Живеење во демократија

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија

Наставни планови за ОДГ/ОЧП за повисоките одделенија во основното образование…

Read More…

Ова е прирачник за наставници по образование за демократско граѓанство, образование за човекови права и уредници на прирачници и наставни програми. Деветте наставни теми со околу четири лекции во секоја тема се концентрираат на клучни концепти во ОДГ/ОЧП. Наставните планови нудат упатства чекор-по-чекор, содржат материјали за ученици и основни материјали за наставници. Поради тоа, овој прирачник одговара за обучуваните, почетниците во наставната професија и наставниците кои добиваат практична обука за ОДГ/ОЧП. Искусните наставници  можат да ги користат идеите и материјалите. Целосниот прирачник нуди една годишна наставна програма за почетните години на средно образование, но, бидејќи секоја тема е самостојна, прирачникот нуди голема флексибилност при користењето. Целта на ОДГ/ОЧП е активен граѓанин кој сака и може да учествува во демократската заедница. Затоа ОДГ/ОЧП силно го нагласува дејствувањето и практичното учење. Училишната заедница се замислува како сфера на автентични искуства каде младите луѓе можат да научат како да учестуваат во демократското одлучување и учат да преземат одговорност на рана возраст. Клучните концепти на ОДГ/ОЧП се учат како алатки за доживотно учење.

$vol_num
Уредници

Ролф Голоб и Петер Краф

Автори

Ролф Голоб, Тед Хадлстон, Петер Краф, Дон Роу, Вим Телман

Книга (3)

од Книгите за ОДГ/ОЧП I-VI Образование за демократско граѓанство и човекови права во училишната практика. Распоред, концепти, методи и модели во наставата