ГЛАВА 5: ПРАВИЛА И ЗАКОН – Основи на заедничко живеење
Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » ГЛАВА 5: ПРАВИЛА И ЗАКОН – Основи на заедничко живеењеГлава 5: Основен концепт- “Правила и закони” (за основно ниво)
Основни информации за наставниците: договор за поставување на демократски принципи- нашите нови училишни правила
Во последните години, се води дискусија во врска со демократските принципи. Според денешните сфаќања, што е демократија? Дали постојат добри и лоши демократии? Дали е доволно ако една држава има демократско уредување? Многу групи и партии се нарекуваат демократски и го вклучуваат зборот “демократија” во своето име. Што покажува тоа? Што им значи тоа на членовите на тие групи?
Во принцип, јасно е дека демократијата не може да биде наметната. Демократијата бара постоење на правна рамка, устав и различни видови на договори за да може да функционира. Таа ќе биде ефективна само ако се почувствува потреба граѓаните учествуваат во своето општество. Учествувањето може да биде на најразличен начин и во различни сфери; исто така тоа се прави различно во различни држави. Во принцип, демократијата значи дека луѓето треба да ги создаваат правилата според кои сакаат да живеат. Во идеална средина, во тие процеси учествуваат колку што е можно повеќе луѓе. Што сакаме да регулираме? Кој треба да се придржува до овие правила? Зошто ни е потребно ова или она правило? Како ќе се однесуваме кон непочитувањето на правилата и законите?
Во оваа глава, учениците не само што учат за најважните принципи на демократијата, туку исто така им се дава практично искуство во демократијата. Искуството покажува дека учениците стануваат повеќе свесни и повеќе одговорни ако се интегрирани во процесот на донесување на одлуки. Група на луѓе кои живеат заедно и кои поминуваат време заедно создаваат правила кои го регулираат заедничкото живеење. Децата и адолесцентите најголем дел од времето заедно го поминуваат во училиште. Во оваа глава станува јасно дека училиштето е место каде луѓе со различни потреби “живеат” и учат заедно, и дека ова заедничко живеење мора да биде на некој начин регулирано. Конфликтите – кои се сосема нормални – мора да бидат разрешени и интересите на малцинствата мора да бидат застапени.
Демократијата најчесто се поистоветува со идејата каде секој може да прави што сака. Поединците се залагаат за своите права затоа што тоа е нивниот концепт за слобода. Таков вид на концепт не се совпаѓа со принципот на демократија. Демократијата се базира на идејата дека правилата и законите се направени со помош на процесите на вклученост, кои се транспарентни за секој. Овие правила и закони исто така можат да бидат променети. Овие принцпи се тема на следната глава.
Целта на образованието за демократско општество и човекови права е да го поддржи развојот на компетенциите во овие подрачја. Оваа глава го има следниот компетенциски профил:
Компетенции во … | ||
… Политичка анализа и суд | … Употреба на методи | … Донесување на политички одлуки и дејствување |
** | * | *** |
Активности | |
Во оваа лекција можат да се користат различни активности за поддршка на учениците. Наставникот мора да одлучи дали сите или само неколку ученици имаат потребна дополнителна подготовка за да можат да работат со овие Активност. | |
0 | Пребарување во библиотека |
0 | Пребарување на Интернет |
0 | Правење интервјуа и анкети |
0 | Интерпретирање на слики |
X | Мисловни мапи |
0 | Правење на постери |
0 | Одржување на изложби |
X | Планирање и правање презентации |
0 | Подготвување фолии за графоскоп или Power Point презентации |
0 | Пишување написи за во весник |
X | Драматизација |
X | Учество во дебати |
Глава 5: Закони и правила
Основата на заедничкото живеење
Договор за основите на демократските принципи- нашите нови училишни правила
Наслов на лекција | Цели на учењето | Задачи на ученикот | Ресурси | Методи |
Лекција 1: Зошто ни се потребни правила и закони? |
Учениците размислуваат за своите лични ставови и верувања во однос на постоечките правила. Дискутираат за важноста од постоење на правилата за заедничко живеење и работење. Развиваат разбирање за потребата од правилата. | Учениците учествуваат во симулација на игра и го искусуваат функционирањето на правилата. Прават листа со идеи за важноста на правилата и ја споделуваат. Учениците ги поврзуваат училишните правила со своите права и одговорности во училиштето. | Меки топчиња, flipchart, пенкала, материјали за учениците, листа со училишните правила. | Групна работа, пленарна дискусија, работа во парови. |
Лекција 2: Што ќе се случи ако…? |
Учениците дискутираат за последиците од кршење на правилата. Тие ги разгледуваат училишните правила во однос на принципите на еднаквост, фер односи, учество и почит. | Учениците играат игра со улоги во која училишните правила не се почитувани. Ги анализираат постоечките училишни правила и ги дискутираат и запишуваат вистинските и можните последници од нивното непочитување. Тие покажуваат што е тоа што би сакале да го променат во училишните правила, зошто би го променале тоа и како. | Лепенки, пенкала, flipchart, листа со училишните правила за секоја група, верзија од училишните правила напишани со големи букви на таблата или на flipchart-от. | Играње улоги во групи, пленарна дискусија, групна работа. |
Лекција 3: Нашите нови училишни правила |
Учениците учат како да направат еден општ сет од правила кој ќе биде обврзувачки за сите во училиштето. Тие разговараат за реални начини за интегрирање на тие правила во секојдневието на училиштето. | Учениците прават договор за правилата кои се прифатени од страна на мнозинството и дискутираат и разгледуваат можности за интегрирање на гледиштата на малцинството. | Flipchart, пенкала, картички за гласање, листа со училишните правила на таблата или flipchart-от, ливчиња хартија. | Работа во групи, пленарна дискусија. |
Лекција 4: Капмања за нашите нови училишни правила |
Учениците ја разбираат важноста на критериумите за добри закони. Учат како да направат кампања за новите правила. | Учениците собираат различни критериуми за правење на добри правила. Ги тестираат новите правила според овие критериуми. Го прават конечниот договор и го потпишуваат. Го презентираат пред другите одделенија во училиштето. | Flipchart, материјали за учениците, пенкала, копии од договорот за другите одделенија, резултати од активноста Бура на идеа од првиот час. | Работа во парови, пленарна дискусија, презентација пред другите одделенија. |
- Час/лекција 1: Зошто ни требаат правила и закони?
What kinds of rules are necessary for learning, living and playing together in school?...
- Час/лекција 2: Што ќе се случи ако...?
Not sticking to the rules has consequences...
- Час/лекција 3: Нашите нови училишни правила
Создавање на заеднички договор Цели на учењето Учениците учат како да направат еден општ збир од правила кој ќе биде обврзувачки за...
- Час/лекција 4: Кампања за нашите нови училишни правила
Евалуација на новите правила и нивно презентирање Цели на учењето Учениците ја разбираат важноста на критериумите за добри закони. Учат како да...