Час/Лекција 4: Што направивме – кој е планот?
Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » ГЛАВА 7: ОДГОВОРНОСТ – Јас сум за екологија … моето училиште се приклучува! » Час/Лекција 4: Што направивме – кој е планот?Учениците размислуваат за своите активности и одлучуваат како да продолжат понатаму
Цели на учењето | На крајот на оваа глава, учениците се обидуваат да ги променат перспективите со цел да разберат што значи да се преземе одговорност во другите позиции. Ова е чекор понатаму кон поголемо разбирање за демократското учество. |
Задачи на учениците | Учениците го пренесуваат искуството од работата во мали групи во други ситуации. |
Ресурси | Работен материјал. |
Методи | Пленарна дискусија, групна работа. |
Опис на часот
Четвртиот дел од оваа глава може да искористи за да се заокружи, но наставниците исто така можат да започнат и практична работа во оваа фаза. Како што беше веќе напоменато, практичната работа може да ги вклучува учениците кои работат во мали групи или како клас, или пак може да биде направено во форма на училишен проект.
Овој час треба да започне на истиот начин како и првиот час. Учениците треба да седат во круг и да размислуваат што научија од претходните часови.
Треба да започнат со презентирање на резултатите од нивното истражување:
- Што се постигна?
- Што не успеа?
- Што беше подобрено или променето?
- Што значи да се презема одговорност за еколошки проекти?
- Дали сум подготвен/а да преземам одговорност за нешто што “не е моја вина”?
- Како се гледам себеси?
- Што ме разочара? Што ме направи среќен/на?
За да им се помогне на учениците да размислуваат за тоа што имаат постигнато, искуството покажало дека е корисно да се користи “еко-ѕидот”, кој е направен и развиен во текот на оваа глава.
Како дел од оваа дискусија, треба да е јасно што значи “да се презема одговорност” за да има заедница која целосно ќе функционира. Следните прашања треба да се користат за да се стимулира дискусијата:
- Какви видови на заедници постојат?
- Кој ја има која улога?
- Како тоа фунцкионира во една држава?
- Што знаеме за демократијата и како функционира демократијата?
- Што подразбираш под следниот цитат од Џон Ф. Кенеди: “не прашувај што може твојата земја да направи за тебе – прашај се што можеш ти да направиш за својата земја”?
Иако аналогиите понекогаш може да претставуваат проблем, може да е интересно тие да се користат за учениците да размислуваат малку посложено. Тие не мора да стигнат до одреден закучок. Поважно е да се охрабрат да размислуваат малку посложено и тој процес понатаму ќе продолжи во понатамошните глави.
Учениците (работејќи во мали групи) треба да имаат лист од работниот материјал на кој ќе ги запишат нивните искуства:
Преземање одговорност, делење на одговорноста | ||
Пример: екологија | ||
Место/ситуација | Каква одговорност има оваа личност?? | |
Клас | Наставник | Ученик |
Училиште | Главен наставник | Наставник/ученик |
Држава | Претседател на држава | Луѓе |
? |
Учениците треба да размислуваат за тоа кога одговорноста треба да се преземе во секоја ситуација.
После истекувањето на даденото време, еден член од секоја група треба да ги презентира идеите на групата. За време на финалната дискусија, наставникот треба да направи паралели помеѓу искуствата во класот и опишаните ситуации кои се очигледни. Исто така, задача на наствникот е да покаже дека и кон тоа постојат одредени граници.
На крај, техниката каде секој ученик кажува по една реченица може да покаже што имаат научено учениците од оваа глава, на пример:
“Објаснете во една реченица за тоа што мислите дека беше најважно од оваа глава во однос на преземање на одоговорност”.
Учениците треба да имаат неколку минути за да размислат што ќе кажат и треба да го кажат тоа што сакаат да го кажат, иако некој претходно го кажал истото. Наставникот исто така треба да учествува во оваа активност. Тој/таа треба да им се заблагодари на учениците за нивното учество, но не смее да ги коментира нивните изјави.