Материјал за учениците 1.1: (Трета група) Играње на улоги

Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Прв дел: Поединецот и заедницата » ТЕМА 1: Стереотипи и предрасуди » Материјал за учениците 1.1: (Трета група) Играње на улоги

Договорете се и одберете еден претставник од вашата група кој гласно ќе го прочита краткиот извадок од дневникот и задачата за вашата група.

Назначете друг член од вашата група кој ќе ги бележи вашите резултати и ќе ги презентира пред одделението.

Извадок од дневникот на Макс:

„Денес е мојот прв ден во моето ново одделение. Моето семејство се пресели тука од друг регион и јас сеуште се чувствувам како странец. Драг дневнику, многу работи ми се случија во последните неколку денови. Ке ти раскажам дел од нив.

Еден стар човек живее сам во станот над нашиот. Кога се враќав дома вчера, го сретнав со полна торба пред влезната врата. Тој носеше торба со храна и тешко дишеше. Ми падна жал за него. Го прашав дали би можел да му помогнам и му ја однесов торбата горе до неговата врата.“

Задачи:

  1. Соберете листа на епитети за кои мислите дека соучениците на Макс би ги искористиле за неговото опишување („бура на идеи“ во вашата група).
  2. Што мислите, што би кажал некој соученик на Макс на останатите соученици за него? Извежбајте кратка сцена која ќе можете да ја одглумите пред одделението.