Час 1: Разлики и сличности
Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Прв дел: Поединецот и заедницата » ТЕМА 2: Рамноправност » Час 1: Разлики и сличностиДали сум јас рамноправен? Дали сум јас различен?
Цел на учењето | Учениците можат да ги објаснат рамноправноста и разликите помеѓу луѓето. Учениците ќе ги почитуваат и рамноправноста и разликата. |
Задачи за учениците | Учениците откриваат разлики и сличности помеѓу луѓето. Учениците дискутираат за некои последици, ако некој биде различен. |
Материјали | Тетратки или листови хартија и пенкала за индивидуална работа. Продолжената активност не е задолжителна, но на групите ќе им бидат потребни големи листови хартија и маркери, ако наставникот се одлучи за тоа. |
Метод | Индивидуална работа и работа во мали групи. Пленарна дискусија. |
Часот
Учениците формираат групи од по четири или пет. На секоја група ѝ е потребен лист хартија и пенкало.
Наставникот објаснува дека тој/таа ќе им постави бројни прашања на кои учениците мора да одговорат со „да“ или „не“. Во подготовка на тоа, учениците се замолуваат хоризонтално да ги напишат буквите од А до Њ, по азбучен ред, оставајќи доволен простор помеѓу нив. Наставникот може да го направи истото на таблата.
Пример Прашања: A Б В Г Д Ѓ …………………………………. Одговори: 1 0 1 0 1 ……………………………………… |
Потоа, наставникот поставува серија на прашања (од А до Њ) од листата А, а учениците ги запишуваат индивидуално нивните одговори, во форма 1 („да“) или 0 („не“). Наставникот им кажува на учениците дека дури и да се двоумат за некој од нивните одговори, од нив се очекува да го запишат одговорот за кој мислат дека е најточен.
Листа A | Листа Б |
А. Дали си жена? Б. Дали имаш посетено повеќе од една странска земја? В. Дали ти се допаѓа да учествуваш во некој спорт? Г. Дали свириш на музички инструмент? Д. Дали имаш кафеави очи? Ѓ. Дали твоите баба и дедо се сеуште живи? Е. Дали носиш наочари? Ж. Дали ти се допаѓа да бидеш надвор во селска средина? З. Дали си ти повеќе тивка личност? Ѕ. Дали си висок/а (повеќе од просечното?) И. Дали си вообичаено тажна личност (повеќе од просечното?) Ј. Дали лесно настинуваш? К. Дали сакаш патувања? Л. Дали ти се допаѓа одењето на фризер? Љ. Дали ти се допаѓа работата на компјутери? М. Дали се плашиш од височини? Н. Дали повеќе ти се допаѓа кафеаво отколку сино? Њ. Дали сакаш цртање/сликање? |
A. Дали постојано се чувствуваш среќен/на? Б. Дали имаш нокти на твоите прсти? В. Дали си способен/на да размислуваш малку повеќе? Г. Дали те роди мајка ти? Д. Можеш ли да леташ без да користиш опрема (како што може птицата)? Ѓ. Можеш ли да живееш без да пиеш нешто? Е. Дали дишеш? Ж. Дали постојано живееш под вода? З. Дали имаш некакви чувства? Ѕ. Дали твојата крв е зелена? И. Дали некогаш имаш паднато? Ј. Можеш ли да гледаш низ ѕидови? К. Можеш ли да комуницираш со другите? Л. Дали ти се допаѓа убаво време? Љ. Дали повеќе сакаш да не запознаваш луѓе? М. Дали имаш јазик? Н. Можеш ли да одиш врз вода (како што можат некои инсекти)? Њ. Дали понекогаш се чувствуваш уморно? |
Наставникот повикува по еден претставник од секоја група да ги запише нивните одговори од листата А на таблата. Потоа, наставникот ги замолува учениците да погледнат во дадените одговори и накратко да ги споредат со сопствените одговори. Дали тие гледаат разлики помеѓу одговорите? Можат ли тие да сумираат некои од разликите помеѓу нив?
Потоа, наставникот ги замолува учениците да одговорат на наредната серија прашања, овој пат земени од листата Б. Повторно, по еден претставник од секоја група ги запишува нивните одговори на таблата, под буквите од азбуката.
Зошто, овој пат, речиси и нема разлика помеѓу групите? Наставникот потоа ги замолува учениците, ако можат, да додадат повеќе работи кои им се заеднички на повеќето од нив.
За продолжената активност, наставникот ѝ дава на секоја група голем лист хартија и маркер. Нивна задача е следново:
- Најди три примери, секој со ситуации, каде што е пријатно да се биде сличен со другите луѓе. Наведи ги причините зошто мислиш дека е пријатно да се биде сличен.
- Најди три примери, секој со ситуации, каде што е пријатно да се биде различен од другите луѓе. Наведи ги причините зошто мислиш дека е пријатно да се биде различен.
Ако е потребно, наставникот покажува како мисловната рамка дава структура на резултатите на учениците.
Ситуации каде што е пријатно да се биде сличен | Зошто? |
a) | a) |
б) | б) |
в) | в) |
Ситуации каде што е пријатно да се биде различен |
Зошто? |
a) | a) |
б) | б) |
в) | в) |
Потоа, наставникот ги замолува групите да најдат по три примери на ситуации, во кои не е пријатно да се биде различен од другите. И повторно, тие треба да дадат причини зошто мислат дека ова би можело да биде случај. Каков вид на чувства создава тоа?
Ситуации каде што е непријатно да се биде различен |
Зошто? |
a) | a) |
б) | б) |
в) | в) |
Потоа, наставникот ги прашува учениците кои групи на „различни“ луѓе понекогаш се лошо третирани и од кого.
Групи на луѓе кои понекогаш се лошо третирани |
Од кого? |
a) | a) |
б) | б) |
в) | в) |
Наставникот ја замолува секоја група да ги презентира нивните одговори. Одделението понатаму ќе истражува кои права можат да бидат прекршени во презентираните случаи. За таа цел, на групите им се дава копија од материјалот за учениците 5.2: Листа на човекови права.