Час/Лекција 2: Јас сум дома во Европа (правење на физичка мапа I)

Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » ГЛАВА 2: РАЗНОЛИКОСТ И ПЛУРАЛИЗАМ – Дома во Европа » Час/Лекција 2: Јас сум дома во Европа (правење на физичка мапа I)

Што знам за Европа

 

Цели на учењето Учениците “ја глумат” Европа на игралиштето во нивното училиште. Го развиваат чувството за далечина и блискост.
Задачи на учениците Учениците прават мапа на Европа на игралиштето во нивното училиште. Најпрво почнуваат со тоа што ги одредуваат границите на секоја земја. Покажуваат од каде доаѓаат.
Ресурси Испечатени копии од мапата на Европа како скица, портрети на земјите, хартија во боја, атлас.
Методи Работа во парови или групна работа.

Информација

Терминот “физичка мапа” се користи во два контексти. Најпрво, физичка мапа во контекстот на картографија опишува мапа која покажува одреден белег кој може лесно да се идентификува како планина, река, езеро, океан и други трајни географски одлики. Второ, терминот физичка мапа исто така се користи во контекст на генетика, каде се опишува колку ДНК разделува два гена и се мери во основни парови, наспроти генетичка мапа.

Во контекстот на овие серии на часови за Европа ние го користиме терминот “физичка мапа” во картографски контекст, но исто така и во многу активна смисла – кога учениците ќе ја “глумат” мапата. Само на тој начин, тешките просторни релации, концептот на граници, должината на реките и височината на планините може да станат разбирливи за учениците од основно училиште. Ова исто така може да им помогне на учениците да ги разберат општествените аспекти на заедничкото живеење на Европскиот континент. Со самото градење и потоа стоење “внатре во” земјите,  учениците може физички да ги осознаат своите соседи и може да ги разберат полесно границите и бариерите, како на пример странски јазици, култура и други различности кои се засебни за секоја земја. Концептот на градење на физичка мапа се поврзува со аспекти на учење со активно учество во процесот и со конкретни искуства.

Опис на часот

Учениците работат во парови за двете земји кои ги имаат избрано за истражување како домашна работа (задача која ја добија на крајот на првиот час). На час ги носат портретите на земјите  и сите информации кои ги имаат за своите земји. Исто така тие ги носат со себе и мапите на Европа.

Целото одделение се состанува на училишното игралиште. Наставникот им дава инструкции на учениците  да изградат физичка мапа на Европа со користење на различни материјали кои им се на располагање. Двајца ученици работат на по една земја. Наставникот ја поставува скицата на мапата и притоа го дефинира просторот во кој учениците можат да работат.

Следно, учениците започнуваат да ги одредуваат границите на земјите. Мора да бидат сигурни дека местоположбата на секоја земја е правилна. Потоа може да ги обележат главните градови и да ги стават знаменцата на мапата.

Откако ќе го направат тоа, секој ученик треба да застане до својата земја и да започне дијалог со ученикот од соседната земја. Треба да разменуваат информации за својата земја. Може да настанат невидливи бариери, како на пример зборување на странски јазик. Како резултат на портретот на земјата кој секој ученик треба да го направи, треба да е можно секој ученик да е способен да размени макар неколку зборови од “својот” странски јазик на земјата која ја застапува. Остатокот од дијалогот треба да се одвива на нивниот мајчин јазик. Учениците треба да се трудат да направат што е можно повеќе дијалози со своите соученици за соседните земји.