ТЕМА 2: Рамноправност
Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Прв дел: Поединецот и заедницата » ТЕМА 2: РамноправностДали си ти порамноправен од мене?
Рамноправноста, како концепт, признава дека секој, без разлика на возраст, пол, род, религија, етничка припадност, итн. – ги поседува истите права.
Преамбулата, во Универзалната декларација за човекови права, започнува со зборовите: „Признавањето на неделеивиот дигнитет и еднаквите и неотуѓиви права на сите припадници на човековото семејство е основата на слободата, правдата и мирот во светот.“ Концептот на граѓанство не може да биде одделен од прашањата за рамноправноста. Постоењето на нерамноправност, во или помеѓу општествата, го попречува ефективното граѓанство. Оттаму и идејата дека рамноправноста е основата на образованието за демократско граѓанство. Како таква, оваа идеја мора да се занимава со прашањето за еднаквоста и треба да ги оспособи поединците да делуваат против сите форми на дискриминација.6
Разновидноста подразбира движење од идејата за толеранција до основното почитување и ценење на разликите. Тоа е во средиштето на идејата на плурализмот и мултикултурализмот, а како таква е камен темелник на ОДГ. Според тоа, ОДГ мора понатаму да вклучи можности за истражување на перцепциите и да се справува со предрасудите и стереотипите. Исто така, треба да има за цел да обезбеди почитување и прифаќање на разликите во рамките на локалните, националните, регионалните и интернационалните заедници.7
На многу начини, солидарноста може да се гледа како капацитет на поединците да се движат зад некој нивен простор, како и да препознаат и да имаат волја да делуваат во одбраната и промовирањето на правата на другите. Тоа е, исто, клучна цел на ОДГ, затоа што се бара начин да им се обезбедат знаења, вештини и вредности на поединците, кои им се потребни за целосно живеење во нивните заедници. Како што е подвлечено порано, чинот на солидарност е блиску поврзан со идејата за делување. Како и да е, солидарноста е малку и менталитет, а малку и збир на однесувања.8
Предрасудата е суд, кој ние го создаваме за некој човек или луѓе, без вистински да ги познаваме. По карактер, предрасудите можат да бидат негативни или позитивни. Тие се научени, како дел од нашиот процес на социјализација и многу е тешко да се модифицираат или да се искоренат. Поради тоа, многу е важно ние да бидеме свесни за нивното постоење.
Дискриминацијата може да биде практикувана на директен или индиректен начин. Директната дискриминација се карактеризира преку намерата за дискриминирање на еден човек или група, како што е примерот со едно биро за вработување кое одбива да вработи Ром или пак градежна компанија која не сака да продава станови на емигранти. Индиректната дискриминација се фокусира на ефектот од политиките или мерките. Тоа се случува кога очигледно неутрална одредба, критериум или практика ја става личноста или одредено малцинство во навистина неповолна состојба, во споредба со другите. Примерите може да се протегаат од минималното покачување на барањата на пожарникарите (кои можат да исклучат повеќе женски од машки кандидати), до некоја стоковна куќа која не најмува луѓе со долги здолништа, или владина канцеларија или училишна одредба која забранува влез или посета на луѓе кои носат шамии на главата. Овие правила, очигледно неутрални во согласност со етничката припадност или религијата, можат непропорционално да ги стават во неповолна состојба членовите на одредени малцинства или религиозни групи, кои носат долги здолништа или шамии на главата.9
Терминот „род“ се однесува на социјално конструираните улоги на мажите и жените, кои им се додаваат врз основа на нивниот пол. Родовите улоги, според тоа, зависат од одреден социо-економски, политички и културолошки контекст и тие се засегнати и од други фактори, вклучувајќи ги расата, етничката припадност, класата, сексуалната ориентација и возраста. Родовите улоги се научени и широко варираат во самата култура и помеѓу културите. За разлика од личниот, биолошки пол, родовите улоги можат да се менуваат.10
Економските и социјалните права, главно, се занимаваат со потребните услови за целосен развој на поединецот и обезбедување на соодветен животен стандард. Често наречени „втора генерација“ на човековите права, овие права потешко се применуваат, ако се земе предвид дека тие се зависни од расположливите ресурси. Тие ги вклучуваат правата, како што се правото на работа, право на образование, право на слободно време и право на соодветен животен стандард. Овие права меѓународно се подвлечени во Договорот за економски и социјални права, кој беше прифатен од Собранието на Обединетите нации во 1966 година.11
Различни луѓе имаат различни мислења и ставови кога се доаѓа до прашањето како општеството би требало да се справува со прашањата за социјалната правда. Овие мислења и ставови можеме пошироко да ги поделиме во три категории:
- Дарвинисти, луѓе кои чувствуваат дека поединците се целосно одговорни за нивните сопствени проблеми и би требало да бидат оставени сами на себе во справувањето со нив. Тие веруваат дека на луѓето им е потребен поттик, па тие ќе се трудат повеќе. Дарвинистите се стремат да стојат настрана од арената на социјалната политика.
