ГЛАВА 3: ЕДНАКВОСТ – Малцинства и мнозинства
Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » ГЛАВА 3: ЕДНАКВОСТ – Малцинства и мнозинстваГлава 3: Основен концепт- „Еднаквост” (за основно ниво)
Основни информации за наставниците: како да се подигне свеста за малцинствата и мнозинствата во секојдневниот живот на учениците во основно образование
“Сите различни- сите еднакви” е добро позната изрека во Европа. Таа ја рефлектира една од најосновните вредности на ОДГ/ОЧП, која може да биде искажана и на следниот начин: “Со некои луѓе споделувам многу, а со други споделувам многу малку. Иако со некои од нив имам заеднички карактеристики, не делам друго. Со некои карактеристики од мојот карактер припаѓам на мнозинството, а со некои карактеристики на малцинството”. Кога се подигнува свеста за малцинства и мнозинства кај учениците од основно образование, најпрво треба да се објаснат самите термини. Генерално земено, малцинство е група во една земја која се разликува од поголемиот број на граѓани во таа земја по основ на лични или општествени карактеристики. Во поголем дел од случаевите, малцинството живее во демографска група на одреден дел од територијата (во еден регион, на пример), но исто така таа група може да биде распределена по целата територија или во пограничниот појас. Различните карактеристики на малцинствата најчесто се различниот јазик, етничката позадина или религијата, но понекогаш тоа се морални ставови, полов идентитет или пак општествен статус.
Терминот малцинство најчесто се користи кога една група е доминирана од страна на поголема група, но не се асмилира во таа група. Поради тоа, малцинството најлесно опишува етнички или национални малцинства.
Советот на Европа, Обединетите нации и други интернационални организации имаат усвоено закони за правата на малцинствата. Овие права се почитуваат до одредени граници. Советот на Европа има два обврзувачки инструменти: Конвенцијата за Заштита на Националните Малцинства (ETS број 157, усвоен во 1995) и Европски Чартер за Регионални или Малцински јазици (ETS број 148, усвоен во 1992).
Во 1992, Генералното Собрание на Обединетите Нации исто така ја усови и Декларацијата за Правата на Лица кои припаѓаат на национални или етички, религиозни и лингвистички малцинства. Во 1998, Интернационалното движење против сите форми на Дискриминација и Расизам (IMADR) беше основано во Токио за да се сврти вниманието кон проблемите на расизам и дискриминација на малцинствата. IMADR ги застапува правата на непривилегираните групи.
Во повеќето случаеви, терминот малцинство се користи за да се опише група на луѓе кои се карактеризирани со следните елементи:
- Мала група во споредба со вкупната популација на земјата;
- Имаат недоминантен статус во земјата;
- Поседуваат заеднички карактеристики како етничка група, религија или јазик;
- Чувство на солидарност или идентитет со гледање на себе како на малцинство.
Тешко е да се категоризираат малцинствата. Следните категории најчесто се користат:
- Национални или етнички малцинства: групи на луѓе кои живеат на територија во една земја која е доминирана од друга група на луѓе;
- Лингвистичко малцинство: група на луѓе која зборува на различен јазик од тој на поголемиот број на граѓани во земјата;
- Религиозно малцинство: луѓе со различна религија од поголемиот број на граѓани во земјата, како Протестантите во Ирска, Христијаните во Саудиска Арабија, или Муслиманите во Данска или Германија;
- Полови малцинства;
- Малцинство на постари луѓе;
- Малцинство на помлади луѓе.
Кога се работи на основно ниво со термините малцинство и мнозинство, најважно е да се објаснат овие карактеристики на учениците. Само откако тоа ќе се направи, може да се анализираат статусот и функцијата на малцинството или мнозинството. Концептот на малцинства не е нешто непознато за учениците. Во секојдневнито живот на учениците од основно ниво, тие најчесто искусуваат “припаѓање на” или “неприпаѓање на” малцинство.
Дефиницијата на малцинство во овој контекст се однесува на составот на школската популација. Сериите на часовите кои следат започнуваат со искуствата од секојдневниот живот на учениците и нивните лични искуства со малцинства и мнозинства (лекции 1-3). Во вториот чекор, лекциите се поврзуваат преку малцинства и мнозинства во општеството и распознаваат различни групи (лекција 4). До кое ниво статусот на одделните општествени групи ќе биде анализиран ќе зависи од длабочината на дискусијата, мотивацијата на учениците и целосното академско постигнување на одделението. Не сите малцински групи се непривилегирани. Постојат мали групи во нашите општества кои се многу доминантни поради повеќе причини. Задача на наставникот ќе биде да ја насочува и води дебатата.
