Час/Лекција 1: Припремаме изложба!

Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » ГЛАВА 9: МЕДИУМИ – Медиуми во употреба: Би направил ако би можел » Час/Лекција 1: Припремаме изложба!

Стари и нови медиумски уреди- што најдовме?

Цели на учењето Учениците сфаќаат дека е важно да ги разберат техничките детали на медиумските уреди и да го вложат потребното време во тоа. Припремаат изложба на сопствените и уредите на училиштето.
Задачи на учениците Користење на направа со која не се запознаени, учениците се обидуваат да ја опишат направата и како функционира. Собираат и опишуваат различни медиумски уреди и припремаат изложба во училницата.
Ресурси Медиумска направа (како камера, итн.), работен материјал.
Методи Разговори, групна работа, домашно.

 

Опис на часот

За да ги запознае учениците со темата, наставникот треба да донеси медиумска направа на училиште (како камера, проектор, компјутер, видео-камера, мобилен телефон, стара филмска камера, касетофон, итн.). Потребно ќе е да има и упатството за употреба, но наставникот не треба да го прикажува на почетокот.

На почетокот на часот, направата е поставена на маса. Учениците добиваат задача да објаснат како работи  камерата или друг вид на медиумска направа иако не се запознаени со истата. Тие тоа го прават со помош на цртеж на фото-апарат (на пример) на која ќе ги покажуваат  нејзините составни делови и ке ги кажат нивните имиња. Важно е учениците да ги нацртаат и деловите на направата кои не ги знаат. Треба да напишат за што мислат дека служат тие делови.

 

006_camera

Легенда

1: Леќа

2: Објектив

3: Непознато

4: Кутија

5: …

6: …

 

Колку е покомплициран апаратот, толку потешко ќе биде да се опише истиот. Важно е учениците да не се плашат да го прават тоа. Нема точно и грешно. Учениците треба да станат свесни дека таквиот апарат нуди многу можности и дека нормално е да ги знаат.

Опција:

Дозволено е да се копира цртежот заедно со легенда од неговите составни делови за заедничка презентација. Наставникот потоа им го дава упатството за употреба на група ученици (ако сака, наставникот може да го уреди тоа уште претходниот ден, без да каже на целиот клас). Во зависност од специфичниот апарат, понекогаш е невозможно да се опише и да се знаат сите негови функции. Тоа не е важно во оваа фаза и тоа е само вовед.

Следно наставникот ги објаснува целите и процедурата на целата глава:

  • Организација на изложба на медиумски апарати донесени од дома и од училиштето (час 2).
  • Запознавање со еден од апаратите и неговите функции и можности и презентирање пред соучениците (час 3 – плус додатни часови во зависност од активностите).
  • Кога ќе се разбере уредот (апаратот), класот одбира еден медиумски производ (филм, аудио приказна, изложба на фотографии, фото-сторија) и развива прелиминарна рамка (час 4).

На крајот на часот, наставникот треба да ги собери сите идеи од учениците и да им даде јасни инструкции за тоа како да ги покажат сите апарати во училницата. Наставникот треба да им ги даде шемите за опис на апаратите на учениците (работен материјал).

Забелешка: Апаратите кои припаѓаат на училиштето треба да бидат дел од изложбата. Учениците кои немаат донесено ништо на училиште или учениците кои имаат дополнително време треба да ги припремат описите на училишните апарати и да ги донесат на изложбата.