Час/Лекција 3: Една личност прави сè, а другите не прават ништо?

Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » ГЛАВА 6: МОЌ И АВТОРИТЕТ – Јас сум главниот! Навистина? » Час/Лекција 3: Една личност прави сè, а другите не прават ништо?

Кој ќе ја игра која улога во системот на претставување?

 

Цели на учењето Учениците размислуваат за одговорностите и компетенциите на разните позиции и го разбираат процесот на избори и последиците од истите.
Задачи на учениците Учениците ги претставуваат резултатите од своите интервјуа пред класот. Ги дефинираат одговорностите и компетенциите на различните позиции и избираат ученик како одговорен/ претседател на класот.
Ресурси Flipchart; пенкала, картички за избори, листа на заинтересирани ученици за позицијата претседател на класот, печатени копии од работните материјали за учениците.
Методи Пленарна дискусија.

Опис на часот

Учениците ги носат одговорите од спроведените интервјуа од претходниот час.  Тие ги презентираат нивните одговори со техника каде секој ученик кажува само по една реченица. Наставникот ги запишува одговорите  за компетенциите на политичарите на таблата или на flipchart-от за да можат учениците да ги визуелизираат добиените одговори.

Како втор чекор, наставникот се навраќа на прашањето за претседател на класот како политичка функција. Листата со имиња на сите заинтересирани за таа функција се става на табла. Наставникот им објаснува дека за да знаат за кој да гласаат, класот мора да знае повеќе за идниот претседател на класот и за неговите или нејзините компетенции и идеи. Се бара од кандидатите да направат мала презентација за самите себе која нема да трае подолго од две минути. Фокусот на нивната презенатција треба да биде “За што се залагам”.

Откако сите кандидати ќе се претстават, учениците треба да имаат шанса да постават прашања. Тие можат да се обратат кон еден ученик, но исто така можат да поставуваат прашања кои ќе треба да бидат одговорени од сите кандидати.

Потоа учениците гласаат за кандидатите. Наставникот им претставува два вида на избори: јавно и тајно гласање. Учениците треба да одлучат кој вид на гласање ќе го спроведат.

Ако се одлучат на тајно гласање, треба да користат избирачки картички на кои ќе го напишат името на кандидатот за кој сакаат да гласаат. Потоа треба да ги стават сите картички во кутија. Двајца ученици треба да бидат одговорни за броење на гласови и да ги запишат резултатите на табла или на flipchart-от.

Учениците кои ги бројат гласовите го прогласуваат ученикот кој добил најмногу гласови, односно ученикот кој ќе биде претседател на класот , но и името на второпласираниот, односно заменик-претседателот.

Наставникот им ја дава следната домашна задача на учениците: “Одете дома и прашајте ги вашите родители кога последен пат гласале на избори, какви биле изборите, каде се одржале и како биле организирани тие избори”. (Наставникот треба да внимава да не им даде инструкции на учениците да дознаат за кого гласале нивните родители). За оваа задача се користи ливчето од работниот материјал од комплетот работен материјал за учениците.