Час/Лекција 1: Желби и потреби: што ми е важно?
Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » ГЛАВА 8: ПРАВА И СЛОБОДИ – Моите права-твоите права » Час/Лекција 1: Желби и потреби: што ми е важно?Учениците учат да разликуваат помеѓу она што го сакаат и она што е нивна основна потреба
Цели на учењето | Учениците учат дека нивните индивидуални желби- идеите и нештата кои тие би сакале да ги имаат и да ги реализираат- се исто толку важни како и нештата кои на луѓето им се потребни со цел да имаат пристоен живот. |
Задачи на учениците | Учениците избираат слики кои ги претставуваат нивните желби и потреби и дискутираат и одлучуваат за нив. |
Ресурси | Конец, клин, исечоци (слики) од списанија, работен материјал. |
Методи | Групна работа. |
ИнформацијаЧовековите права имаат и етичка и легална основа. Иако човековите права како целина се сметаат за невидливи, сепак јасно е дека секоја индивидуа има јасна слика што нему/нејзе им е важно во животот. Што е уште поважно е дека треба да се разбере – особено за адолесцентите – дека не сите потреби се основни потреби кои се препознаени како права во рамките на интернационалните стандарди кај човековите права. Правејќи разлика помеѓу желби и потреби, почитување на начините на кои одредени луѓе повеќе уважуваат некои права од други, и во исто време прифаќање на важноста на кохезивната рамка на човекови права, е долготраен процес на учење. Иако легалните аспекти на човековите права не се обработени во овој час, наставниците треба да бидат свесни дека обрзувачките легални договори – кои владите ги потпишале како знак на согласност – се темелат врз нормативната рамка на Унверзалната декларација за човекови права. Во Европа, главниот обврзувачки легален договор за човекови права е Конвенцијата за Заштита на човековите права и основните слободи (Европска конвенција за човекови права).5 |
Опис на часот
Училницата треба да биде наредена на таков начин за да можат учениците да работат во групи од по 4 до 6 ученици. Наставникот треба да ги стави сите материјали кои се потребни за овој час на посебна маса од која учениците ќе може да земаат и да враќаат материјал на крајот на часот. Сопствеништвото е најглавен фактор во успешен ОДГ/ОЧП и наставникот и учениците треба да гледаат на својата училница како простор за живеење за кој треба да се грижат. Треба да има што е можно повеќе исечоци од списанија закачени на ѕидовите на училницата.
Наставникот ги собира учениците пред “ѕидот со слики” и започнува дискусија:
- Кои се вашите искуства кога ги собиравте овие слики?
- Дали нешто ве изненади? Ако има, што е тоа?
После неколку минути како воведен разговор, наставникот им дава задача на двајца ученици да го држат конецот (околу 4 метри долг) и 12 закачалки за облека. Наставникот потоа зема две припремени картички со зборовите ПОТРЕБИ и ЖЕЛБИ. Наставникот ги става на левиот и десниот крај на конецот и им вели на учениците да размислат која слика ќе ја стават под ПОТРЕБИ, а која под ЖЕЛБИ. Откако сите ќе одлучат, наставникот им вели на двајца ученици да ги закачат своите предлози и да објаснат зошто донеле таква одлука. Потоа, наставникот треба да ја објасни разликата помеѓу потреби и желби низ дискусија со учениците, но треба да води сметка да не го прави тоа со дефиниции, туку со собирање и подредување на објаснувањата на учениците.
Во групи од четворица до шест, учениците треба да одберат 10 слики од целата колекција, пет од категоријата ПОТРЕБИ и пет од категоријата ЖЕЛБИ. Секоја група ја добива оваа задача во пишана форма (која наставникот ја дава или ископирана или ја запишува на табла).
Задача и презентација:
- Како група, учениците треба да одберат 10 слики од целата колекција. Од нив, пет треба да се од категоријата ПОТРЕБИ и пет од категоријата ЖЕЛБИ (ако две или повеќе групи сакаат иста слика, изнајдете некое решение).
- Групите треба да дискутираат за своите избори и се обидуваат да дадат одговори на следните прашања:
- Зошто ова е важно во мојот живот?
- Што би значело ако го немам ова во мојот живот?
- Што сакам да имам или да добијам подоцна во мојот живот?
- Што значи тоа за мене како момче/девојче?
- Десетте избрани слики треба да бидат подредени според важност и учениците треба да објаснат зошто тоа го направиле така. Треба да изнајдат решение кое ќе биде најдобро за сите членови на групата.
- Двете групи треба да ги држат краевите на конецот, и еден ученик треба да го објасни изборот што го направил. Само првиот и последниот избор треба да се објасни. На крај, учениците треба да објаснат со свои зборови која е разликата помеѓу потреби и желби. Дали можат да најдат “дефиниција” за нив?
Конецот се закачува на ѕидот (или на друго место во училницата) заедно со сите избрани слики.
5. ETS број , отворен на 4-ти ноември 1950 и стапен на сила 3ти септември 1953.