Час/лекција 2: Училиштето е живот: живеење во екологија?

Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » ГЛАВА 7: ОДГОВОРНОСТ – Јас сум за екологија … моето училиште се приклучува! » Час/лекција 2: Училиштето е живот: живеење во екологија?

Колку е еколошко нашето училиште?

Цели на учењето Учениците сфаќаат дека нивното училиште не е само место за учење, туку и место за живеење. Планираат да преземат (еколошка) одговорност за овој “простор за живеење”.
Задачи на учениците Се планираат и развиваат разни можности за еколошко однесување.
Ресурси

Работен материјал.

 

Методи Групна презентација, пленарна дискусија.

 

Информација

Учењето за екологијата значи да се живее еколошки. На тој начин, училиштето станува место каде тие се активни граѓани. Активното граѓанство најдобро се учи со земање учество – поединците треба да имаат можност да истражуваат прашања од демократското граѓанство и човековите права за самите себе, а не само да им се каже како мораат да се однесуваат и да размислуваат.

Образованието за активно граѓанство не е само апсорпција за фактичкото знаење – во овој случај како да се заштити околината и да се спречи понатамошна штета – туку за практично разбирање, вештини и способности, и карактери и вредности.

Медиумот е пораката – учениците учат колку што е можно повеќе за демократското граѓанство со примери кои им се дадени од страна на наставниците и нивните соученици и на начинот на кој (еколошкиот) живот во училиштето е организиран, како и преку формални методи на инструкција.

Опис на часот

Во вториот дел од оваа лекција, наставникот мора да биде сигурен дека насловот ќе биде доведен до локално ниво и контекст. Најпрво, наставникот треба да направи мало сумирање на претходниот час. Треба да биде јасно дека за една заедница која добро фунцкионира треба да има одговорност која е поделена помеѓу повеќе луѓе.

Училиштето е претставено како заедница во која постои и живеење и учење заедно. Затоа на него треба да се гледа како на полис, односно град-држава, каде социјалните и еколошките проблеми, на пример, треба да се решат. Меѓу другите работи, училиштето исто така треба да претставува модел за еколошките принципи и процеси, и треба да се дадат предлози како тоа најдобро да се направи. Има неколку различни аспекти како да се преземе одговорност. Учениците добиваат задача да размислуваат за тоа во кои аспекти од училишниот живот треба еколошките процеси да се подобрат и што можат тие самите да придонесат.

Следната активност се реализира во групи од по 4 ученици. Секоја група добива по еден клучен термин и прави листа на прашања во врска со тој термин, како на пример (примерот овде е “ѓубре”):

  • Какво ѓубре произведува нашето училиште?
  • Каде го носат?
  • Кој е одговорен за тоа?
  • Како може да се намали количината на училишно ѓубре?
  • Како можеме јас или мојот клас да допринесат за тоа?

За оваа задача, еден час и следната работна недела треба да бидат предвидени како временска рамка за истражување и домашна задача. Ако наставникот сака да ја намали временската рамка, тој или таа ќе треба да направат истражување и самиот/самата да дојде до информациите. Учениците прават листа за проверка која ќе биде претставена пред ницните соученици на “еко-ѕидот”.

Листа на можни клучни термини:

  • ѓубре;
  • намалување на отпад;
  • енергија и моќ;
  • вода;
  • транспорт;
  • здравје;
  • училишно земјиште;
  • биоразноликост;
  • одржливост на нашата планета;
  • општи еколошки мерки.