Глава 9 – работен материјал за наставниците 2: работа со телевизија
Living Democracy » Textbooks » РАСТЕЊЕ ВО ДЕМОКРАТИЈА » ГЛАВА 9: МЕДИУМИ – Медиуми во употреба: Би направил ако би можел » Глава 9 – работен материјал за наставниците 2: работа со телевизијаОсновен материјал за наставници
1. Зошто децата се толку фасцинирани со телевизијата?
Телевизијата нуди честа промена, релаксација и авантура. Со самото вклучување, го имаме светот на дланка-без разлика дали е реален или замислен- без да мора да се потрудиме, ниту физички ниту емоционално. Затоа што има далечинско управување и колаж од телевизиски канали, можеме да се префрламе од еден интересен настан на друг. Децата најчесто се идентификуваат со ликовите и карактерите од разни телевизиски програми; тие ја користат телевизијата за информација и гледаат телевизија кога нема што друго да прават.
2. Колку време поминуваат децата пред телевизија дневно?
Во западна Европа, просечното гледање на телевизија на децата помеѓу 3 и 13 годишна возраст е 90 минути дневно. Само 60% од децата би го изгаснале телевизорот. Телевизорот е дури вклучен кога децата работат други работи. Родителите треба да се обидат да воспостават некои правила за гледање на телевизија и треба да направат нивните деца да бидат пофокусирани на она што го гледаат. Се препорачува телевизорот да не биде вклучен цело време и децата да гледаат само програми кои се соодветни на нивната возраст и кои се интересни и важни.
3. Дали е голем бројот на децата кои премногу гледаат телевизија?
Таканеречените “ТВ-зависници” поминуваат повеќе време пред телевизор отколку што учествуваат во други активности (училиште, игри, запознавање со нови другарчиња, итн.). Сепак, многу малку деца спаѓаат во оваа категорија. Не значи дека е проблем ако едно дете еден ден гледа повеќе телевизија, за разлика од друг. Проблемот станува поголем кога гледањето на телевизија станува загрижувачки или кога нешто не е во ред во фамилијата на детето. Во такви случаи, гледањето на телевизија се користи за да се побегне од реалноста.
4. Што сакаат да гледаат децата на различни возрасти?
Малите деца најчесто сакаат да гледаат програми од кои можат да научат нешто, како и цртани за волшебни приказни и авантури. После 6тата година, децата повеќе се интересираат за половите улоги. Тогаш, момчињата гледаат акциони филмови каде можат да се поистоветуваат со машките херои; девојчињата развиваат интерес за различност и за музички програми, како и серии во кои фамилиите и животните играат главна улога. На 12 годишна возраст, музичките видеа на популарни песни и серии за млади и за љубов стануваат доста важни и интересни. Сите деца го гледаат ова, но исто така почнуваат да се интересират и за возрасни програми. Во тој слулај родителите треба да внимаваат на содржината на програмите кои децата ги гледаат и да ја знаат истата пред тие да почнат да гледаат и да се осигураат дали програмата е или не е соодветна за нив.
5. Кои се ефектите од телевизијата?
Телевизијата може да биде релаксирачка, но исто така може да биде заморувачка за децата и да ги налути. Ова се должи на фактот дека сликите брзо се менуваат и има многу гласни звуци, особено во цртаните и во акционите серии. Некои програми пренесуваат идеи за тоа каков е реалниот свет и како функционира. Телевизијата влијае на емоциите на децата и децата реагираат кога ќе видат радост, страв или агресија на истиот начин на кој тоа го прават возрасните. Недостигот на избалансирани споредби може да биде проблем и затоа е подобро да се избегнува да се гледаат само еден вид на емисии.
6. Кои информативни програми се особено добри за деца?
Повеќето телевизиски канали нудат посебни програми за деца кои пренесуваат информација и знаење за светот. Некои канали дури имаат и вести за деца, кои се презентирани на начин на кој тие подобро ќе разберат. Вестите кои се емитуваат напладне или навечер за возрасните избегнуваат да користат слики кои не се соодветни за деца. Сепак, возрасните треба да се подготвени да им објаснат на децата она што нема да го разберат.
7. Колку е важна телевизијата во споредба со другите медиуми?
За помладите деца, телевизијата е пофреквентно користена од другите видови на медиуми. Со тек на време, други видови на медиуми (ЦД-а, МП3 – плеери, музички видеа, Интернет Телевизија и др.), исто така станале важни, иако ТВ екранот останува главен извор на информации и дискусија.
8. За што е добра телевизијата, а за што не е?
Децата кои гледаат разни програми (вести, шоуа, серии, итн.) знаат многу за моменталните состојби и знаат факти за денешниот живот. Сепак, телевизијата не е добра за решавање на проблеми. Кога некој се кара со некој друг, или бара кој е најдобриот начин за справување со тежок и комплициран проблем, само фактите не се доволни. Поради тоа, телевизијата никогаш нема да може да го замени образованието на училиште или од родителите.
9. Дали возрасните се пример?
Дури и малите деца ги имитираат возрасните во смисла на медиумска употреба. Ако возрасните читаат весник, тогаш и нивните деца ќе сакаат да читаат весник. Ако возрасните гледаат многу телевизија и нивните деца ќе го прават истото. Тоа значи дека родителите не смеат да се жалат за гледањето на телевизија на нивните деца, туку треба да бидат пример за нив. Тие не треба да гледаат телевизија бесцелно, туку треба да се критчки настроени кон тоа.
10. Што можат да направат родителите за да ги поттикнат децата да бидат разумни при гледање на телевизија?
Родителите не треба да ја забранат телевизијата туку треба да гледаат заедно со нив и да им објаснат зошто некои програми се добри а некои не. Телевизијата не смее да се користи како награда или казна. Важно е да се најде средина. Децата треба да имаат повеќе време за “вистински” искуства – поминување време со другарчињата, играње, и да поминуваат време во природа, градови и дружење со други луѓе.