ТЕМА 1: Стереотипи и предрасуди

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Прв дел: Поединецот и заедницата » ТЕМА 1: Стереотипи и предрасуди

Што е идентитет? Како јас ги гледам другите, а како тие ме гледаат мене?

ID_5599

Кој сум јас, всушност? Секој ден, учениците среќаваат широка разновидност на вредности и начини на заедничкото живеење. Со цел да ја најдат нивната сопствена позиција, тие треба да развијат вештина да прават избори. Што смеам да правам, што не смеам да правам? Што е правилно, а што е грешно? Децата и тинејџерите многу брзо сфаќаат дека на овие прашања не е лесно да се одговори. Она што е правилно во еден случај, би можело да биде грешно во друг. Како можам јас да одлучам? Кои насоки ги имам?

Две важни алатки за лично водење се уставот на државата и нејзиниот пристап кон човековите права. Овие две се референтни точки кои го демонстрираат плурализмот на вредности во едно општество. Најважниот принцип е личната слобода, при што на секој поединец му се дозволува правото да се развие неговата/нејзината личност, наспроти основата на заемната толеранција и одговорност, па според тоа, овој принцип е од корист и за заедницата, во која тој/таа живее, и за човештвото, како целина. Ние би можеле многу да се разликуваме во нашите погледи и интереси, предвидувајќи дека ние сме се согласиле за правилата како да дискутираме во врска со нашите несогласувања на мирољубив начин.

Децата и адолесцентите би требало да знаат дека возрасните, исто така, се борат со предизвиците и барањата на кои тие наидуваат. Тие, исто, би требало да сфатат дека наставниците не го поседуваат клучот до апсолутната вистина, туку прават грешки и се обидуваат да учат од нив.

Оваа наставна тема се справува со некои од прашањата за развојот на личниот идентитет и како луѓето и групите се перцепираат себеси и другите. Учениците би требало да сфатат дека нивниот идентитет е дефиниран и од нив самите и од нивната интеракција со другите. Идентитетот е дефиниран преку означување и на разликите помеѓу поединците, како и преку потребата да се припаѓа или да се биде заштитен од семејството или врсничката група. Младите луѓе ќе се разберат подобро себеси ако тие ги истражуваат нивните лични чувства и потреби, нивниот личен развој и нивните желби за иднината. Тие треба да експериментираат со различните форми на однесување, така што ќе го прошират нивниот репертоар на интеракции со другите. Тие ќе го научат ова, ако конструктивно придонесуваат во ситуациите на социјалната интеракција.

Социјалната и политичката историја на нашата земја има силно влијание врз нашите животи денес. Учениците би требало да бидат свесни за ова влијание, редовно собирајќи информации за тековните прашања и дискутирајќи за нив, со

што се формира нивното лично мислење и слушање на мислењето на другите. Тие мора да бидат свесни за големо внимание на погледите, предрасудите и стереотипите, кои се дел од јавното мислење. Личноста треба да биде свесна за овие суптилни форми на влијание, и да делува соодветно и критички да ги рефлектира врз неговите/нејзините избори, а ако е потребно и да ги менува.

Образование за демократско граѓанство и човекови права

Преку оваа серија на лекции, учениците ќе:

  • се запознаат со концептите за стереотипите и за тоа како се создаваат предрасудите;
  • сфатат дека сите ние постојано им припишуваме одредени квалитети на поединци или групи;
  • разберат дека таквото припишување ни помага да ја совладаме комплексноста на нашиот секојдневен живот;
  • сфатат дека припишувањето може да повредува и да биде неправедно;
  • научат дека припишувањето го поддржува формирањето на личните и на групните идентитети;
  • научат дека идентитетот е комплексна работа, а тоа значи дека секоја личност може и мора различно да биде разбрана и опишана.

 

ТЕМА 1: Стереотипи и предрасуди

Што е идентитет? Како јас ги гледам другите, а како тие ме гледаат мене?

Наслов на часот Цели на учењето Задачи за учениците Материјали Метод

Час 1:

Како другите ја гледаат личноста

Учениците ја искусуваат комплексноста на погледите и прават нивни сопствени избори. На учениците им се зададени специфични улоги и да формираат нивни погледи. Тие учат како да ги заменат перспективите. Описи на улогите, материјал за учениците 1.1. (групи 1-3), големи листови хартија, маркери. Групна работа

Час 2:

Како може една личност различно да биде опишана

Учениците сфаќаат дека различните описи можат да се однесуваат на еден, ист идентитет. Учениците испробуваат и глумат сцени и ги презентираат нивните пишувани трудови. Тие дискутираат за сцените кои ги виделе. Резултатите од првиот час стануваат основен материјал за вториот. Учениците сфаќаат дека без нивното учество и нивното вложување часот не може да биде продолжен. Играње улоги, презентации и водена пленарна дискусија

Час 3:

Стереотипи и предрасуди

Учениците сфаќаат како се поврзани стереотипите и предрасудите и како тие може да водат до поедноставени, но исто така, неправедни погледи врз поединците, групите  и цели земји. Учениците размислуваат за нивните погледи врз другите и дискутираат за нив во групите. Празни листови хартија и маркери. Групна работа, пленарна дискусија

Час 4:

Стереотипи за мене!

Учениците стануваат свесни за тоа како тие се перцепирани од другите и учат да го прифатат ова.

Тие подобро разбираат како другите гледаат и реагираат на нивниот идентитет.

Учениците се опишуваат самите себе и едни со други, а потоа ги споредуваат нивните резултати. Материјал за учениците 1.2. Работа во парови, пленарна дискусија