Час 2: Како може една личност различно да биде опишана…

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Прв дел: Поединецот и заедницата » ТЕМА 1: Стереотипи и предрасуди » Час 2: Како може една личност различно да биде опишана…

Како да добијам подобра слика за личноста?

Цел на учењето Учениците сфаќаат дека различните описи можат да се однесуваат на еден, ист идентитет.
Задачи за учениците Учениците испробуваат и глумат сцени и ги презентираат нивните пишувани трудови. Тие дискутираат за сцените кои ги виделе.
Материјали Резултатите од првиот час (подготвеното играње на улоги и листата на епитети на постерите) стануваат основен материјал за вториот час. Учениците сфаќаат дека без нивното учество и нивните креации, часот не би можел да продолжи.
Метод Играње на улоги, презентации и водена пленарна дискусија.

Часот

Прв дел

Наставникот ја објаснува процедурата на часот. Тој им дава на групите уште пет минути да ги повторат нивните сцени. Потоа, сцените се претставуваат.

Прво, еден член на групата го чита извадокот од дневникот пред одделението, користејќи го постерот од првиот час. Потоа, групата ја глуми сцената. Препорачливо е сите сцени да бидат презентирани без да се прекинуваат. Ако повеќе од една група, добијат ист извадок од дневникот, тие треба да ги одглумат сцените, со мали варијации, една по друга.

Откако групите ќе завршат, наставникот дава позитивна, повратна информација и повторно ја сумира целта на оваа низа на сцени. Ако одделението е навикнато на оваа наставна форма, тогаш учениците можат да се придвижат кон наредниот чекор. Ако не се, наш совет е, да им се даде можност на учениците за повторување и рефлектирање за оваа низа на сцени, погледнувајќи ги аспектите на содржината и формата.

Еве неколку примери за тоа како наставникот може да се обиде да направи рефлексија од едно играње на улоги:

  • Какво беше вашето искуство како група?
  • Дали јас открив нешто ново за мене?
  • Како ние успеавме да ги прикажеме ликовите такви какви што се?

Втор дел

За време на вториот дел од часот, учениците ги местат столчињата во еден или два полукруга околу таблата. Потоа, наставникот ги изложува постерите, еден по еден, на таблата. Учениците набљудуваат како се одвива презентацијата:

Ова е како другите го гледаат него:

ID_5599

 

Во дискусијата за наредните чекори, учениците би требало да сфатат дека е сосема нормално, една личност да биде различно набљудувана од различни луѓе или групи. Тие би требало да сфатат дека не смеат да ги употребуваат категориите, како што се „точно“ и „грешно“, за опис на гледањата. Всушност, ако сакаме да бидеме праведни кон момчето, грешно би било да се дозволи само едно гледање за тоа да се опише.

Можни обиди за наставникот да го поддржи критичкото мислење во одделението:

  • Кога ги гледам овие различни описи, се чувствувам по малку збунето.
  • Па, што е вистина сега?
  • Кој е Макс навистина?

Наставникот чека сé додека одреден број на ученици не кренат рака и потоа тој им дозволува да дадат различни одговори. Тој ги запишува овие одговори во вид на листа на таблата или, попрепорачливо, на флип чарт:

Што можеме да кажеме за момчето?

  • Како можеме соодветно да го опишеме?
  • Изјава 1
  • Изјава 2
  • Изјава 3
  • Изјава 4
  • Изјава 5

На крајот од часот, наставникот ги сумира увидите, стекнати од страна на учениците, за време на првите два часа. Предност е, доколку флип чартот стои на располагање, за да се забележуваат овие гледање, така што тие би можеле да бидат презентирани на наредните часови. Следните гледање можат да се покажат како корисни:

Идентитет

  • Идентитетот на личноста има повеќе страни.
  • Често, другите  луѓе  (соседи, пријатели, наставници, странци) имаат различни погледи за истата личност.
  • Ние мораме да ги слушнеме различните погледи, ако сакаме да дознаеме повеќе за личноста.

На крајот од часот, наставникот ги прашува учениците за да добие повратна информација, трудејќи се да не коментира за забелешките на учениците.

Постојат различни начини со кои ова можеме да го направиме. Прашувајќи го одделението, како целина, не е секогаш најдоброто решение, а уште полошо е кога неколку исти ученици ќе одговараат и ќе се добие неспецифична повратна информација. Поради тоа, за овој случај се препорачува моделот „пикадо“. Ова е метод за добивање на брза повратна информација која дозволува секој ученик да ги специфицира неговите/нејзините одговори. Додатокот дава детален опис на оваа форма за повратна информација.

Потоа, наставникот дава преглед за наредните два часа, при што одделението нема да разгледува индивидуалци, туку групи, во рамките на едно општество и во цели земји.