- Сочувствувачи, луѓе кои чувствуваат сочувство за оние кои страдаат и сакаат да сторат нешто за да им ја олеснат болката. Тие повеќе ги гледаат социјалните и економските права како цели на една посакувана политика, отколку како човекови права. Ова често се јавува како резултат во еден поддржувачки пристап кон луѓето кои искусуваат тешки социјални услови.
- Баратели на правда, луѓе кои се загрижени дека некои луѓе неправедно се третирани, пошироко како резултат од некои одлуки на владата. Тие веруваат дека мора да ги променат политичките и економските системи, така што луѓето нема да бидат принудени да живеат во сиромаштија.12
ТЕМА 2: Рамноправност
Дали си ти порамноправен од мене?
Наслов на часот | Цели на учењето | Задачи за учениците | Материјали | Метод |
Час 1: Разлики и сличности |
Учениците можат да ги објаснат рамноправноста и разликите помеѓу луѓето. Учениците ќе ги почитуваат и рамноправноста и разликата. |
Учениците откриваат разлики и сличности помеѓу луѓето. Учениците дискутираат за некои последици, ако некој биде различен. |
Тетратки или листови хартија и пенкала за индивидуална работа. Продолжена- та активност не е задолжител- на, но на групите ќе им бидат потребни големи листови хартија и маркери, ако наставникот се одлучи за тоа. | Индивидуална работа и работа во мали групи. |
Час 2: Приказната на Весна |
Учениците стануваат свесни за предрасудите и дискриминаци-јата во општеството. Учениците се способни да го сфатат гледиштето на жртвите на дискриминацијата. |
Учениците дискутираат случај на дискриминација и го споредуваат со ситуацијата во нивната земја. |
Незадолжително, копија од материјалот за учениците |
Групна работа базирана на текст. |
Час 3: Рамноправност помеѓу мажите и жените |
Учениците се способни да реагираат во ситуации на дискриминација. | Учениците размислуваат како тие, а и општеството во целина, ги третираат жените. | Копија од една приказна од материјалот за учениците 2.2 за секоја група од четири или пет ученици. | Работа во мали групи. |
Час 4: Социјална правда |
Учениците стануваат свесни за дискриминацијата поврзана со родот во општеството. | Учениците ги дискутираат прашањата за дистрибутивната правда. Учениците повторно размислуваат за целата тема. | Копии од материјалот за учениците 2.3. поделен на делови за секој пар ученици (незадолжително). | Работа во парови, критичко мислење. |
6. Од „Речник на термини за образование за демократско граѓанство“, Karen O’Shea, Совет на Европа, DGIV/EDU/CIT (2003) 29.
7. Исто
8. Исто
9. Од „Речник на термини за образование за демократско граѓанство“, Karen O’Shea, Совет на Европа, DGIV/EDU/CIT (2003) 29.
10. Исто
11. Исто
12. Преземено од „Должност без граници. Човековите права и глобалната социјална правда“, Меѓународен Совет за политика на човекови права.
- Час 1: Разлики и сличности
Дали сум јас рамноправен? Дали сум јас различен? Цел на учењето Учениците можат да ги објаснат рамноправноста и разликите помеѓу луѓето. Учениците ќе...
- Час 2: Приказната на Весна
Како би реагирале, ако ова требаше нам да ни се случи? Цел на учењето Учениците стануваат свесни за предрасудите и дискриминацијата во општеството....
- Час 3: Рамноправност помеѓу мажите и жените
Како би требало да ги третираме мажите и жените? Цел на учењето Учениците стануваат свесни за дискриминацијата поврзана со родот во општеството. Учениците...
- Час 4: Социјална правда
Како би требало да ја совладаме нерамноправноста? Цел на учењето Учениците стануваат свесни за проблемите поврзани со социјалната правда. Задачи за учениците Учениците...
- Материјал за учениците 2.1: Приказната на Весна
Весна, една Ромка, кажува што ѝ се случило нејзе: „Видов оглас за работа, за работно место асистент за продажба, на излогот од...
- Материјал за учениците 2.2: Мажи и жени: приказната
Приказна 1 „Тоа ми се случи многу пати. По вечерата, мајка ми очекуваше нејзините деца да ги однесат сите садови во кујната,...
- Материјал за учениците 2.3: Бродоломот
Прв дел „Измина повеќе од еден час помеѓу првиот аларм и тонењето на бродот „Кралицата Меди“. Според тоа, патниците можеа малку да...