Час/Лекција 3: Време за презентација!

Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » ГЛАВА 9: МЕДИУМИ – Медиуми во употреба: Би направил ако би можел » Час/Лекција 3: Време за презентација!

Група на ученици ги покажуваат нивните технички медиумски вештини

Цели на учењето Учениците стануваат специјалисти за техника за медиумскиот апарат кој го одбираат.
Задачи на учениците Бидејќи се специјалисти за нивниот одбран медиумски апарат, учениците прават презентации во групи.
Ресурси Медиумски апарати, индивидуални средства за презентација.
Методи Групна презентација.

 

Опис на часот

Овој час (или часовите, зависи од бројот на презентации) треба да биде подготвен од учениците. Презентациите се најважниот елемент. Улогата на наставникот ќе биде да им помага на тимовите за време на фазата на припрема. Во зависност од вештините на презентација на учениците, оваа задача може да биде доста сложена.

Учениците треба добро да размислат за тоа каква информација сакаат да пренесат со своите презентации. Листата на активности за учениците содржи различни начини кои можат да помогнат, како на пример во врска со:

  • Правење постери;
  • Правење на банери;
  • Планирање и правење презентации.

Некои групи може ќе сакаат да ги извежбаат своите презентации. Од гледна точка на наставникот, ако им се дозволи на учениците да си ги извежбаат презентациите пред другите ученици и со тоа да добијат повратна информација од нив, може да им даде чувство на сигурност и може да има многу добро влијание врз нивните презентации. Ова е многу важно во врска со ОДГ/ОЧП, бидејќи една од компетенциите во употребата на методи во демократијата е да се презентираат своите погледи и информации слободно и на убедувачки начин.