Час 1: Како другите ја гледаат личноста

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Прв дел: Поединецот и заедницата » ТЕМА 1: Стереотипи и предрасуди » Час 1: Како другите ја гледаат личноста

Има нешто повеќе во личноста отколку што некој може да си помисли

Цел на учењето Учениците ја искусуваат комплексноста на погледите и прават нивни сопствени избори.
Задачи за учениците На учениците им се зададени специфични улоги и да формираат нивни погледи. Тие учат како да ги заменат перспективите.
Материјали Описи на улогите, материјал за учениците 1.1. (групи 1-3), големи парчиња хартија, маркери.
Метод Групна работа

Часот

Учениците формираат три групи и го добиваат материјалот 1.1. (во три различни верзии за различни групи), голем лист хартија и маркер. (Во погорните одделенија можат да се формираат повеќе групи, а наставникот треба да обезбеди повеќе сцени за глумење, или пак истата задача да им ја зададе на повеќе групи. Ова, последното, може да биде интересно сценарио кое ќе покаже колку описите и сфаќањата можат да бидат различни.) Потоа, наставникот ја раскажува приказната за момчето кое го напуштило домот и кое ја истражувало неговата нова околина. Тој му кажува на одделението за дневникот на момчето, но не им чита гласно, бидејќи секоја група ќе добие само дел од текстот.

Основни информации за наставниците

Комплетниот текст тече вака:

„Денес е мојот прв ден во моето ново одделение. Моето семејство се пресели тука од друг регион и јас сеуште се чувствувам како странец. Драг дневнику, многу работи ми се случија во последните неколку денови. Ќе ти раскажам дел од нив.

Сега, ние живееме во стан блиску до реката. Едно од момчињата од моето одделение живее неколку врати потаму. Тој веќе дојде кај мене уште третиот ден за да ме праша дали сакам да одам на риболов со него. Јас реков „не“, бидејќи мојата јадица е сеуште спакувана во една од кутиите.

Пред нашата училишна зграда има голем фудбалски терен. Јас бев многу среќен поради тоа, бидејќи мене ми се допаѓа играњето фудбал. Па, ја понесов со себе топката и сакав да почнам со тренирање. Само што започнав да шутирам на голот, кога директорот на училиштето ме запре. Тој беше многу лут и ме праша дали знам да читам. Јас не го видов знакот кој велеше дека теренот се затвора, ако претходно врнело дожд. Јас бев шокиран и си отидов дома без да кажам збор.

Еден стар човек живее сам во станот над нашиот. Кога се враќав дома вчера, го сретнав со полна торба пред влезната врата. Тој носеше торба со храна и тешко дишеше. Ми падна жал за него. Го прашав дали би можел да му помогнам и му ја однесов торбата горе, до неговата врата.“

Трите верзии од материјалите за групите содржат различни делови од дневникот. Перцепцијата на групите ќе се разликува, во зависност од информациите кои тие ќе ги добијат. Поради тоа, секоја група гледа само дел од идентитетот на момчето и го рефлектира ова стојалиште при играњето улоги. Како што се бара во задачите, групите, прво, ги презентираат нивните збирки на епитети. По еден член од секоја група ги собира резултатите од групната дискусија на големо парче хартија за презентација за наредниот час.

Сега, секоја група решава за кратко играње на улоги, со што ќе се презентира нивната интерпретација. Ова играње на улоги прво би требало да се објасни и дискутира во одделението, а потоа да се извежба. Ова може да се случува во различни агли од училницата или можеби во просторија за состаноци во училишната зграда, во некои надворешни згради или, ако дозволуваат временските услови, на игралиште. Иако играњето улоги одзема некое време на почетокот, сепак напорот ќе се исплати. За многу ученици, нешто што често им е тешко да го искажат со зборови, сега би можело да биде изнесено едноставно и јасно.

Целта на овој час е учениците да имаат напишано листи со епитети на постерите и да ја имаат извежбано сцената.

На крајот од часот, наставникот ги собира постерите (тој повторно ќе им ги врати на почетокот од наредниот час) и почнува да води краткo известување. Тој дава позитивна повратна информација и прави вовед во темата за следниот час.