Час/лекција 1: Се е во ред! Дали навистина е?

Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » ГЛАВА 4: КОНФЛИКТ – Правила за решавање на конфликти » Час/лекција 1: Се е во ред! Дали навистина е?

Кои проблеми/конфликти може да се ги воочиме во нашето одделение?

Цели на учењето Учениците развиваат разбирање за јавните добра и приватни-индивудални добра со помош на идентификување и разликување на проблемите кои ги забележуваат во одделението.
Задачи на учениците Учениците ги забележуваат проблемите (на памет) и ги класифицираат во категории на општи проблеми и индивидуални проблеми.
Ресурси Мали парчиња хартија, пенкала, информација за класификација на двете групи проблеми.
Методи Индивидуална работа, пленарна дискусија.

 

Опис на часот

Наставникот го пишува насловот на лекцијата „Се е во ред! Дали навистина е?” на табла. Учениците добиваат задача да размислуваат за сè она што мислат дека не е во ред во нивната училница. Кога им се задава задачата на учениците, наставникот треба да ги напомене различните полиња каде проблемите или конфликтите може да се појават:

  • Кога се работи заедно со другите соученици;
  • Помеѓу момчиња и девојчиња;
  • Кога се делат работи- како на пример истата маса или истата соба;
  • Другарување со некој.

Учениците ги запишуваат проблемите или конфликтите на кои можат да се сетат на мали парчиња на хартија и самите одат до таблата и ги закачуваат на неа.

Откако ќе ги стават сите парчиња хартија на таблата, учениците седнуваат во круг пред таблата.

Следно, наставникот треба да наспомни дека постојат два различни видови на проблеми- индивидуални проблеми и општи проблеми. Наставникот дава примери за секој вид: на пример, преголемата врева во училницата може да биде општ проблем, но немање на доволно простор на масата може да биде индивудален проблем. Наставникот ги чита и дискутира проблемите кои се наведени на ливчињата на таблата и се обидува да ги подреди во соодветните категории. За да го направи тоа, наставникот има подготвено два листа хартија со кратко објаснување на “општи проблеми и конфликти” и “индивидуални проблеми и конфликти”. Наставникот ги става двете ливчиња хартија на врвот на таблата со цел да се направат две колони.

Откако учениците ќе завршат со подредување на проблемите и конфликтите по колони, наставникот започнува дискусија за тоа кои од наведените проблеми и конфликти можат да бидат разрешени.