Час 2: Приказната на Весна
Living Democracy » Textbooks » Живеење во демократија » Прв дел: Поединецот и заедницата » ТЕМА 2: Рамноправност » Час 2: Приказната на ВеснаКако би реагирале, ако ова требаше нам да ни се случи?
Цел на учењето | Учениците стануваат свесни за предрасудите и дискриминацијата во општеството. Учениците се способни да го сфатат гледиштето на жртвите на дискриминацијата. Учениците се способни да реагираат во ситуации на дискриминација. |
Задачи за учениците | Учениците дискутираат случај на дискриминација и го споредуваат со ситуацијата во нивната земја. |
Материјали | Копии од материјалот за учениците 2.1. (со прашања) за секој ученик. |
Метод | Групна работа базирана на текст. |
Концептуално учењеДискриминацијата е распространета форма на однесување во општеството. Во дискриминацијата не е вклучена само власта, туку и многу други тела и поединци, исто така. Со започнувањето на една вистинска приказна за дискриминацијата, часот им дава можност на учениците да го искажат нивното однесување. |
Часот
Наставникот може или да ја прочита гласно копијата од материјалот за учениците 2.1 или да им даде по една копија на учениците и тие сами да си прочитаат.
Приказната на ВеснаВесна, една Ромка, кажува што ѝ се случило нејзе: „Видов оглас за работа, за работно место асистент за продажба, на излогот од една продавница за облека. Ним им требаше некој помеѓу 18 и 23 години. Јас имам 19, па влегов и ја прашав менаџерката во врска со работата. Таа ми рече да се вратам за два дена, бидејќи сеуште не аплицирале доволно луѓе. Се вратив два пати и секогаш ми беше кажувана истата работа. Приближно една недела подоцна, отидов повторно во продавницата. Огласот за работа сеуште беше на излогот. Менаџерката беше премногу зафатена да ме прими, но ми беше кажано дека празното работно место е пополнето. Откако заминав од продавницата, јас бев многу вознемирена така што замолив една пријателка, која не е Ромка, да оди и да праша за работата. Кога таа излезе надвор, рече дека ја замолиле да отиде на интервју во понеделник.“ |
Откако сите ученици ќе ја слушнат или прочитаат приказната, наставникот ги дели учениците на групи од четири или пет и ги замолува да дискутираат за следните прашања (материјалот ги вклучува и овие прашања; ако наставникот усно ја презентира приказната, тој/таа би требало да ги запише прашањата на таблата или на флип чарт):
- Како би се чувствувал/а ако ти се случеше тебе тоа што ѝ се случи на Весна? Како би реагирал/а ако твојот пријател/ка ти кажеше дека е повикан/а на интервју?
- Што мислиш, зошто менаџерката на продавницата се однесуваше на овој начин? Дали ова го сметаш за форма на дискриминација? Зошто (или зошто не)?
- Што би можела Весна да стори за тоа? Дали мислиш дека таа би можела да ја промени ситуацијата? Што би направиле другите луѓе да се на нејзино место?
- Дали очекуваш законот да стори нешто за ваква ситуација? Што би требало да вели законот?
- Дали би можело ова истото да се случи и во твојата земја? Ако може, кои групи би биле засегнати?
Наставникот ги прашува групите за нивните почетни одговори на прашањата. Ова може да се направи со прашување на секоја група по едно прашање или прашување на групите за кратки одговори на повеќе од едно прашање.
Потоа, наставникот им кажува на учениците дека приказната на Весна, всушност, се случила пред повеќе од една деценија, а подоцна, кога била запрашана за причината за нејзиното однесување, менаџерката на продавницата рекла:
Одговорот на менаџерката„Јас почувствував дека на Весна ќе ѝ биде тешко да работи овде, поради далечината, поради која ќе требаше да патува до работа секој ден. Тоа би било патување од осум километри со два автобуса. Водењето на продавницата би станало тешко, ако персоналот секогаш доцни. Јас повеќе би сакала да вработам некого од оваа област. Лицето кому му ја дадов работата изгледа сосема во ред.“ |
Наставникот им кажува на учениците дека Европската конвенција за човекови права (член 14) го констатира следното: „Уживањето на правата и слободите, четвртата група во оваа конвенција, ќе се обезбеди без дискриминација по секоја основа, како што е пол, раса, боја, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, здружување со националните малцинства, имот, раѓање или друг статус“; а член 2, од Универзалната декларација за човекови права, вели: „Секому се дадени сите права и слободи, четвртата група во оваа декларација, без разлика на секаков вид, како што е раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, имот, раѓање или друг статус.“
Наставникот, потоа, ги прашува учениците што значат овие текстови во врска со ситуацијата на Весна. За крај на часот, наставникот им кажува на учениците како заврши приказната на Весна во реалноста.
Заклучок за приказната на Весна„Весна го изложи нејзиниот случај до специјален европски суд, кој го применува законот за дискриминација. Судот се согласил дека таа била дискриминирана. Неколку други луѓе, кои живееле подалеку од продавницата, биле испрашувани. Девојката, која ја добила работата, имала само 16 години, бела девојка и живеела на иста далечина од продавницата, како и Весна. Продавницата морала да ѝ даде пари на Весна за повреда на нејзините чувства.“ |
Како следна активност, наставикот ги замолува учениците да напишат писмо до менаџерката на продавницата или до градоначалникот на градот. Тој/таа им помага да напишат и писмо од личен аспект и од аспект на Европскиот суд за човекови права. Важно е дека целото одделение би требало да ги види овие писма, па и дискусијата би можело да се одвива надвор од редовните училишни часови.