Час 3: Стереотипи и предрасуди

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Прв дел: Поединецот и заедницата » ТЕМА 1: Стереотипи и предрасуди » Час 3: Стереотипи и предрасуди

Нашите идеи за другите луѓе, групи или земји

Цел на учењето Учениците сфаќаат како се поврзани стереотипите и предрасудите и како тие можат да водат до поедноставени, но исто така, неправедни погледи на поединците, групите и цели земји.
Задачи за учениците Учениците размислуваат за нивните гледања кон другите и дискутираат за нив во групата.
Материјали Празни листови хартија и маркери.
Метод Групна работа, пленарна дискусија.

 

Клучни термини

Стереотипи: Тие се мислења кои групата ги има за себеси или за другите групи.

Предрасуди: Ова се емоционално дополнети мислења за социјалните групи (често малцинствата) или за одредени луѓе (често од малцинските групи).

Часот

Целта на овој час е да ги оспособи учениците да го пренесат нивното сфаќање за тоа како се гледа на другите, на индивидуално, општо ниво, за тоа како се суди за поголемите групи, религиозни заедници, етнички групи или земји.

Наставникот подготвува кратка, јасна, структурирана лекција за разликите помеѓу стереотипите и предрасудите, која ќе биде предадена на почетокот од часот.

Со сумирање на процесите на учење, како и резултатите и увидите, стекнати на двата претходни часа, наставникот им помага на учениците да ја сфатат разликата помеѓу стереотипите и предрасудите. Наставникот ги претставува двата концепта, кои се однесуваат на различните гледања за момчето, кое беше проучувано на претходните два часа. Тој/таа се обидува да им ги презентира овие гледање како стереотипи и предрасуди (погледни во основниот материјал за наставниците на крајот од ова поглавје, каде што е вклучен модел за оваа кратка, клучна лекција). Во наредниот чекор, учениците формираат мали групи. Тие работат на описи на социјални групи, на пример:

  • момчиња и девојчиња;
  • професии;
  • етнички групи;
  • земји;
  • континенти.

Важно е да не се прашуваат учениците за нивното лично мислење во врска со другите. Подобро би било ако тие си замислат какво општество, соседи или медиуми и би можеле да кажат или да размислат за групите, кои им беа доделени со задачата.

Учениците се обидуваат да направат разлика помеѓу стереотипите и предрасудите, според тоа го применуваат она што го слушнаа од наставникот, на почетокот од часот.

Наставникот може да даде неколку најави на таблата и учениците да ги подготват нивните презентации на резултатите во форма на листа. Искуството покажа дека листите, кои се претходно подготвени, (погледни го примерот подолу) ќе им помогнат на учениците да ги прибележат идеите за подоцнежна употреба во дискусијата.

По почетната лекција за стереотипи и предрасуди, од страна на наставникот, учениците работат во групи од три или четири ученици, околу 15 минути, за да се искажат во врска со погоре зададената задача. Наставникот би требало внимателно да одбере и да понуди некој од горните примери. Во зависност од политичката ситуација во засегнатата земја, можно е да се одберат примери блиски до искуството на учениците. Од друга страна, наставникот треба само да ги спомне етничките групи кои живеат во земјата или заедницата, ако таквиот избор не повредува никого и ако со тоа не се повлечат дискусии и расправии кои би можеле да излезат од контрола.

Дискусиите и резултатите на групите треба да бидат презентирани во пленарна сесија. Секоја група се договара кој ќе биде презентер и тој/таа ќе ги презентира резултатите на групата, следејќи го примерокот за критериуми, како што се следниве:

  • нашата земја, нашата група, нашата етничка припадност, нашата професија;
  • стереотипи искажани од групата;
  • предрасуди искажани од групата;
  • нашите претпоставки зошто групите имаат такви гледишта;
  • нашите мислења, вклучувајќи можни разлики во мислењето.

Наставникот ќе им помогне на учениците, запишувајќи ги резултатите на секоја група (во форма на белешки) на флип чарт.

Пример, за тоа како да се запишуваат резултатите, со цел да се поддржат учениците:

Група Земја/професија/група Стереотипи Предрасуди Коментари
1
2
3
4
5

Конечно,  наставникот  го  сумира  часот,  укажувајќи  и  на  процесот  и  на резултатите, и го информира одделението за наредните чекори.