ГЛАВА 4: КОНФЛИКТ – Правила за решавање на конфликти
Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » ГЛАВА 4: КОНФЛИКТ – Правила за решавање на конфликтиГлава 4: Основен концепт- “Конфликт” (за основно ниво)
Основни информации за наставниците: разрешување на конфликти во основното образование
Од секојдневието во училиштето може да се земат голем број на примери за тоа како да се разрешат конфликтните ситуации. Најголем дел од конфликтите се јавуваат како резултат на одредено однесување на учениците или нивната неспособност да го издржат притисокот. Такви примери за конфликтни ситуации се:
- Одземање на предмети од некој друг;
- Туркање или ненамерно допирање со некој друг;
- Нервирање еден со друг;
- Додевање на другите ученици;
- Малтретирање на учениците еден со друг;
- Многу полоши форми како мобинг или физичко насилство/ емоционално злоставување.
Учениците на основно ниво на образование ги учат стратегиите за разрешување на конфликти кои се различни од оние кои ги користат возрасните. Стратегиите исто така се разликуваат во зависност од возраста на учениците на основно ниво од образованието. Помладите имаат тенденција да искористат стратегии за разрешување на конфликтите како физичка реакција (удирање, итн.), агресивни реакции, гласни вербални расправии, барање помош од возрасен, напуштање на местото/ конфликтната ситуација, предавање и откажување, преправање дека ништо не се случило или симболичен гест (како ракување, подарок, итн.).
Постарите ученици од основно ниво на образование (10 години и нагоре) имаат тенденција да користат поинакви стратегии за разрешување на конфликти, како игнорирање на конфликтот, меѓусебни разговори, изнаоѓање на заедничко решение со разгледување на двете гледишта, согледување кој е во право и со тоа кој “победил”, како и преговарање сè додека сите вклучени во конфликтот не се задоволни со решението.
Експертите разликуваат три најважни вида на разрешување на конфликти:
- Физичко разрешување на конфликт;
- Еднострано разрешување на конфликт (преправање дека ништо не се случило или симболичен гест (како ракување, подарок, итн.);
- Кооперативно разрешување на конфликт (само-рефлективно размислување, или способност да се согледаат двете гледишта).
Лекциите во оваа глава ги земаат предвид овие стратегии за разрешување на конфликти и се базираат на овие гледишта во склоп на развојната психологија. Тие се најважниот елемент во обидот да им се помогне на учениците да развијат сфаќања за индивидуални, како и за најопшти конфликти и проблеми, и да им помогне да ја сфатат разликата помеѓу јавни добра и приватни добра. Решението на овие проблеми ќе влијае на поголема група на луѓе ако припаѓаат на категоријата на општи проблеми или конфликти или, на истиот начин, решението на индивидуален проблем или конфликт треба да ја засегне само индивидуата и никој друг.
Во основното училиште, конфликти како тие опишани погоре најчесто може да се појават како резултат на инфраструктура (немање доволно простор), пол (врската момче- девојче), заедничката работа (различна брзина на работа, различни нивоа, итн.), или како резултат на социјално однесување (недозволување на некој да ја заврши мислата, итн.). Кога ќе се спроведуваат овие четири часа за конфликт, наставникот мора да биде свесен дека работата на тема која не е така лесна за разбирање нема да оди така лесно во училницата. И покрај одредувањето и договорите за правила во училницата или правила на комуникација, проблеми и конфликти можат повторно да се јават. Затоа, конфликтот и разрешувањето на конфликтот, како и свесноста за конфликтите кои можат да се појават во секојдневниот училишен живот, е аспект на кој наставникот треба постојано да се навраќа. Само доколку учениците станат активни учесници во дискусијата за поставување на правилата, ќе се способни да се иденификуваат со нив.
Целта на образованието за демократско општество и човекови права е да го поддржи развојот на компетенциите во овие подрачја. Оваа глава го има следниот компетенциски профил:
Компетенции во … | ||
… Политичка анализа и суд | … Употреба на методи | … Донесување на политички одлуки и дејствување |
*** | *** | *** |
Активности | |
Во оваа лекција можат да се користат различни активности за поддршка на учениците. Наставникот мора да одлучи дали сите или само неколку ученици имаат потребна дополнителна подготовка за да можат да работат со овие Активности. | |
0 | Пребарување во библиотека |
0 | Пребарување на Интернет |
0 | Правење интервјуа и анкети |
0 | Интерпретирање на слики |
X | Мисловни мапи |
0 | Правење на постери |
0 | Одржување на изложби |
X | Планирање и правање презентации |
0 | Подготвување фолии за графоскоп или Power Point презентации |
0 | Пишување написи за во весник |
0 | Драматизација |
X | Учество во дебати |
Глава 4: Конфликти
Правилата помагаат да се разреше конфликтот
Разрешување на конфликти во основно ниво на образование
Наслов на лекција | Цели на учењето | Задачи на ученикот | Ресурси | Методи |
Лекција 1: Се е во ред! Дали навистина е? |
Учениците развиваат разбирање за јавните добра и приватни -индивудални добра со помош на идентификување и разликување на проблемите кои ги забележуваат во одделението. | Учениците ги забележуваат проблемите (на памет) и ги класифицираат во категории на општи проблеми и индивидуални проблеми. | Мали парчиња хартија, пенкала, информација за класификација на двете групи проблеми. | Индивидуална работа, пленарна дискусија. |
Лекција 2: Ние правиме вака |
Учениците размислуваат за нивните механизми за разрешување на конфликти и развиваат разбирање за различните гледишта и различните личности и однесувања. | Учениците даваат свои размислувања за проблемите и генерираат предлози за решенија. | Flipchart, пенкала. | Групна работа. |
Лекција 3: Листа идеи |
Учениците учат како да формираат аргументи во една дебата. Учат како да ги изложат придобивките и негативните страни во текот на една дискусија и да разберат како функционира мнозинството. | Учениците ги претставуваат своите предлози за решенија и одлучуваат за создавање на општи правила во училницата. | Flipchart, пенкала. | Пленарна дискусија. |
Лекција 4: Нашиот договор за правила |
Учениците осознаваат и учат како да се идентификуваат со најопшто формулиран аргумент. | Учениците ги запишуваат општите правила и ги потпишуваат своите имиња до нив. Ги дискутираат механизмите за контрола и можните последици. | Flipchart, пенкала. | Пленарна дискусија. |
- Час/лекција 1: Се е во ред! Дали навистина е?
Кои проблеми/конфликти може да се ги воочиме во нашето одделение? Цели на учењето Учениците развиваат разбирање за јавните добра и приватни-индивудални добра...
- Час/лекција 2: Ние правиме вака
Какви решенија имаме за проблемите? Цели на учењето Учениците размислуваат за нивните механизми за разрешување на конфликти и развиваат разбирање за различните...
- Час/лекција 3: Листа на идеи
За кои решенија се залага мнозинството? Цели на учењето Учениците учат како да формираат аргументи во една дебата. Учат како да ги...
- Час/лекција 4: Нашиот договор за правила
Како ги утврдуваме заедничките правила? Цели на учењето Учениците осознаваат и учат како да се идентификуваат со најопшто формулиран аргумент. Задачи на...