ГЛАВА 6: МОЌ И АВТОРИТЕТ – Јас сум главниот! Навистина?
Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » ГЛАВА 6: МОЌ И АВТОРИТЕТ – Јас сум главниот! Навистина?Глава 6: Основен концепт- “Моќ и авторитет” (за основно ниво)
Основни информации за наставниците: легитимна моќ- принципи на делегирање на основно ниво
Учениците на 10-годишна и поголема возраст знаат да размислуваат во апстрактни термини. Можат да препознаваат и развиваат структури во својата околина и можат да прават разлика помеѓу своите лични интереси и интересите на другите. Како што растат, сè повеќе ќе можат да го прават тоа.
Започнувајќи од 10-годишна возраст, учениците почнуваат да ја разбираат врската помеѓу времето и просторот, како и да ја развиваат способноста за искажување и примање чувства и да ги препознаваат нормите. До оваа возраст, учениците веќе ја имаат запознаено својата животна околина и започнуваат да се интересираат за непознатото. Нивната перцепција за социјалните системи (здруженија, клубови, младински групи, итн.) стануваат подетални и токму поради тоа се повеќе мотивирани и инволвирани во одбрана на другите луѓе и лобирање за нивните интереси.
Животот во заедницата, во класот и училиштето станува поважно. Како е организиран животот во локалната заедница? Кои правила се важни? Кој ги поставува овие правила и кој одлучува за нив? Кој може да ги промени тие правила?
Во потрага по одговори на овие прашања, не е потребно само да се познава политичкиот систем на заедницата, или во поширока смисла, на државата, туку исто така способноста да се влијае врз структурите и процесите во заедницата – со други зборови, да се живее во демократија.
Особено на второто ниво, од 5то до 8мо одделение, условите за започнување на проекти кои ќе се одвиваат надвор од училиштето и во кои тие ќе учествуваат се многу позитивни за развојната психологија на децата. Учениците можат да препознаат циклус на политички процеси и да ги разберат процесите на донесување на одлуки. Исто така, повеќето од одлуките кои се однесуваат на децата на таа возраст се носат на ниво на заедница (како превоз, слободни активности, итн.). Учениците може да стекнат важни претстави ако се охрабрени да преземаат одредена општествена одговорност и ако се чувствуваат одговорни за дел од нивниот училишен живот. Со обработка на теми како делегирање, тие можат да стекнат одредено искуство на учество и одговорност во нивниот секојдневен живот. Колку повеќе учениците на таа возраст имаат реални искуства, и колку повеќе учествуваат во ситуации во кои можат да имаат влијание врз влијателни политички процеси, толку е поголема веројатноста дека тие ќе учествуваат во процеси на донесување на одлуки понатаму и ќе развијат чувство за одговорност во општеството.
Моќта и авторитетот – принципот на делегирање – е еден чекор до развивање на свеста. Следната серија на часови ги визуелизира политичките процеси во училиштето на начин кој е аналоген на оние надвор од училиштето. Во тој поглед, избирањето на одговорно лице во класот не треба да е изолирана активност, туку нешто што треба да претставува модел. Во споредба со училишните активности како замислени избори, каде учениците глумат или ја повторуваат глумата за политички избори, избирањето на одговорно лице на класот би требало да има влијание на секојдневниот училишен живот.
Целта на образованието за демократско општество и човекови права е да го поддржи развојот на компетенциите во овие подрачја. Оваа глава го има следниот компетенциски профил:
Компетенции во … | ||
… Политичка анализа и суд | … Политичка анализа и суд | … Политичка анализа и суд |
** | *** | ** |
Активности | |
Во оваа лекција можат да се користат различни активности за поддршка на учениците. Наставникот мора да одлучи дали сите или само неколку ученици имаат потребна дополнителна подготовка за да можат да работат со овие Активности. | |
0 | Пребарување во библиотека |
0 | Пребарување на Интернет |
0 | Правење интервјуа и анкети |
0 | Интерпретирање на слики |
0 | Мисловни мапи |
0 | Правење на постери |
0 | Одржување на изложби |
X | Планирање и правање презентации |
0 | Подготвување фолии за графоскоп или Power Point презентации |
0 | Пишување написи за во весник |
0 | Драматизација |
X | Учество во дебати |
Глава 6: Моќ и авторитет
Јас сум главниот! Дали навистина?
Легитимна моќ- принципот на делегирање за основно ниво
Наслов на лекција | Цели на учењето | Задачи на ученикот | Ресурси | Методи |
Лекција 1: Суперхерој? |
Учениците размислуваат за концептот на одговорност и авторизација преку дискусија за позицијата одговорна личност на класот. | Учениците дискутираат за одговорностите, компетенциите и позицијата одговорна личност на класот. | Flipchart, пенкала, работни материјали за учениците, голема слика од суперхерој. | Индивидуална работа, групна работа, пленарна дискусија. |
Лекција 2: Добри момци, лоши момци…? |
Учениците разбираат дека една личност може да застапува цела група на луѓе. Тие развиваат разбирање за концептот на делегирање на моќ и одговорност. | Учениците ги споредуваат своите идеи со шема на политичко застапување во една демократија. Тие дискутираат за своите погледи на политичарите и ги споредуваат со ставовите кои другите луѓе ги имаат за нив. За да го направат тоа прават кратки интервјуа. | Шема на политичко застапување, пенкала, хартија. | Индивидуална работа, групна работа, пленарна дискусија. |
Лекција 3: Една личноста прави сè, другите не прават ништо? |
Учениците размислуваат за одговорностите и компетенциите на разните позиции и го разбираат процесот на избори и последиците од истите. | Учениците ги претставуваат резултатите од своите интервјуа пред класот. Ги дефинираат одговорностите и компетенциите на различните позиции и избираат ученик како одговорен/ претседател на класот. | Flipchart; пенкала, картички за избори, листа на заинтересирани ученици за позицијата претседател на класот, печатени копии од работните материјали за учениците. | Пленарна дискусија. |
Лекција 4: Делење на моќта |
Учениците се запознаваат со концептот на повторно избирање и деселекција. Тие размислуваат за критериумите за дефинирање на системот на претставување. | Учениците дискутираат и ги дефинираат критеримуите кои им дозволуваат да ја контролираат работата на претседателот на класот. | Flipchart; пенкала. | Пленарна дискусија. |
- Час/Лекција 1: Суперхерој?
What should the position of the head of the class be?...
- Час/Лекција 2: Добри момци, лоши момци?
Која е позицијата на политичарите во една демократија? Цели на учењето Учениците разбираат дека една личност може да застапува цела група на...
- Час/Лекција 3: Една личност прави сè, а другите не прават ништо?
Кој ќе ја игра која улога во системот на претставување? Цели на учењето Учениците размислуваат за одговорностите и компетенциите на разните...
- Час/Лекција 4: Делење на моќта
Кои критериуми го дефинираат системот на претставување? Цели на учењето Учениците се запознаваат со концептот на повторно избирање и деселекција. Тие размислуваат...