаки страни и ги поистоветуваат со други искуства во ситуации надвор од училиштето. Во сесија на Бура на идеи, тие идентификуваат ситуации каде различни способности се потребни за успешноста на групата. Табла или flipchart. Пленарна дискусија.