Час 4: Поединци и групи

Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » ГЛАВА 1: ИДЕНТИТЕТ – Јас во мојата средина » Час 4: Поединци и групи

Силните страни на поединците како потенцијал на општеството

Цели на учењето Низ дискусија, учениците осознаваат дека индивидуалните јаки страни на секој ученик имаат потенцијал на самата група. Ги разбираат концептите на групна работа и поделба на задачите. Можат да идентификуваат групи во општеството каде различни карактеристики треба да се комбинираат за да се биде успешен.
Задачи на учениците Учениците разговараат за своите јаки страни и ги поистоветуваат со други искуства во ситуации надвор од училиштето. Во сесија на Бура на идеи, тие идентификуваат ситуации каде различни способности се потребни за успешноста на групата.
Ресурси Табла или хартиена табла (flipchart)3.
Методи Пленарна дискусија.

Информација

Дискусија, (размена на аргументи, од Латински discussion, т.е. аргумент) е специфична форма на вербална комуникација помеѓу две или повеќе личности во која едно или повеќе прашања се дискутираат, со тоа што секоја страна застапува по едно гледиште. Дискусијата треба да се одвива во духот на меѓусебно почитување. Добар начин за дискутирање бара од учесниците да дозволат другите да си го искажат своето мислење, па дури и да ги охрабрат да го направат тоа, а не само да се наметнува нивното мислење, и внимателно да ги разгледуваат истит,е а не остро и отсечно да ги отфрлаат. Личните квалитети како смиреност, држење и учтивост претставуваат предност и за двете страни. Во најдобар случај, дискусијата ќе доведе до решавање на проблемот или компромис кој ќе биде прифатен од сите вклучени страни.

Во модерните општества, дискусиите се цивилизирани- ненасилни- начини за справување со контроверзија и справување со конфликти на интереси и цели. Токму поради тоа, конфликтите не се потиснуваат туку се решаваат. Со изучување и вежбање на своите вештини за дискусија, учениците го изучуваат основниот елемент за постигнување и одржување на мир во едно општество.

Опис на часот

Учениците седат во своите групи и пред секоја група има flipchart.

Имаат за задача да спроведат дискусија во три чекори (ова исто така може да се виде во материјалот за учениците):

  • Размисли за предностите кои ги нацртавте или напишавте на вашиот грб и напишете ги на flipchart-от.
  • Дискутирајте во кои ситуации овие предности би можеле да и помогнат на твојата група. Размислете за примери и запишете ги.
  • Како трет чекор, размислете за ситуации надвор од училиштето. Каде може овие предности и способности да се од помош? Како индивидуа? Како група?

Кога учениците ќе завршат, тие формираат круг за да ги дискутираат резултатите од пленарната сесија.

Улогата и задачата на наставникот е да ја насочува дискусијата во контекст на тоа учениците да го осознаат концептот на користење на поединечните јаки страни и предности и способности како извор на моќ во групата.

3. Flipchart- постер хартија.