Целта на образованието за демократско општество и човекови права е да го поддржи развојот на компетенциите во овие подрачја. Оваа глава го има следниот компетенциски профил:
Компетенции во … |
||
… Политичка анализа и суд | … Употреба на методи | … Донесување на политички одлуки и дејствување |
*** | ** | ** |
Активности | |
Во оваа лекција можат да се користат различни активности за поддршка на учениците. Наставникот мора да одлучи дали сите или само неколку ученици имаат потребна дополнителна подготовка за да можат да работат со овие Активности. | |
0 | Пребарување во библиотека |
0 | Пребарување на Интернет |
X | Правење интервјуа и анкети |
0 | Интерпретирање на слики |
X | Мисловни мапи |
0 | Правење на постери |
0 | Одржување на изложби |
0 | Планирање и правање презентации |
0 | Подготвување фолии за графоскоп или Power Point презентации |
0 | Пишување написи за во весник |
0 | Драматизација |
0 | Учество во дебати |
Глава 3: Еднаквост
Малцинства и мнозинства
Како да се подигне свеста за малцинства и мнозинства во секојдневието на учениците?
Наслов на лекција | Цели на учењето | Задачи на ученикот | Ресурси | Методи |
Лекција 1: Сите различни, сите еднакви
|
Учениците учат да се спознаат и прифатат еден со друг како дел од групата. Учениците откриваат што имаат заедничко за што не биле свесни претходно. Тие стануваат свесни за ставовите и навиките кои се однесуваат на различноста. | На учениците им се претставуваат серија на карактеристики една по една. Тие треба да одлучат дали ги поседуваат сите овие карактеристики. Откако ќе ги воочат своите карактеристики и оние на нивните соученици, ги дискутираат прашањата кои се однесуваат на еднаквоста. | Креда или конец за цртање или правење на линија на подот. | Групна работа, пленарна дискусија. |
Лекција 2: Дали е фер? (истражување) |
Учениците стануваат свесни за ситуацијата во нивното училиште со набљудување на другите ученици за време на одморите. | Учениците спроведуваат истражување на училишното игралиште со броење на бројот на ученици кои учествуваат во разни активности. Ги запишуваат резултатите и прават интервјуа со учениците кои не учествуваат во ниту една активност. | Копија од табелата за правење белешки на училишното игралиште, пенкала. | Група од четири ученици. |
Лекција 3: Дали е фер? (пост-истражување) |
Учениците ги разгледуваат добиените податоци и ги анализираат и интерпретираат интервјуата. Доаѓаат до заклучок за малцинството и мнозинството во нивното училиште. | Откако ќе ги соберат податоците на квантитативен и квалитативен начин, учениците ги анализираат и интерпретираат резултатите. Работат со статистика и ги презентираат своите резултати пред своите соученици. | Белешки од втората лекција/час, копии од статистиката, табела, пенкала во боја, постери, лепак. | Група од четири ученици, презентации. |
Лекција 4: Матрица на моќта |
Во пленарна дискусија, учениците осознаваат дека постојат неколку малцински групи, како и мнозински групи во нивната земја. Разбираат дека чувството на исклученост може да биде резултат не само на тоа како останатите членови на општеството ги гледаат, но исто и од тоа како членовите на сопствената група гледаат на нив. | На учениците им се претставени разни картички кои ги покажуваат групите во општеството- со тоа што некои групи припаѓаат на малцинството, а некои на мнозинството. Ги сортираат картичките според тоа што мислат која група припаѓа на малцинство или мнозинство. Доделуваат картички на “моќ”(голема или мала моќ) на групите. Во пленарната сесија, тие дискутираат кој ефект може да го има припаѓањето на малцинство или мнозинство. | Картички со зборови, картички за искажување на “моќ”. | Пленарна дискусија. |
- Час/Лекција 1/Час 1: Сите различни, сите еднакви
We accept each other in a group...
- Час/Лекција 2: Дали е фер? (истражување)
Minorities and majorities in the school playground...
- Час/Лекција 3: Дали е фер? (пост-истражување)
Minorities and majorities in the school playground...
- Час/Лекција 4: Матрица на моќта
Малцинства и мнозинства во нашата земја Цели на учењето Во пленарна дискусија, учениците осознаваат дека постојат неколку малцински групи како и мнозински...